Стапката на адекватност на капиталот го претставува односот меѓу капиталот и активата на банката. Со други зборови, ја прикажува способноста на банката да ги апсорбира загубите генерирани од лошите пласмани.
Бизнис комплет претставува сеопфатна осигурителна понуда за целосна заштита на бизнисот преку обезбедување уникатни осигурителни решенија.
Акционерското друштво за производство на конфекциски производи Мода од Свети Николе прикажа вкупна сеопфатна загуба од 18.511.000 денари во период од први јануари до 31-ви декември минатата година.
Бруто домашното производство на електрична енергија учествува со 72,6% во бруто домашната потрошувачка на електрична енергија.
Просечната месечна исплатена нето плата по вработен во декември 2015 година изнесува 22.715 денари, додека во бруто износ е 33.299 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Преку воведување мерки за енергетска ефикасност, општините можат да ги подобрат и да ги зголемат своите услуги.
Вкупната нето добивка на крајот од 2015 година изнесува 1.242.715.000 денари и е зголемена за 41,2% во споредба со истиот период од претходната година.
Рокот за пријавување на нови бизнис идеи во Клубот на Бизнис ангели на ЦЕЕД Македонија се продолжува. Секој што има идеја за стартување на бизнис, може да аплицира на повикот, којшто наместо до 25 февруари, се продолжува до 21 март 2016.
Соработката на социјалните партнери предвидува и размена на информации и идеи за справување со сивата економија, како и активности за подигнување на свеста за придобивките од пријавената работа.
Тетекс од Тетово во период од први јануари до 31-ви декември 2015 година оствари вкупна сеопфатна добивка од 47.148.000 денари, покажува неконсолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.
"Во согласност со нашиот интерен механизам за следивост, можеме да потврдиме дека MARS South Central Europe нема пласирано на македонскиот пазар ниеден од горенаведените производи", стои во соопштението.
Металуршката компанија Макстил 2015 година ја заокружува со вкупна сеопфатна добивка во висина од 251.000 денари, покажува неконсолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.
Секој граѓанин во Македонија ќе може да ја надгради својата куќа до максимална висина од 10 метри и 20 сантиметри и во случај ако надградбата на објектот не е предвиден во планската документација.
Во Македонија стасуваат годишно околу 400 милиони долари, од кои половината по неформални канали. Околу 88.000 приматели на овие дознаки се невработени лица.
Акционерското друштво Реплек на крајот на 2015 година прикажа вкупна сеопфатна добивка во вредност од 92.153.000 денари, покажува консолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.
Бизнисмените покажаа огромна хуманост и наддаваа за 12 од 15 уметнички дела на македонскиот уметник Живко Поповски – Цветин, во рамки на хуманитарниот настан Единствени во заедништвото.
Од први до петти март на Скопски саем ќе се одржи Саемот на градежништво, а во Метрополис Арена по шести пат ќе се одржи и Саемот за недвижности и инвестиции RealExpo.
Главниот фокус на овој бизнис форум ќе биде на жените претприемачи, но настанот е отворен за сите компании коишто сакаат да остварат контакти и да учествуваат на средби со потенцијални соработници и претприемачи од горенаведените земји.
Ликвидноста на банките оствари умерен месечен пад во јануари, покажуваат оперативните податоци за тековите на ликвидноста на Народната банка на Македонија.
Македонијатурист оствари вкупна сеопфатна добивка во висина од 135.758.000 денари во период од први јануари до 31-ви декември 2015 година.
Малопродажниот ланец Жито маркети го доби престижното признание International Best Brand за 2015 година, во категоријата трговија на мало.
Во склоп на ова патување беа одржани и интерни саеми каде што се претставија 14 германски компании кои се занимаваат со производство на најсовремена опрема за пекарска и кондиторска индустрија.
Предпродажбата старува на 24-ти февруари, а ќе трае до петти март, преку онлајн каналот на Македонски Телеком. Уредите ќе бидат достапни во црна, бела и златна боја.
Во подготовка е законска рамка со којашто ќе се регулираат инвестициите на бизнис ангелите во Македонија, со цел компаниите да ги искористат бенефините.











