Вечерва е првото извлекување на наградната игра Фискална во рака - награда без мака. Досега на адресата на Државната лотарија на Македонија се пристигнати повеќе од 500.000 пликови со фискални сметки.
Димовски за следната година најави дека Програмата за финансирање ќе изнесува околу 140 милиони евра, од кои 30 милиони евра ќе бидат насочени за развој на руралниот туризам.
Корисникот на продавницата ќе треба да склучи договор со најмалку 15 производители на вино за снабдување со вина и на полиците треба да изложи најмногу седум различни етикети од нивната понуда.
Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Румен Стаменов, информираше дека досега се откупени седум милиони килограми тутун по просечна цена од 156 денари за килограм или 17% од годинешната реколта.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во ноември 2013 година, во однос на ноември 2012 година, изнесува 103.1.
Според истражувањето во кое учествувале 2.003 испитаници, повеќе од една третина сметаат дека Македонија има добри можности за започнување на сопствен бизнис, но не би започнале бидејќи се плашат од неуспех.
Зголемен проток на луѓе и стока, како и поефикaсна работа на граничните служби ќе овозможи новиот реконструиран граничен премин Блаце, кој денеска беше пуштен во употреба.
Во 2014 година ќе се отпочнат разговорите за минимална плата, а исплаќањето на К-15 нема да ги оптовари буџетите на приватните компании, истакна денеска првиот синдикалец, Живко Митревски.
Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, во 2012 година, во рамките на структурните деловни статистики биле анализирани 53.907 деловни субјекти во кои биле вработени 334.042 лица.
Државниот завод за статистика, според своите податоци објави дека индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во октомври 2013 година, во однос на октомври 2012 година, изнесува 101.1
Досега во Македонија има 11 компании кои го имаат имплементирано ХАЛАЛ стандардот, а четири компании се во процедура за воведување.
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври 2013, изнесува 21.247 денари. Во октомври 2013 година, 1,3% од вработените во Република Македонија не примиле плата.
Компанијата ОКТА на деца, покрај новогодишни пакетчиња им подари и топли зимски елеци.
Во 2013 година донесени се два стратешки закони за консолидација на земјоделското земјиште и за здружување на земјоделците во земјоделски задруги.
Во светиниколското село Ерџелија денеска ќе биде промовирана првата демонстративна фарма за високомлечни овци од расата асаф. Грлата, вкупно 279, се увезени минатата недела од Шпанија.
Народната банка на Република Македонија очекува натамошното економско закрепнување да предизвика постепено јакнење на кредитната активност на банките насочена кон корпоративниот сектор.
Осумнаесет компании денеска добија опрема за собирање и рециклирање на средствата за ладење, преку Канцеларијата за озон, која е во склоп на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).
Претприемништвото - иднината на студентите, е новиот проект кој го организираат Стопанската комора на Македонија и Студенсткиот парламент на Универзитетот Св. Кирил и Методиј - Скопје.
Целта за одржувањето на трибината е да се реализира директна средба со земјоделците и бизнис заедницата од овој град на која ќе може да се дискутира за можностите и поволностите кои ги нудат програмите за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот равој.
Џонсон Конролос е првата компанија која денеска од Царинската управа доби одобрение за овластен економски оператор
Повеќе од 760 милиони евра се очекува да биде извозот што до крајот на годинава ќе го реализираат компаниите - инвеститори кои моментно работат во технолошко - индустриските развојни зони (ТИРЗ) Штип, Скопје 1 и Скопје 2.
Лидерот за производство на дискови за сопирачки во Турција, компанијата Менсан, донесе одлука да инвестира во Македонија.
Универзитетската Клиника за радиотерапија и онкологија од Скопје, по втор пат доби донација од фармацевтската компанија Плива.
Во првиот квартал од следната 2014 година, директорот на Дирекцијата на технолошки индустриски развјони зони, Виктор Мизо, очекува конечна одлука за инвестирање во Македонија да донесат 10-тина компании.