Една година претходно, загубата на компанијата изнесуваше 25.893.000 денари.
За време на конференцијата стартапите имаа можност да се поврзат со инвеститори и консултанти, да слушнат можности за разновидни финансирања и програми кои ги нудат PwC и останатите учесници.
Пастата за заби е спакувана во Colgate рециклирачка пластична туба.
Нашите услуги се наменети не само за оние кои веќе имаат основано сопствен бизнис и сакааат да го унапредат своето работење, туку и за оние кои сакаат да се охрабрат да започнат сопствен бизнис, стартапи и новоосновани фирми.
Висината на дивидендата бруто по акција ќе изнесува 2,33% од номиналната вредност, односно 72,223 денари бруто по акција.
Банкоосигурувањето како иновативно партнерство помеѓу банките и осигурителните компании е сè повеќе застапено во Македонија.
Австрискaта компанија Grazer Wechselseitige Versicherung Aktiengesellschaft AG (Grawe) од Грац, доби согласност да купи 75% од капиталот на Еуролинк осигурување.
Утре ќе бидат вратени седум милијарди денари, додека на осми овој месец, за кога нема предвидено аукција, ќе се вратат 1,1 милијарда денари.
Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска учествуваше на конференцијата на високо ниво Влијанието на енергетската транзиција врз нашите економии и финансискиот сектор – предизвици и можности.
Македонските винарии ја започнаа успешно 2020-та година со освојување на рекордни 42 награди на Mundus Vini.
Една година претходно, добивката на банката беше 2.746.346.000 денари.
Потребно е Западен Балкан да се промовира како заеднички пазар, а не земјите меѓусебно да се тркаат во привлекување на странски директни инвестиции.
Крајниот производ се алатки креирани од граѓаните за граѓаните.
Гласањето во изборот Златно Тркало за Најпосакуван автомобил во Македонија заврши во петокот на полноќ, по што се познати победниците во сите категории.
Пелагонискиот Регион има највисока стапка на слободни работни места којашто изнесува 2,08%.
Новата цена на Еуросупер БС – 95 ќе биде 64 денари за литар, додека Еуросупер БС – 98 ќе чини 66 денари. Еден литар Еуродизел (Д-Е V) поевтинува за 2,50 денари и ќе се продава за 56 денари за литар.
До 31 март оваа година на слободниот пазар со електрична енергија треба да излезат близу 2.500 правни субјекти, со што практично ќе се заокружи процесот на целосна либерализација.
Вкупниот износ на делот од добивката за иматели на обични акции се предлага да изнесува 1.253.486.850 денари, односно 550 денари по акција, што изнесува 55% од поединечната номинална вредност на акциите.
Нето приходот од провизии и од надоместоци, во износ од 334,2 милиони денари, како што се наведува, е зголемен за 18 милиони денари или за 5,7% во однос на минатата година и 6,3% над планираниот износ.
Владата им препорачува на организаторите на спортските настани, натпреварите во утврдениот период до шести март да се играат без публика.
“Да им дадеме само шанса, простор, време и ресурси на овие млади умови и само треба да ги следиме, ништо повеќе од тоа“.
Петте најголеми трговски партнери на земјава, во периодот јануари – декември 2018 година, се: Германија, Грција, Велика Британија, Србија и Бугарија.
Во четвртото тримесечје од 2019 година, во споредба со третото тримесечје од 2019 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се непроменети.
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашен пазар, во јануари оваа година, се повисоки за 0,5% на месечно и за 1,2% на годишно ниво.











