Според податоците на Државниот завод за статистика, во февруари 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски за 0,5% на месечно ниво, односно за 2,6% на годишно ниво.
Заклучно со 12-ти март оваа година, Винарската визба Сковин ги подмири сите обврски кон своите добавувачи на гројзе, како кон индивидуалните лозари така и кон компаниите.
Компанијата Алкалоид АД – Скопје ги доби сите интегрирани еколошки дозволи - А за усогласување со оперативниот план.
Компании од Бурса, град со огромни економски перформанси, 25 индустриски зони, 4.000 фабрики и 6 милијарди долари извоз од секоја зона, се заинтересирани за соработка со македонски стопанственици.
Саемот за вработување и кариера – Job Fair, кој има за цел да им овозможи на студентите да стапат во директен контакт со работодавците ќе се одржи денеска и утре на Градежниот факултет во Скопје.
Во јапонската Канцеларија за врски во Скопје денеска ќе бидат потпишани грантови за реализација на проекти од четири корисници од Македонија, вредни 245.000 евра, неповратни средства.
Годишна даночна пријава и Годишен даночен биланс за персонален данок на доход до Управата за јавни приходи ќе може да се поднесе до понеделник, 17-ти март.
Мобилниот оператор ВИП донираше 1.200 парчиња различен вид постелнина вредна 490.000 денари на Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле.
Компанијата Жито Велес денес одбележувa 25 години постоење. Генералниот и извршен директор Далибор Ѓошевски најави голем број активности и изненадувања.
Македонски Телеком достигна покриеност од над 100.000 домови со оптичка мрежа на крајот на 2013 година, што е раст од 40% за петнаесет месеци.
Сите правни лица од Охрид кои имаат намера во иднина да поставуваат урбана опрема пред своите локали и објекти, надоместоците и обврските за закуп и комунална такса ќе ги плаќаат по пониски цени, утврдени со новата Програма за поставување на урбана опрема.
Можностите за инвестирање во Македонија во следните три дена ќе бидат претставени на бизнис форум и пред компании во Милано, Тренто и Асти.
Млеко - преработувачката индустрија бележи позитивни резултати. Државните мерки за поттикнување на сточарството направија да се зголеми бројот на овци и млечни крави, а стабилната откупна политика ја врати довербата помеѓу фармерите и преработувачите.
Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на вкупниот откуп и продажбата на земјоделски производи во јануари 2014 година изнесува 1.321.155 илјади денари, што претставува зголемување од 47,2% во споредба со јануари 2013 година.
Околу 32% од грозјето откупено минатата година е исплатено, а бидејќи последниот законски рок за исплата на родот на лозјата обран лани е крајот на април, во секој момент очекуваме да стартува ударниот шпиц во исплатата на грозјето
"Нема да биде погрешно доколку кажеме дека интернетот претставува основа за креирање на еден економски поредок во светот, кој настана како резултат на примената на компјутерските, телекомуникациските и мултимедијалните технологии"
Руската федерација доделува 60 стипендии за македонски студенти за додипломски, магистерски, специјалистички и докторски студии.
Околу 212 македонски компании од 1 април годинава ќе треба да одлучат на која од досега шесте лиценцирани компании ќе ѝ го доверат снабдувањето со електрична енергија.
Според статистичките податоци, во 2012 година Македонија ја посетиле 351.359 странски туристи, а во 2013 година оваа бројка се зголемила за над 15%. Зголемен е и бројот на ноќевања на странските туристи во земјава.
Меѓу приоритетите на Асоцијацијата ќе биде и развојот на винската култура во земјата. Асоцијацијата се очекува да профункционира веднаш по регистрирањето.
Конференцијата е наменета за сите компании на македонскиот пазар, особено за извозно ориентираните. Тема на настанот е Моќта на современиот маркетинг.
Денеска во Скопје ќе се одржи италијанско - македонски бизнис форум на кој ќе присуствуваат 30 италијански и 40 македонски компании, од секторите инфраструктура, градежништво и енергетика.
До јуни годинава Дoјран ќе добие нови плажи и рекреативна патека, со што ќе се зголеми туристичката понуда, најави денеска министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески при посететата на локацијата каде се во тек градежни активности за изградба на рекреативна патека
Бензините и екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ се намалуваат за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.









