М - 6 Еден на последната аукција даде највисока понуда за закуп на сите брендови на Белградската пиварница. Во наредниот период ќе бидат задржани вработените, согласно договорените услови.
Скопје травел маркет 2017, што се одржува истовремено со Саемот на книгата 2017, ќе биде отворен од 10 до 20 часот во Хала 3, цената на влезницата за сите посетители изнесува 30 денари.
Оваа година, на ФЕИТ се очекува да се запишат околу 650 студенти во учебната 2017/2018 година, од кои 440 бруцоши во државна квота, односно 210 со ко -финансирање.
Комерцијална банка ги известува своите акционери дека почнувајќи од 10-ти мај оваа година ќе врши исплата на дивидендата за 2016 година.
Интегрираната потврда за издадена информација за залог и лизинг содржи податоци за регистрираните документи од заложниот регистар и регистарот за лизинг.
Охридска банка Сосиете Женерал воведува нови промотивни услови за клиентите кои во претстојниот период до 31.07.2017 ќе аплицираат за Нај нај кеш кредитот.
Граѓаните и фирмите, без да го напуштат своето место на живеење или седиште на компанија, можат да ги добијат сите даночни услуги и информации преку мобилните шалтери.
Pотрошувачите се жалеа на етикетите на прехранбените производи во време на велигденските пости, конкретно пријавени се производи кои се означени како посни, а во декларацијата е наведено дека може да содржат остатоци од млеко.
Континуитетот во успешно работење е резултат на квалитетот на услугите коишто компанијата ги нуди, како и експертизата во работењето, за што е повторно доказ водечкиот удел на пазарот на неживотно осигурување на крајот на годината од 17,9%
Со пристигнување на авион од Wizz Air од Будимпешта на скопскиот аеродром официјално е промовирана новата авионска линија Будимпешта – Скопје –Будимпешта.
Во рамките на бесплатниот месец се организирани различни настани, како бесплатен час со сметководител, правник, маркетер, панел дискусии, работа со бизнис ангели, раскажување успешни приказни, но и многу дружење - вечер за игри, малку готвење.
Прегледот на финансиските податоци за котираните друштва на Македонска берза за 2016 година, покажува дека 85 компании оствариле позитивен финансиски резултат, а кај 21 компанија е евидентирана загуба.
Цените на угостителските услуги во март оваа година, во споредба со претходниот месец, се зголемени за 0,1%.
Загубата во износ од 6.062.463 денари, остварена во деловната 2016 година, се пренесува во акумулирана загуба од претходните години.
Summer Work & Travel Алумни Македонија и Младински Инфо Клуб — Скопје по втор пат го организираат CareerLaunch, саем за започнување на кариера во иновативни tech и старт-ап компании.
Кредитната картичка Mastercard World е втората бесконтактна кредитна картичка, којашто Халкбанк им ја нуди на своите клиенти и овозможува бесконтактно плаќање на брз и едноставен начин.
ТТК Банка планира тековната 2017 година да ја заврши со добивка по оданочување во висина од 84.396.000 денари.
Неотел во својата работа се истакнува со квалитетна услуга и производи коишто се актуелни на светскиот пазар и нуди комплетно решение за секој корисник и бизнис.
Пет проценти од добивката, којашто е во износ од 9.121.988 денари, се распоредуваат на законски резерви во износ од 456.100 денари. На име бруто дивиденда се издвојува износ од 4.302.540 денари, додека остатокот од нето добивката во износ од 4.363.348 денари се акумулира.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари – февруари оваа година, достигна вредност од 250.565.000 евра.
Ова е за два и пол пати понизок во споредба со земјите од Централна и Југоисточна Европа, каде што просекот е 45 трансакции по глава жител, и неколкукратно пониско во однос на старите земји членки на Европската унија (102 трансакции по глава жител).
Последен ден на тргувани акции со право на исплата на дивиденда се утврдува на 10.04.2017 година, односно за прв де на истргувани акции без право на дивиденда се утврдува на 11.04.2017 година.
Бројот на блокирани сметки на крајот од 2016 година, што се во сопственост на 117.602 блокирани депоненти, изнесуваше 244.049 (или 6,3% од вкупните трансакциски сметки).
Прометот во трговијата на мало, во февруари оваа година во однос на истиот период лани, забележува зголемување.