Оценето е дека овие состаноци придонесоа за продлабочување на соработката меѓу двете институции.
Во четвртото тримесечје од 2018 година, во однос на истиот период од 2017 година, вкупниот број превезени патници во патниот патнички превоз е зголемен за 2,3%.
Највисока стапка на слободни работни места има во секторот Преработувачка индустрија 2,34%, додека најмала е стапката во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, каде што изнесува 0,34%.
Во 2018 година компанијата остварила вкупна продажба од над 159 милиони евра и за прв пат извозот ја надминува бројката од 100 милиони евра, а во последните 20 години вкупните инвестиции на компанијата изнесуваат над 200 милиони евра.
Доделувањето на наградите и признанијата Создавачи за векови ќе биде одржана во Дубровник од 22-ри до 24-ти март оваа година.
Програмата ќе им помогне и поддржи младите во реализацијата на нивните решенија за решавање на социјалните проблеми од заедницата.
Винарската визба Попова кула, во перидот јануари – декември лани, прикажа вкупна сеопфатна добивка во висина од 115.000 денари.
Намалување на прометот е забележано во групата Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 0,8%, а реално за 0,9%).
Во четвртото тримесечје од 2018 година, во споредба со третото тримесечје од 2018 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 0,3%.
Стопанска банка минатата година ја заокружи со добивка вредна 2.746.346.000 денари, покажува билансот на успех.
Граѓаните и фирмите, без да го напуштат своето место на живеење/седиште, можат да ги добијат сите даночни услуги и информации преку мобилните шалтери.
Фустеларко Борец од Битола минатата година ја заврши со вкупна сеопфатна добивка во висина од 8.341.000 денари.
Од Извештајот може да се заклучи дека и во текот на минатата година централната банка успешно ги остваруваше програмските активности во рамки на стратегиските цели предвидени со Стратегискиот план за периодот 2018 - 2020 година.
Последен ден на тргување со право на дивиденда е 16.04.2019 година, додека прв ден на тргување без право на дивиденда е 17.04.2019 година. Датум на стекнување на право на дивиденда е 18.04.2019 година.
Предвидената продажба на акциите издадени од страна на Охридска Банка ќе биде извршена преку тендер во понуда за продажба составена во согласност и условена со одредбите и условите.
Ова признание Усје го добива за своите активности во спроведувањето на принципите на Глобалниот договор на Обединатите нации (UN Global Compact) во сите свои деловни практики.
Бизнис ангелите можат да одиграат клучна улога во просецот и оттука произлегува и потребата за зголемување на ваквиот тип на инвестиции.
Конзорциумот ЕВН Македонија АД Скопје и ЕВН Електроснабдување ДООЕЛ Скопје понуди најниска маржа од 11,5% и со тоа ги исполни условите да стане најповолен понудувач на електрична енергија.
Трите награди ќе бидат доделени на шестиот Регионален самит на претприемачи во Средна и Југоисточна Европа 300- те Најдобри во март, во Дубровник, Република Хрватска.
На Адора ѝ припадна за лидерската улога во изградбата и долгорочното унапредување на еко домовите и за воведување на зеленото домување во Македонија, за придонесот во изградбата на зелените градови.
Во Република Македонија, околу 40.000 нерегистрирани и неосигурани возила, активно учествуваат во сообраќајот на патиштата и претставуваат закана за безбедно одвивање на сообраќајот.
Одборот на директори на Македонска берза донесе Одлука за измени и дополнувања на Правилата за тргување на Берзата за која е добиена согласно до Комисијата за хартии од вредност.
Окта ја обележа 2018 година со подобрување на продажбата, главно поттикната од значителното зголемување на продажбата на странскиот пазар, додека успешно го одржа високиот домашен пазарен удел.
Во креирањето и реализацијата на активностите и платформите за одржлив развој, Пивара Скопје има долгорочен и стратешки пристап.











