Томе Тасевски, ко-сопственикот на стоматолошката поликлиника Ендомак, е добитник на наградата за најуспешен претприемач на мало претпријатие, а Ислам Рамизи, ко-сопственик на градежната фирма Монтеко, е најдобриот претприемач на микро претпријатие.
Македонската софтверска компанија iVote е победник на Европскиот инвеститорски натпревар, European Venture Contest (EVC) 2013, кој се одржа во Дизелдорф, Германија.
Општина Штип, преку Јавното претпијатие Штип проект направи измена на Детален урбанистички план за да вметне нова градежна парцела за изградба на индустриски капацитет во кој ќе се произведуваат автобуски каросерии.
Ресорниот министер и претставниците на невладините организации заклучија дека за загаденоста не треба да се зборува само кога состојбата е лоша, туку во текот на целата година и дека треба да се направи стратегија за да не се повторува состојбата, како и да се работи на подигање на свеста кај граѓаните.
Фида истакна дека се работи за италијанска компанија која произведува композитни материјали, две компании од автомобилската индустрија од САД и Турција, една турска текстилна компанија, како и две англиски компании за консалтинг и ИКТ.
Домашни инвеститори од скопскиот и јужниот регион се најзаинтересирани за реализација на браунфилд инвестиција. Најголем е интересот за инвестиции во Гевгелија и Струмица.
Изводите од матичните книги на родени, умрени, венчани, уверенијата од матичната евиденција, како и уверенијата за слободна брачна состојба и плаќањето на надоместоците за склучување на брак, граѓаните ќе можат да ги платат со Маестро, Мастер, Виза, Виза Електрон, како и други платежни катрички кои се користат во домашна употреба.
Со понудата, нов корисник може да проба Optic пакет два месеца без доплата, како и да гледа бесплатни ТВ канали во висока резолуција на MaxTV.
Од утре, па се до крајот на февруари следната година ќе трае новиот проект Отворени денови на агенциите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, за храна и ветеринарство и за поттикнување на развојот на земјоделството.
На првото извлекување кое ќе се одржи на 30-ти декември во 20 часот на МТВ, ќе биде доделено Пежо 208, еден стан во Аеродром од 52 метри квадратни, дуќан од 30 метри квадратни
Во рок од пет дена, беа изготвени 1.003 програми за земјоделските стопанства, од кои 129 деловни планови беа испратени до Платежна агенција.
Нов продажен салон на единствената фабрика во Македонија за производство на мебел од 100% природна телешка кожа и штоф, Elitte SOFA, беше отворен во петокот во Визбегово.
Вкупно 162.000 семејства или лица до сега поднеле барање за откуп на дворното место за едно евро за метар квадратен.
Оваа година пристигнати се 402 апликации до Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, за разлика од минатата година кога беше објавен седмиот повик и имаше само 120 апликации.
Традиционално и оваа годинава ќе се одржи манифестацијата Претприемач на годината, чиј мотив е да се наградат најдобрите мали и микро претпријатија и да се промовираат успешните претприемачи во Македонија.
Оваа четврта кредитна линија е за да се продолжи поддршката на приватниот сектор, да се зголеми нивната ликвидност, да се отворат нови работни места и да се подобри извозот.
Во Македонија се создава околу 110.000 тони амбалажен отпад, а само околу 40 - 45% се пријавува кај колективни управувачи со отпад од страна на производителите.
Трибините се одржани во 10 населени места, однсно Корошишта, Радожда, Мислешево, Октиси, Луково, Биџево, Драслајца, Мороишта, Враништа, Ложани, а беа информирани 123 земјоделски производители.
Во буџетот за 2014 година се предвидени капитални инвестиции од 365 милиони евра и околу 150 милиони евра за изградба на патна инфраструктура.
Денеска во Јавното претпријатие Македонски железници Инфраструктура ќе биде потишан договор за градежни работи за реконструкција на железничката делница Куманово - Белјаковце на Коридорот 8, во должина од 30 километри
Летот ќе го реализираат авиокомпанијата Германија и воздушниот оператор Ер Приштина.
Скопскиот аеродром Александар Велики од ноќеска повторно е затворен за сообраќај.
Советот на доверители одлучи, велешката фабрика за цигли Киро Ќучук да не се рестартира
Македонската Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и босанската Канцеларија за хармонизација, координација на системот за плаќања во земјоделството, храната и руралниот развој ќе ја унапредуваат соработката во процесот за пристапување на државите кон Европската унија.