Од ЈСП потсетуваат дека во викендите и за време на државните празници, возењето со автобусот на линијата 25 е бесплатно за сите граѓани, а истото важи и за сродните лини 25А и 25Б, кои сообраќаат до Средно Водно, а тргнуваат од Стара железничка станица, односно од Дом на печат.
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија е добитник на престижната награда Бренд Лидер 2018 за добрата промоција на најатрактивните дестинации на државата на меѓународниот пазар, а со тоа и големиот придонес кој го има дадено за јакнење на конкурентноста на туристичкиот пазар во целиот регион.
На саемот директно ќе се претстават околу 70 изложувачи со повеќе од 150 брендови од Македонија и од регионот (Србија, Косово, Италија, Бугарија).
По добиеното одобрение од Агенцијата за супервизија за капитално финансирано пензиско осигурување на Р.Македонија, Шпаркасе Банка Македонија стана депозитарната банка Чувар на имот на средствата на пензиските фондови КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд и КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд.
Централниот регистар на Република Македонија  информира дека на ден 05.10.2018 година (петок) од 16:00 и 06.10.2018 година (сабота) до 12:00 ќе има прекин на услугите за внатрешни и надворешни корисници поради надградба на информатичкиот систем.
Во недела, на 7-ми октомври, во Градскиот парк во Скопје кај Школка традиционално 10-та година по ред ќе се одржи настанот Напред розово.
Проектот со кој се конкурира и кој ќе биде избран, треба да е краткорочен, т.е целокупниот проект или последната негова фаза да заврши најдоцна до 15.12.2018 година.
Настанот го води Др. Јован Маџовски, регионален менаџер на ЦЕЕД за Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Молдавија и Танзанија.
Новата картичка со мирис на малина е достапна за сите нови и постојни клиенти на Банката, а освен нејзината надворешна привлечност, вклучува низа функционални придобивки за нејзините корисници
Настанот, чијшто влез е слободен, ќе се оддржи во просториите на Јавна соба – Центар за дизајн и иновации,со почеток во 18 часот.
Од Нова истакнуваат дека примарна цел на оваа асоцијација е да служи како платформа за поврзување меѓу алумните и училиштето, односно да ги обедини поранешните ученици во поддршка на мисијата и визијата на ова училиште.
За  пријавување на конкурсот, потребно е да се достави фотографија од креативната творба на електронската пошта [email protected] , најдоцна до 31.10.2018 година.
Граѓаните и фирмите, без да го напуштат своето место на живеење/седиште, можат да ги добијат сите даночни услуги и информации преку мобилните шалтери, да ги достават сите видови на даночни пријави, барања и сл., како и да ги подигнат сите документи што ги издава УЈП.
Извлекувањата ќе се вршат во 5 кола, а веќе првите добитници ќе бидат извлечени на 15.10.
SEET 2018 - Туризам за Југоисточна Европа e 8-ма бизнис конференција која се одржува под покровителство на Министерството за трговија, туризам и телекомуникации на Република Србија.
Сé што е потребно за активација на новите тарифи е приложување валиден студентски индекс во некој од продажните салони на Vip.
На првиот академски час беа доделени 10 стипендии од УКИМ на најдобро рангираните средношколци, 5 стипендии од Институтот за електроника при Факултетот, 3 стипендии од МАКО СИГРЕ и 9 стипендии од ФЕИТ за студентите кои освоиле прво место на државни или меѓународни натпревари.
Во филијалите на ФУЛМ можете да побарате кредит за СТАРТ-АП бизнис од 10.000 до 400.000 денари, со рок од 12-72 месеци.
За учество на обуките, потребно е да се пополни апликацијата на следниов линк, најдоцна до 9-ти октомври 2018-та година. Бројот на места е ограничен.
Силвија Јакимовска и Габриела Петровска се коавтори на најдобриот научно истражувачки труд и согласно објавените правила на Конкурсот, КХВ им додели парична награда во вредност од  30.000,00 денари.
За да може грејната сезона да започне насекаде и навремено, неопходно е станарите да ги завршат проверките и интервенциите на внатрешната инсталација и истото веднаш да го пријават во Снабдување со топлина Балкан Енерџи.
Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари - август 2018 година, во однос на периодот јануари - август 2017 година, изнесува 107.2. 
Имајќи го во предвид интересот на јавноста за трката и за #СекојКилометарЗначи, СОС Детско село ќе има поставено штанд на самиот ден на одржувањето на Skopje Run 10K каде секој лично ќе може да донира.
Една од финалните пораки на сите учесници на конференцијата Западниот Балкан во 2030 година беше дека сите земји од регионот треба да соработуваат и да придонесат кон создавање услови за работа и живот, со цел да се задржат младите да останат во своите држави.