Сите физички лица на возраст од 18 – 28 години можат да освојат едно од 3-те патувања за двајца во Барселона, Шпанија, со платен авионски превоз, хотелско сместување за 4 ноќевања и џепарлак од 100 евра на Mastecard Debit картичката на добитникот.
Датум на имплементација на извршената ревизија, односно датумот од кој ќе отпочне да се пресметуваат индексите по новиот состав е 01.07.2019 година.
Меѓу говорниците на панел-дискусиите ќе бидат и гувернерката Ангеловска-Бежоска и министерот Тевдовски. Покрај дискусиите коишто ќе се водат заеднички меѓу сите учесници на настанот, во рамки на состанокот во Скопје ќе се одржат и повеќе билатерални средби и разговори меѓу претставниците на ММФ и СБ и на земјите членки на Холандско-белгиската конституенца.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во мај 2019 година изнесува 69,6 % од нормалното искористување.
Пред околу 50-тина години, на тогашниот електро-машински факултет, своето образование успешно го завршила првата генерација електроинженери.
Анализата на извозните бројки покажува генерален раст на извозот во сите под-категории и од сите видови производи.
Во делот аутпут, во мај 2019 година, во споредба со мај 2018 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 93.4, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 100.9.
Банката за првпат стана чувар на имот на пензиски фондови регистрирани во државава во 2009 година и сега ја продолжува традицијата на соработка и придонес во развојот на пензиските фондови.
Единствено мало зголемување бележи цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, којашто се зголемува за 0,50 ден/лит и со тоа изнесува 67,00 ден/лит.
Прилепска ја слави 40 годишнината на Пепси во Македонија со десетици високи признанија од ПепсиКо групацијата.
Фич нотира дека рејтингот ББ+ е поддржан од историјатот на кохерентна макроекономска и финансиска политика, како основа на долготрајниот фиксен девизен курс, како и подобрите индикатори за владеењето и човечкиот развој отколку споредливата група на други слични земји.
Системот треба на општините и на инспекторатите директно да им помогне при мерење и при откривање на главните извори на загадувањето, по што општините ќе може да преземаат соодветни дејствија и мерки.
Со овие стории нашата јавност ќе има можност детално да ги запознае комплетните тимови кои учестуваа на Олимпијадата, како и потенцијалите, можностите и доживувањата на атлетите на олимписките игри и влијанието кое го имаат од нив.
Деловните субјекти кои се занимаваат со градежна дејност, во 2018 година, извршиле градежни работи во вредност од 29.320.988.000 денари.
Со годишно производство од над 1,8 милиони тони вино, Балканот се позиционира меѓу најзначајните вински региони во светот, веднаш по најголемите производители – Италија, Франција, Шпанија и САД.
Новите современи болнички кревети ќе бидат распределени согласно потребите на болниците од Виница и Кочани, и тоа 40 во Кочани и 10 во Виница, со што значително ќе се подигне квалитетот на здравствената услуга и ќе се олесни престојот на пациентите во овие здравствени установи.
Сите заинтересирани студенти кои немаат сè уште дипломирано на соодветниот факултет на кој студираат од областа на општествените науки, природно – математичките науки, техничко – технолошките науки и хуманистичките науки, да се пријават на јавниот повик.
Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска Бежоска учествуваше на првата од двете панел дискусии на 8. конференција на Европската централна банка.
Улогата на корпоративниот секретар е да се унапреди квалитетот на корпоративното управување во компанијата и да се почитуваат постојните корпоративни правила и политики.
Приливите во земјава се трикратно зголемени, најмногу поради инвестиции во автомобилската индустрија во рамки на технолошко индустриските развојни зони.
Народната банка спроведе редовна аукција за продажба на благајнички записи со примена на тендер со ограничен износ и фиксно утврдена каматна стапка од 2,25%.
Имате сопствен бизнис или сте директор на растечка компанија? Во тој случај не ја пропуштајте последната можност оваа сезона да ја запознаете заедницата на претприемачи на ЦЕЕД Македонија.
Бројот на туристи во април оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 2,9%, а кај бројот на ноќевања има пораст од 1,3%.
Растот на економската активност е поттикнат од домашната побарувачка, додека нето-извозот има мал негативен придонес.











