Стопанска банка АД - Скопје традиционално и овие новогодишни празници во соработка со Црвениот крст на Македонија ја реализираше заедничката хуманитарна акција Топли празници за сите.
Фармацевтската компанија Алкалоид, согласно стратешката определба, и во 2016 година ќе продолжи по курсот на развојот, ќе продолжи да инвестира во производните капацитети и во современите технологии, во човечките ресурси и во заедницата воопшто.
Граѓаните и правните лица веќе може да нарачаат податоци од Катастарот преку интернет на веб страницата http://ossp.katastar.gov.mk/OSSP.
Познатиот македонски малопродажен ланец, Жито Маркети, донираше 54 новогоднишни пакетчиња за децата од општествено хуманитарна асоцијација Мобилност Скопје.
Комисијата за хартии од вредност (КХВ) на Метал – Нет ДОО увоз извоз Куманово и на Квалитет – Пром ДООЕЛ Куманово им издаде дозвола да дадат заедничка понуда за преземање на Агрокуманово АД Куманово.
Експозитурите на НЛБ Тутунска банка на 31-ви декември ќе работат до 14 часот, поради претстојните новогодишни празници, информираат од банката.
Комерцијална банка го продолжи промотивниот период за кредитите до 10.000 евра, без надомест за одобрување и администрирање на сите новоодобрени потрошувачки кредити со еур клаузула до 31-ви јануари 2016 година.
Индустриското производство во ноември оваа година, во споредба со истиот период лани, е зголемено за 11,5%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Стопанска банка АД - Скопје предвремено ги отплати субординираните заеми во вкупен износ од 45 милиони евра, кои се користеа по основ на два договори склучени со Националната Банка на Грција, од 2006 и 2008 година, со рок на отплата од 10 години.
Просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во октомври оваа година, изнесува 22.213 денари, додека во бруто износ е 32.597 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во ноември на месечно ниво се пониски за 0,1%, додека на годишно ниво се помали за 4,2%.
Се препорачува на сите правни субјекти ги ослободат од работни обврски бремените жени, лица над 60-годишна возраст со респираторни и кардиоваскуларни заболувања, како и лица под 60-годишна возраст со дијагноза астма и хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ), до четврти јануари.
Еден литар Еуросупер БС - 95 ќе чини 61,50 денари, додека новата цена на Еуросупер БС – 98 ќе биде 63,50 денари за еден литар. Дизел горивото поевтинува за три денари, па новата цена ќе биде 43,50 денари за еден литар.
Како дел од предновогодишното изненадување што компанијата традиционално го организира за децата со посебни потреби беше и Дедо Мраз, кој во празнична атмосфера им ги подели подароците.
Народната банка на Република Македонија од утре ги укинува заштитните мерки поради должничката криза во Грција, што беа воведени во јуни годинава заради заштита од опасноста од нарушување на рамнотежата во билансот на плаќања или на стабилноста на финансискиот систем.
Здружението на бизнис жени на Република Македонија денеска организира презентација на резултатите од тригодишниот регионален проект Женското претприемништво - мотор за создавање работни места во Југоисточна Европа.
Жито Маркети го отвори својот прв маркет во Битола. Новиот маркет е лоциран на улицата Нико Фундали бр.13 во близина на касарната.
Макпетрол досега изгради три метански станици. Првата е во кругот на ЈСП Скопје, а другите две се во состав на бензинските станици во Куманово и Влае. Бензиската станица Партизанска ќе биде четврта, но не и последна што на потрошувачите ќе им го нуди ова гориво.
Потрошувачите помалу се жалат на небезбедна храна, а државата активно работи на зајакнување на капацитетите за превенција, контрола и проценка на ризици во овој сегмент.
Вкупната потрошувачка по видови енергенти, во октомври оваа година, изнесува: 642.279 МWh електрична енергија, 9.629 мил. nm3 природен гас, 433.055 тони јаглен и 90.171 тони нафтени продукти.
Еден милиони Македонци или 46,5% од вкупното население ја користи популарната социјална мрежа – Facebook, покажуваат податоците на Internet world stat.
Стапката на сиромашни лица во Македонија во 2014 година е 22,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во Скопје се одржа настанот Windows 10 Device Days кој беше вистински начин како бизнис корисниците да научат да го позиционираат вистинскиот Windows 10 уред.