Триесетина дечиња од детската градинка Наша иднина од Прилеп ја посетија компанијата Витаминка.
Сивус едукативен и развоен центар (SEDC) започнуваат соработка со Џолев и уметностите во делот на развој на нови едногодишни Академски програми од областа на дизајн и уметност.
Исплатата на дивиденда за минатата година ќе започне на 12-ти јуни оваа година.
Во хидроелектраните Шпилје и Глобочица во првото тримесечје од годинава произведени се околу 70 милиони киловатчасови електрична енергија, што претставува 15% реализација на годишниот план
Долговите се по основ ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.
Добивката по оданочување за 2016 година во износ од 1.579.295.033 денари се распоредува на: 849.790.695 денари за исплата на дивиденда, 241.000.000 денари за задржана добивка за инвестициски вложувања и 488.504.338 денари за општ резервен фонд.
ТТК Банка ги известува акционерите дека почнувајќи од втори мај, ќе врши исплата на дивиденда за 2016 година.
Понудата за преземање се однесува на 14.504 обични акции со право на глас издадени од Технокомерц АД Скопје, коишто претставуваат 65,93% од основната главнина на друштвото.
Со склучен преддоговор за купен стан и реализирана уплата, Адора обезбеди подарок за купувачите, вредносен ваучер за набавка на корисен апарат за новото домаќинство
АППТ ги претстави природата и културата со кои располага Македонија пред 73 излагачи и бројни гости, а интересот беше огромен, посебно од помладата публика.
Нови 150 рози беа засадени во Паркот на Лајонизмот во Македонија по повод 18-тиот роденден на Лајонс клуб Вардар.
Македонската компанија Христови инженеринг на Меѓународната конвенција за квалитет на Бизнис инишатив дајрекшнс (БИД) во Париз ја доби наградата Меѓународна ѕвезда за лидерство во квалитет (ISQL) во златната категорија.
Издавачката куќа Ад Вербум, прв пат оваа година пред македонската публика претставува многу значајни наслови од светската стручна литература преведени на македонски јазик.
Заради осовременување на процесот на работа, компанијата Фершпед во 2017 година предвидува вложување во инвестиции од 35.028.000 денари, стои во финансискиот план за 2017 година.
Тимот на компанијата Vivax, со одбележување на традиционалниот настан Vivax cool day, прослави јубилејни 10 години постоење во Македонија.
Доколку имате прашања поврзани со Вашиот бизнис или бизнис идеја, посетете го нашиот Office Hour на 10 април 2017 година (понеделник), од 12 до 14 часот, и бесплатно добијте правни, сметководствени или маркетинг совети.
Четирите бајки Вејко Северко, Двата цара, Момчето што се скри во златното јаболко и Девојчето и Дванаесетте месеци се во сет од тврд повез со нова, атрактивна насловна илустрација, специјално изработена за ова издание.
Трошоците на живот во март оваа година, во однос на претходниот месец, се зголемени за 0,5%, додека кај цените на мало е забележан пораст од 1,4%.
Македонското квалитетно флаширано вино, јагнешко месо, традиционално овчо сирење, домашен ајвар, лутеница, малиџано, се дел од македонските производи кои се дегустираат на националниот промотивен штанд во Мостар.
Брако ќе произведе 200 возила во првата година коишто ќе бидат пласирани во градови низ САД, Велика Британија, Германија, Франција, Белгија, Данска, Романија, Турција и Кина.
Адора инженеринг и Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец градат нов дом за семејството Трајкови во радовишко Дедино, кое наскоро ќе добие нова куќа на место на старата, што целосно изгоре во пожар кон крајот на минатата година.
СМС пораките ќе се добиваат за сите видови на трансакции, одбиени и одобрени: финансиски трансакции (трговија, банкомат), како и нефинансиски трансакции (состојба на сметка, промена на ПИН).
Со 20% учество и 267 трансакции, најтргувани се акциите на Комерцијална банка, зад нив се хартиите од вредност на Алкалоид со 17,06% учество во прометот или 155 реализирани трансакции.
Повеќето нови работни места и ниските цени придонесуваат за намалувањето на сиромаштијата во регионот, со тоа што просечните стапки на сиромаштија се намалија за скоро два процентни поени во Албанија, Македонија, Црна Гора и Србија во 2016.











