Студентите по информатика и од други технички факултети имаат можност да се запознаат со понудите за вработување или за пракса во компании од техничките сектори, кои се претставуваат на 10. Саем за вработување и кариера (Job Fair 2014).
Друштвата за осигурување во Македонија во 2013 година исплатиле бруто износ на штети од 2,96 милијарди денари, што во споредба со 2012 година, кога по тој основ биле исплатени 3,01 милијарди денари, претставува пад од 1,81%
НЛБ Тутунска банка во периодот од 10 март до 31 мај 2014 година спроведува промотивна кампања за сите кредити за физички лица.
Министерот за странски инвестиции Џери Наумоф заедно со директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони Виктор Мизо престојуваат во Италија каде ќе ги презентираат поволностите за инвестирање.
Со симболично означување на тргувањето со удирање на ѕвоното во Македонската берза од страна на најдобриот ученик во Средното економско-правно училиште Васил Антевски – Дрен од Скопје денеска ќе започне одбележувањето на Глобалната недела на пари.
Германската компанија Маркард ќе почне со изградба на својот капацитет кај Велес во април или мај годинава. Планира да ја заврши изградбата до март следната година, а производството да почне во јуни 2015 година.
РобоМак меѓународниот натпревар за роботика, програмирање и вештачка интелигенција го организираа ИЕЕЕ – ЅБМ, ЕЕСТЕК ЛК Скопје и СПФЕИТ, а домаќин беше Факултетот за електротехника и информациски технологии.
Во Македонија 32% од компаниите се основани од жени, што е над просекот во Европската унија. Бројката на жени кои се на менаџерска позиција се некаде од 5% до 7%, а од вкупниот број вработени во земјава 39,5% се жени.
Драгана Чифлиганец, извршниот директор на градежната компанија Адора Инженеринг, е добитник на признанието ДАМА во градежништвото за посебен придонес во градежништвото и уривање на стереотипите.
Народната банка на Република Македонија му издаде согласност за вршење микроплаќање на операторот Т-Мобиле Македонија АД Скопје.
Околу 50.000 градежни парцели кои се уште немаат утврдено сопственички права, во следниот период ќе бидат запишани во Агенцијата за катастар на недвижности.
Охридско-струшкиот регион, кој е на прво место според рангирањето кое го изврши ФДИ магазинот (Financial Times Ltd) е најповолен за инвеститорите во Европа. На ранг листата на високо место котираат и Скопскиот и Штипскиот регион.
Сојузот на тутунските здруженија на барање на Државниот земјоделски инспекторат направи списоци со бројот на тутунари и количествата тутун кои се јавуваат како вишок од ланската реколта тутун.
Т-Мобиле воведе нова понуда со која сите припејд корисници добиваат неограничен интернет во период од една недела, со секое дополнување на ваучер.
Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната цена на еден метар квадратен станбена површина во 2013 изнесува 46.825 денари, што е за 6,2% помалку во однос на 2012.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во февруари 2014 година, во однос на претходниот месец, изнесува 99.9, а индексот на цените на мало 99.5.
Министерот за странски инвестиции Џери Наумоф за време на неговата посета на Торонто, Канада, се обрати на Форумот Инвестициски можности за бизнис во Југоисточна Европа.
Вип оператор денеска под мотото Oбликот на иновацијата, за прв пат на македонскиот пазар го претстави првиот флексибилен смартфон со заоблен екран LG G Flex, кој ексклузивно и единствено е достапен во продажната мрежа на Вип.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во јануари 2014 година, во однос на јануари 2013 година, изнесува 106.5.
Покрај гарантираните каматни стапки за првите пет години, Банката на клиентите им нуди значително олеснување - 0 денари за административни и трошоци за процена.
Над 200 чамци кои се користат на езерата во државава кои не се впишани во регистарот на пловни објекти ќе може да се легализираат до 3 септември годинава.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2014 се издадени 140 одобренија за градење. што е за 22,7% помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Македонија и Албанија трошат речиси двојно повеќе енергија од европскиот просек, соопшти локалната Агенција за развој од Струга. Просечната потрошувачка на електрична енергија по домаќинство во двете земји е четири пати поголема од просекот на Европската унија.
Во Струмица денеска ќе се одржи работна средба за подобрување на дијалогот и зацврстување на кооперантските односи на преработувачите со добавувачите на суровини – примарните земјоделски производители.