И сега странците можат да купуваат земјиште во Бугарија, но треба да регистрираат фирма во земјата и да купуваат парцели на името на правното лице.
Италијански Фиат ќе инвестира скоро една милијарда евра во Торино во фабриката Мирафиори, каде ќе го произведува моделот Масерати 4х4.
Минатата година во Германија се регистрирани само 4.321 нови електромобили, а голем процент од тој број се хибриди, машини кои работат на струја и на бензин. Една од причините за слабата продажба е недостатокот на широка мрежа на станици за полнење.
Иако се очекуваше дека хотелите, рестораните и кафулињата ќе ги подигнат цените во текот на Евробаскетот, според најавите на словенечките медиуми, некои од нив дури се подготвени да ги намалат цените на пијалоците за да привлечат што повеќе навивачи.
Компанијата Бритиш Телеком го укинува пристапот до интернет преку dial-up врска, а овој потег го објаснува со тоа што повеќето корисници во Британија имаат пристап до широкопојасен интернет.
Германското министерство за труд им забрани на менаџерите да им се јавуваат или да им праќаат електронска пошта на вработените по завршувањето на работното време, освен во итни случаи, за персоналот да се заштити од “прегорување”.
Американскиот интернет гигант Yahoo и официјално потврди дека ќе ја затвори филијалата во Швајцарија и активностите ќе ги пресели ви канцелариите во Лондон и Даблин.
Одборот за пазарна конкуренција на Турција одлучи да почне истрага во националниот авиопревозник Turkish Airlines, по жалбата поднесена од страна на ривалскиот Pegasus.
Австриската банка Хипо Алпе Адриа објави дека во првите шест месеци од оваа година работела со нето загуба од 859,8 милиони евра, поради што ќе им биде потребна нова инјекција од државниот буџет.
Плановите на Турција да ги приватизира патарините и мостовите преку јавна понуда ќе бидат завршени во првиот квартал на 2014 година, ако сите бирократски процеси се одвиваат како што е планирано.
Францускиот врховен административен суд ја укина спорната одлука на владата за забрана на продажбата на последните модели на Мерцедес поради закани за животната средина.
Француската банка Societe Generale планира да го финализира планот за намалување на 700 работни места во седиштето во Париз со тоа што ќе поттикне 420 работници доброволно да си заминат.
Внатрешниот долг на Бугарија продолжува да расте и на крајот на првото полугодие достигна 37,5 милијарди евра, покажува последната статистика на Централната банка. Во оваа бројка влегуваат внатрешните обврски, како на државата, така и на бугарските фирми и банки.
Не станува збор уметничко дело ниту рекламна кампања, туку обид да се намали емисијата на јаглерод диоксид во урбаните подрачја.
Според италијанскиот весник Sole 24 ore, преговорите се веќе во тек. Двете компании се уште не се огласиле по повод оваа вест, но весникот наведува дека нивни високи претставници веќе имале неколку состаноци.
Старите железнички пруги кои не се користени најмалку десет години, ќе станат велосипедски патеки. Италијанскиот регион Пиемонте одлучи да започне иновативен и единствен туристички проект, прв од таков вид во Италија.
Шведскиот производител на автомобили Saab се враќа во игра. Две години по банкротот и прекинот во производството, новиот сопственик и официјално најави почеток на производство на моделот saab 9-3.
Во обид да се намали ризикот од налетување на птиците, во Норвешка започна експеримент во кој неколку турбини ќе се обојат со црна боја.
Прехранбената компанија Нестле отвори нов погон во фабриката за замрзнати пици Вагнер во Нонвајлер, Германија. Во погонот се инвестирани 50 милиони евра и отворени се 50 нови работни места.
Волво, кој е сопственик на Рено Камиони (Renault Trucks), објави дека го прекинува договорот за производство во Турција и дека новата палета на Рено камиони ќе се произведува во Франција.
Профитот на третиот по големина произведувач на пиво во светот изнесува 639 милиони евра, за разлика од минатата година, кога во првите шест месеци беше забележан профит од 766 милиони евра.
Властите на Европската унија забранија увоз на скуша и харинга од Фарските острови и објавија дека ќе забранат пристигнување на фарски бордови во европските пристаништа.
Ланецот ресторани за брза храна McDonald's во Бугарија и официјално има нов сопственик, откако Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) ја одобри зделката со Kingsbury Corporation.
Новата унгарска авиокомпанија Sólyom од следниот месец почнува со првите чартер летови, а со редовни линии од октомври, изјави генералниот директор на компанијата, Јожеф Ваго.