Руската компанија Продис донираше новогодишни пакетчиња и производи од својот асортиман за децата од Домот за деца без родители 11 Октомври.
Денеска ќе започнат градежните работи за ремонт на железничката делница Ногаевци-Неготино на Коридорот 10, на Железничката станица Градско на пругата Велес-Гевгелија.
Динерс Клуб Македонија донираше опрема и производи за секојдневна употреба која е неопходна за децата во Дневниот центар за деца на улица.
Царинската управа денеска ќе додели одобрение за овластен економски оператор, што ќе и овозможи на компанијата сама да го врши царинењето.
Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) е првата институција во Македонија која се стекна со CAF стандард и сертификат за ефективен CAF корисник.
Во Секторот рударство во 2013 година отворени се 530 нови работни места и се бележи зголемен раст од речиси 7% во однос на претходната година
ТТК Банка АД Скопје денеска прославува 20 годишнина од основањето на еден од нејзините претходници Тетекс Банка АД Скопје
Со поставувањето на новиот систем за размена на податоци компаниите веќе нема да мораат да ги доставуваат документите за увоз на стока издадени од Царинската управа во постапките за поврат на ДДВ во Управата за јавни приходи.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во септември 2013 година, во Република Македонија, бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија изнесуваше 582 984 МWh, што во споредба со истиот месец од претходната година претставува пад од 4,2%.
Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите во преработувачката индустрија ја оценуваат економската состојба на деловните субјекти во ноември 2013 година како непроменета во однос на претходниот месец, а како поповолна во однос на ноември 2012 година
Мерките за ослободување од работни обврски поради загадувањето на воздухот во скопскиот, кичевскиот, тетовскиот и битолскиот регион кое деновиве е над дозволеното за бремените жени и лицата над 60 години, и лицата болни од астма, без разлика на возраста, со препорака од матичен лекар, продолжуваат до петок
Драфт верзијата на договорот за стратегиско партнерство меѓу Прилепскиот тутунски комбинат и светската тутунска компанија Филип Морис, е испратена до Владата на Република Македонија на разгледување.
Даночните обврзници задолжително ќе треба даночниот биланс и извештаи пропишани од законот за пресонален данок на доход да ги достават по електронски пат до Управата за јавни приходи
Македонско-бугарската стопанска комора потпиша меморандум за соработка со Југоисточниот плански регион во рамки на проектот Регионален бизнис центар
Од денеска до 30 април 2014 година ќе трае натпреварот Кажи нешто, кој има за цел да ги поттикне младите во Македонија да ги употребуваат новите информатички технологии на практичен начин.
Висината на т.н. К-15 ќе изнесува најмалку 40 проценти од просечната нето-плата по работник исплатена во последните три месеци.
Посетата има за цел македонските фармери со фармерите од Албанија да разменат искуства за заедничките проблеми и искуства кои ги имаат во земјоделството, како и за развој на земјоделството како значајна регионална стопанска гранка.
Во организација на Пакомак, на конкурсот со наслов Отпад за уметноста, добитници на главните награди се макетите насловени како Мотор од авторот Дарко Базерко и Голум од гимназијата Никола Карев од Скопје.
Министерството за финансии и општина Маврово-Ростуше денеска потпишаа договор за финансирање на проектот Изградба на улично осветлување на две секции од регионалниот пат Маврово - Дебар во вредност од 6.426.634 денари
На трибината земјоделците беа запознаени со постапката за формирање на земјоделска задруга, нејзина регистрација, формите на здружување, како и начинот на окрупнување на обработливите површини.
На вчерашната седница на Комисијата за хартии од вредност, беше изгласано старо-новото раководство на Дирекцијата за работи со хартии од вредност и брокерско-посреднички услуги при Стопанската банка АД Скопје.
Агенцијата за вработување, вчера во Куманово, на отворениот ден за граѓаните, ја промовираше новата веб страна на која можат да се најдат сите понуди за вработување.
Од април 2014 година, нискобуџетната авиокомапнија Висер ќе воведе нов лет на релација Скопје-Келн.
Фановите од Фејсбук страната на мобилниот оператор ВИП, преку активности во периодот од 26 ноември до 13 декември придонесоа за унапредување на студентскиот живот во Скопје.










