Инфо линијата 0800 33 000 и линијата Пријавете неправилности, нема да бидат во функција, поради технички зафати на телефонската мрежа во Контакт центарот на УЈП.
Барањата за добивање одобрение за вршење на дејност надвор од деловниот простор треба да се достават до архивата на Град Скопје најдоцна до 31-ви октомври.
И годинава компанијата го искористи објавувањето на Извештајот како повод да ги покани сите засегнати страни да дадат свој придонес со предлози за дополнително унапредување на општествено - одговорните активности на Цементарница УСЈЕ во наредниот период.
Експедитивноста и ефикасноста во деловната комуникација отсекогаш биле основа за успешно и профитабилно работење. Времето е скап ресурс. Секоја негова заштеда ја подобрува ефикасноста во работењето и отвора нови врати за успех.
Агенцијата за катастар на недвижности од утре до втори февруари следната година ќе организира нов циклус Отворени денови.
За прв пат на македонскиот пазар е достапен производ за животно осигурување што нуди дополнително осигурување од операции што покрива голем број на хируршки интервенции.
Трговскиот дефицит, во период од јануари до август оваа година, достигна 1.143.886.000 евра, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Македонскиот пазар на недвижности е во поволен период, којшто го одбележуваат раст на побарувачката на станови, голема понуда на станови и деловни објекти и релаксирани банкарски услови за земање станбени кредити.
Снабдување со топлинска енергија Балкан Енерџи од денеска ја започнува новата грејна сезона, стои во соопштението.
“РЖ Услуги ја заврши деловната 2015 година со загуба од 6.913.437 денари. Оваа загуба се покрива на товар на задолжителната општа резерва на компанијата“, стои во предлог одлуката објавена на Македонска берза.
Сите нови клиенти, кои во промотивниот период од 03.10.2016 до 31.01.2017, ќе аплицираат за Кеш или Компакт кредит, освен намалените каматни стапки дополнително ќе бидат ослободени од административен трошок и трошок за аплицирање.
Ограничен број на влезници по поволна цена од денеска се достапни за студентите, заинтересирани за учество на AllWeb, конференцијата за дигитален маркетинг што ќе се одржи на 18-ти ноември во Скопје.
На првата Конференција за инвестиции во недвижности во Македонија ќе се презентираат актуелните трендови на пазарот со недвижности во Македонија, ќе се потенцираат можностите кои постојат во овој сектор, а настанот е можност да се поврзат сите субјекти кои работат во овој сегмент.
Од Снабдување со толинска енергија Балкан енерџи велат дека на располагање се сите нивни екипи за да им излезат во пресрет на барањата за приклучок.
Сите љубители на извонредната храна, на 12 и 14 октомври 2016, лично ќе може да присуствуваат на готвачките перформанси на Киарини во Скопје. Тој ќе подготвува мени од 5 јадења, по Мишелин стандардите.
Бројот на работници во индустријата во август, во однос на истиот период лани, е намален за 1,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Бензините од полноќ поевтинуваат за половина денар, додека дизелот и во следните две недели ќе се продава по иста цена, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Комерцијална банка од први овој месец ќе одобрува станбени кредити со годишна каматна стапка од 2,9% фиксна за првите три години и намалена каматна стапка од 5,9% годишна променлива за остатокот од периодот.
Опел Астра Седан 2016 отиде во рацете на лојален потрошувач од Македонска Каменица.
Бруто домашниот производ во 2015 година изнесува 558.240.000.000 денари и во однос на 2014 година номинално е зголемен за 5,8%, додека реалната стапка на раст е 3,8%.
На 49-от Меѓународен саем за туризам во Нови Сад, во категоријата за промоција на специфични туристички понуди, Етно село Тимчевски – Куманово го доби златниот медал за квалитет на услугата во категоријата Етно туризам.
УСАИД потпиша 10 годишен кредитен гаранциски договор со три банки – Комерцијална банка, Стопанска банка Битола, ПроКредит банка, и две штедилиници – Можности и ФУЛМ.
Наградната игра за којашто беше креирана кампањата на почетокот на годината, забележа неверојатен успех ширум земјава, со продадени вкупно 55.000 албуми, а испратени дури 13.653 албуми со сликички.
Придонесува во светското производство на нафта со преку 2%, а со своето тековно производство обезбедува залихи за наредните 19 години, а кои се дистрибуираат до 5.500 бензински станици во над 22 земји во светот.











