Измената е направена со цел да се овозможи прилозите кои корисниците ги поднесуваат како докази кон Пријавата за упис да се прикачат во типови на прилози со назив идентичен на документот кој се прикачува.
На првиот ден од отварањето на меѓународниот саем за туризам TTG Travel Experience Агенцијата за туризам и приватниот туристички сектор остварија повеќе од 60 бизнис состаноци со тур-оператори, медиуми, блогери и останати професионалци кои ги диктираат трендовите во туризмот.
Општо гледано, на седницата беше заклучено дека од намалувањето на каматната стапка во август па досега, не се забележани поголеми промени во трендовите кај показателите клучни за монетарната политика.
Наградната игра веќе започна, а истата е предвидено да трае сѐ до 31 декември, по што ќе биде извлечен добитникот на атрактивната награда Jeep Compass, како и дополнителни пет вредносни ваучери со износ од по 10.000 денари.
Документите се поднесуваат од 09.10.2018 година до 22.10.2018 година исклучиво по пошта, а за резултатите од Конкурсот кандидатите ќе бидат известени на домашна адреса и преку дневниот печат.
Во август 2018, во споредба со август 2017 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 6,7 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 3,2 %, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 1,4 %.
Членството го официјализираше Советот на Федерацијата на конференција во Малта, која се одржа од 4-ти до 7-ми октомври, каде ИМИ ја презентираше својата работа, како и целите и задачите што ги имаат младите инженери во оваа струкова институција.
Учесниците поминаа низ два циклуси обуки за развој на бизнис модел Канвас, експлицитно дизајниран за социјалните претпријатија, а како резултат на обуките, беа развиени вкупно 17 Business Canvas модели.
VISA VERO кредитните картички Банката ги издава со кредитен лимит во висина до 5 месечни плати, а овие картички се издаваат со можност за купување на рати без камата кај повеќе од 1.000 продажни места во државата и грејс период од 45 дена.
Чистењето на Градскиот парк е втора по ред еко-акција годинава во која учествуваат вработените во Македонски Телеком, како дел од долгорочната компаниска иницијатива #Telekom Goes Green.
Билетите се веќе во продажба преку онлајн сервисот мк тикетс и на билетарата на саемот на Мебел.
Оваа услуга на корисниците ќе им овозможи добивање на бесплатни известувања на мобилните телефонски броеви кои ги имаат доставено до Банката во рамки на контакт податоците.
На натпреварот се претставија 13 македонски старт-ап компании кои со свои решенија и иновации ги изненадија судиите, меѓу кои и главниот оперативен директор на берлинската стартап сцена Бетахаус.
Бројот на учесници беше двојно поголем од минатата година и 1.600 луѓе го исполнија Скопје и бул. Илинден со многу позитивна енергија.
Централниот регистар на Република Македонија ги известува своите корисници, дека денес 08.10.2018 со почеток во 12.00 часот па се до крајот на работниот ден, ќе се врши надградба на системите во Централниот регистар.
Покрај Деловниот центар на Банката, се работи и на целосно ребрендирање на нејзините експозитури и банкомати.
Во рамките на проектот, досега беа поставени 13- активни зони за жителите на Скопје, Охрид, Струмица, Тетово, Прилеп, Штип, Куманово, Гостивар, Кавадарци и Радовиш...
Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0,2 %, Алкохолни пијалаци за 1,5 % и Безалкохолни пијалаци за 0,4 %, додека намалување е забележано во групата Ноќевања за 0,3 %.
Откако пред неколку месеци ја имаше светската премиера, новиот адут на Ford во Ц-сегментот на возила, Ford Focus сега e достапен и за македонските купувачи.
Максимален CASH BACK во текот на еден месец изнесува 12.000 МКД.
Во моментов е отворен новиот повик за учесници во оваа програма и тоа за групата којашто ќе оди во Чикаго следната пролет.
Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснато-валаните производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.
Кругот во кој секој треба одговорно да се однесува е затворен и доколку една од алките затајува, целиот систем нема да функционира.
Од ЈСП потсетуваат дека во викендите и за време на државните празници, возењето со автобусот на линијата 25 е бесплатно за сите граѓани, а истото важи и за сродните лини 25А и 25Б, кои сообраќаат до Средно Водно, а тргнуваат од Стара железничка станица, односно од Дом на печат.











