Компанијата Пекабеско донесе политика на дивиденда за период 2020 – 2027 година, според која компанијата нема да исплаќа дивиденда на акционерите во тој период за да им одговори на потребите за развој на компанијата и обврските кон кредиторите.
Во октомври 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се на исто месечно ниво и повисоки за 1,2% на годишно ниво.
Најголем број слободни работни места, односно 3.227 има во петтата група на занимања - Работници во услужни дејности и продажба.
Во првите шест месеци од оваа година, природните жестоки пијалаци од грозје и вино, во земјава се произведени 7.805 хектолитри.
Преку 550 субјекти се во портфолиото на Фондот за иновациии и технолошки развој во овие три години
Еден од заклучоците од годинашната конференција е фактот што е-трговијата и понатаму бележи континуиран раст во нашата држава, но ниското ниво на дигитални вештини го успорува дополнителниот развој на е – трговијата.
Монетарното злато во земјава, во октомври, беше 355.220.000 евра, што е за 1,3 милиони евра помалку во споредба со септември.
На одбележувањето на 2-ти ноември – Денот на даночните работници, НЛБ Банка се здоби со признание за висок степен на даночна култура во 2020 година од страна на Управата за јавни приходи.
Малиќи беше еден од најуспешните македонски бизнисмени, основач на Групацијата Малиќи.
На релацијата Скопје-Киев од шести декември (недела) се воведува редовна авиолинија.
Само во септември оваа година е регистрирано производство на 2.710 тони, додека еден месец претходно производството беше на ниво од 1.889 тони.
Просечната каматна стапка на вкупните кредити одобрени на корпоративниот сектор, во октомври оствари месечно намалување од 0,03 процентни поени (п.п.) и изнесува 3,77%.
Во текот на второто тримесечје од оваа година, од вкупно 159.623 невработени, 65.177 или 40,8% биле жени.
Вкупните средства на ОФИ, во третиот квартал на 2020 година, изнесуваат 134.095.000.000 денари и се повисоки за 3.513.000.000 денари.
На овој натпревар учествувале речиси сите средни училишта од земјата и биле изработени повеќе од 400 модели и модни додатоци.
Коморите порачуваат да не се брза со одлуката недела да биде неработен ден.
Последниот извештај на коалицијата на невладини организации за клима и енергија покажува дека Северна Македонија води во делот на енергетските и климатски амбиции во регионот.
На средбата, стана збор и за буџетот за 2021 година и планираните средства за идни мерки за справување со корона кризата.
Бројот на работници во индустријата во октомври оваа година, во однос на истиот период лани, е намален за 4,9%.
За време на Ковид пандемијата, во земјава се загубени околу 15.000 работни места, соопшти денеска министерот за економија, Крешник Бектеши, повикувајќи се на информациите кои доаѓаат од Агенцијата за вработување.
Првите производи што ќе бидат извезени од Северна Македонија во Катар се овошје и зеленчук, јагнешко месо и месни производи, традиционален македонски ајвар, сорти на сирење и здрави прехрамбени производи.
Во третото тримесечје од 2020 година, во споредба со второто тримесечје од 2020 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 1,8%.
Во третото тримесечје од оваа година, Државниот завод за статистика добил 357 извештаи за разведени бракови, што е зголемување од 8,5% во споредба со истиот период лани.
СКСЗМ ќе назначи лице кое постојано ќе биде во директен контакт со Министерството за економија со цел континуирана соработка, навремено и транспарентно информирање, како и пренесување на предлозите за подобри политики од двете страни.











