Водечкиот руски произведувач на автомобили Автоваз вчера ја произведе последната лада самара со пет врати, соопшти прес центарот на компанијата.
Агенцијата Standard & Poor’s го намали кредитниот рејтинг на Европската унија од најдобар кредитен статус AAA на AA+.
Британската фармацевтска компанија GlaxoSmithKline ја укинува праксата да им дава хонорари на лекарите за промоција на нивните производи, а наскоро ќе го укине и исплаќањето на бонуси по бројот на препишани лекарски рецепти.
Да се забрани увоз на клонирана стока и продажба на храна од вакви животни, како и вршење на клонирање на животинските фарми бара Европската комисија. ЕК не бара рестрикција на производи добиени од потомците на клонирани животни.
Ирска стана првата земја од еврозона која излезе од меѓународната програма за помош, но животот на граѓаните нема да се промени од денес до утре, изјави премиерот Енда Кени.
Германската банкарска регулаторна агенција Bafin побара документи од Deutsche Bank во рамките на истрагата за наводни манипулации со цените на злато и сребро, пишува Financial Times.
Според ЕК, проблемот со Јужен тек е тоа што сегашните договори со одделни земји ги кршат европското законодавство, бидејќи не даваат пристап до гасоводот на други добавувачи и има проблем со формирањето на цените.
Изборот на официјален симбол е дел од напорите да се поттикне употребата на рубљата во меѓународната трговија и да стане интернационално препознатлива.
BMW i3 изгледа како парче мебел од Икеа, изјави Франц фон Холцхаузен, шеф на дизајнерскиот тим на Tesla Motors во интервју за германскиот магазин Autobild.
Најголем дел од инвестицијата ќе биде употребен за опоравување на производството во Италија, а главна цел е да се подобрат резултатите од продажбата во Европа, каде оваа групација работи со загуба.
Централниот аеродром Сиудад Реал, 200 километри јужно од Мадрид, чија изградба чинеше 1,1 милијарди евра и стана симбол на залудно фрлање пари, сега се продава за минимална цена од 100 милиони евра.
Шведскиот текстилен гигант H&M порача дека ќе ги зголеми цените на своите производи за да обезбеди повисоки плати за работниците кои работат во посиромашните земји во светот.
Турски брендови имаат за цел да дојдат до бројка од 20.000 продавници во светот до 2023 година, а вредноста на извозот да стигне до 20 милијарди долари, изјави претседателот на Обединетата асоцијација на брендови (БМД), Хисејин Доган, пишува Заман.
Дури 20.000 пријави испратени во два дена, за 400 слободни работни места во шведската компанија Икеа го срушија серверот на компанијата во Шпанија, поради што процесот на вработување беше стопиран.
Руската компанија Газпром, по реакцијата на Европската Комисија за изградбата на Јужниот тек, соопшти дека спроведувањето на проектот ќе продолжи според планот и во потполна согласност со локалните закони и меѓународните стандарди
Германскиот производител Daimler соопшти дека неговата подружница Mercedes-Benz, во ноември забележала нов продажен рекорд од 133.441 возила.
Во Русија почна продажбата на YotaPhone, паметен телефон со двоен екран, зад кој стои руската компанија Yota Device.
Европската Комисија ќе поведе постапка против земјите членки на унијата Бугарија и Унгарија доколку не дојде до измена на договорот кој овие две држави го потпишаа со Русија за проектот Јужен тек.
Феноменот се шири и надвор од традиционалните "велосипедски престолнини" во северна Европа, како што се Амстердам и Копенхаген. Велосипедите се повеќе ги заменуваат автомобилите и во јужна Европа.
Европската комисија казни осум банки со вкупно 1,7 милијарди евра поради формирање на илегални картели за да можат да делуваат врз висината на каматните стапки.
Германските власти вчера спроведоа рација во Commerzbank, во седиштето во Франкфурт и околу 40 филијали во земјата, поради сомневање дека неколку стотини нејзини клиенти затаиле данок преку полиси за животно осигурување.
Европскиот регулатор за финансискиот пазар (ЕСМА) ги критикуваше агенциите за оценка на кредитниот рејтинг поради бројните неправилности во процесот на одредување на кредитната способност на земјите.
Шведскиот произведувач на автомобили SAAB од денеска повторно започнува со производство на автомобили.
Холандија го загуби врвниот кредитен рејтинг ААА, откако американската бонитетна агенција Standard & Poor’s го намали на АА+.