Школите за родителство имаат за цел да спроведат обуки со примена на современи техники и со детално осмислена содржина, стручно водење и однапред утврдени распоред и динамика.
Отворена првата продавница во трговскиот центар Рамстор.
ТТК Банка АД Скопје останува да биде горд сведок на историјата на развојот на банкарскиот систем, особено во тетовскиот регион во кој, според документите, банкарството почнува да се развива уште во 1930 година.
Новиот назив на компанијата е Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје.
Апликацијата содржи избор од интерактивни едукативни активности на македонски јазик кои помагаат за развој на основните логички операции кај децата и ја поттикнуваат нивната креативност.
Последната светска економска криза уште еднаш ја потврди неопходноста од развиена комуникација и транспарентност и беше поттик за многу централни банки да обезбедат проактивен пристап во унапредувањето на својата транспарентност.
Запленетиот накит е од бело злато во комбинација со голем број на брилијанти, кој според наодот од страна на судски вештак, е квалификуван како ексклузивен златен накит со продажна вредност од околу 450.000 евра.
Бимилк забележа значителен пораст и во однос на извозните количини во регионот, а во 2018 година компанијата повторно ги отвори вратите и кон Црна Гора.
HIQ домот е наизглед многу обична куќа или стан, но опремена со “паметен“ систем, кој го исполнува секој ваш каприц, секоја желба на својот господар, како и мноштвото домашни обврски.
По пат на тајни купувачи и годинава е продолжена традицијата и беше избран најдобриот трговски објект во Скопје во рамки на проектот Месец на трговијата.
Први јануари 2019 година (вторник), Нова година, е неработен ден за сите граѓани на Македонијa.
Уредите со кои се врши аеросолизација се нарекуваат турбоатомизери, истите кои се користат за наводнување на земјоделските површини.
Леб со вкус на кајмак е новитет во палетата лебови на Жито Лукс.
Добар показател за ефектот што го имаат континуираните заложби за подигнување на свесноста е намалувањето на сообраќајни незгоди со фатални последици за 10% споредено со минатата година.
Во моментов на порталот за отворени податоци се објавени 111 податочни сетови, од 42 институции.
Таа е дефинирана како референтна каматна стапка на НБРМ за денарски депозити без валутна клаузула + маржа и не е повисока од највисоката законски дозволена висина на каматна стапка.
Кај градежништвото и понатаму се забележува негативен придонес кон вкупниот раст, но послаб во споредба со почетокот на годината.
Извлекувањата на добитниците се вршеа на секои две недели.
Новата цена за еден литар бензин Еуросупер БС – 95 ќе биде 61 денар, додека Еуросупер БС – 98 ќе се продава по 63 денари за литар. Дизелот (Д-Е V) ќе чини 58 денари за еден литар.
Освен поддршката за унапредување на образованието, рудникот редовно финансиски учествува во проекти за подобрување на инфраструктурата, социјалата и спортот во локалната заедница.
Субординираниот заем се квалификува како дополнителен Tier II капитал за банката и придонесува за зајакнување на капиталната позиција на банката.
Буџетот е планиран врз проекција на раст на БДП од 3,2% и инфлација 2%.
Реалните трошоци за храна по глава жител во Македонија се рангирани во групата земји со релативно ниска куповна моќ.
Стапката на сиромаштија на домаќинствата составени од двајца возрасни со две издржувани деца во 2017 година е 20%











