Акционерското друштво за земјоделско производство ГД Тиквеш од Кавадарци минатата година ја заврши со нето добивка во висина од 69.160.421 денари.
Компанијата Тетекс од Тетово оствари загуба од 32.853.000 денари во првите три месеци од оваа година.
Тутунарите да го почитуваат договореното производство од 26.000 тони за реколтата 2014/2015, бидејќи во спротивно тоа што е вишок нема да се откупи.
Шлепери со 30 тони сок од Прилепска пиварница преку Црвениот крст на Република Македонија се упатија кон поплавените подрачја во Србија и Босна и Херцеговина.
СОС Детско село, Шпаркасе Банка Македонија, Медиа принт Македонија и Црвениот крст на град Скопје најавија заедничката донаторска акција Летен камп Медо Штедо
Македонија оваа година ќе забележи раст од 3%, додека следната година ќе биде 3,5%, се нотира во редовниот извештај на Светска банка (СБ) за југоисточна Европа.
Титулата најдобра старт - ап компанија ја доби тимот SEA GAMES и ја освои наградата од 15.000 евра. Покрај паричната награда, тимот ќе добие и консултантски услуги од страна на експерти соодветни за дејноста на компанијата.
Пет тимови од Универзитетот Св. Апостол Павле од Охрид се натпреваруваат за најдобро решение за апликација за глобалниот бренд Дурекс. Натпреварот ќе трае до 15 јуни.
Економската состојба на деловните субјекти во април во оваа година, во однос на претходниот месец, е поповолна.
Јагјемезлер ќе отвори фабрика за производство на конфекциски елементи каде ќе се вработат 250 лица.
Мермерниот комбинат од Прилеп минатата година ја заврши со нето добивка од 960.543 евра.
Беркли, Стенфорд, Колумбија, Оксфорд се само дел од 120-те врвни светски образовни институции на кои учениците од гимназијата Нова од Скопје конкурираат и редовно се примени за да ги продолжат студиите.
Светска банка (СБ) денеска го презентира шестото издание од серијата извештаи за состојбата на економиите во jугоисточна Европа (ЈИЕ).
Во текот на невремето синоќа во Скопје наврнаа 37 литри на метар квадратен за половина час, а ветерот достигнуваше брзина од над 70 километри на час, информираа од Управата за хидрометеоролошки работи.
Здружението за здравствена превенција и социјална заштита на граѓаните Превентус во соработка со центарот за коса 101 Hair Care во недела од 12.30 до 15.30 часот во т.ц. City Mall организираат бесплатни прегледи за коса за граѓаните.
Триглав Осигурување Скопје во првиот квартал од 2014 година ја зацврсти својата позиција на македонскиот пазар и го зголеми својот пазарен удел.
Со прекривки, јоргани, ќебиња, свеќи и играчки, донација вредна над 200.000 денари, Coincasa и @Home се вклучија во големата акција за помош за семејствата чии домови се поплавени во Србија и Босна и Херцеговина.
Претседателот на управниот одбор и генерален директор на Алкалоид, Живко Мукаетов, се стекна со 1.445 обични акции издадени од оваа фармацевтска компанија.
Бруто - домашното производство на електрична енергија, во март оваа година, учествуваше со 67,2% во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија
Компанијата Odw Elektrik планира со производниот процес да стартува кон крајот на август или почетокот на септември оваа година.
Балканските земји во последните години се повеќе ги привлекуваат скандинавските туристи со своите туристички капацитети.
Остварената загуба, според одлуката на менаџментот на банката, ќе се покрива од добивките што ќе се остварат во следните години.
Алфа Банкa успешно го организираше Волонтерскиот ден - 2014 со отворање на првата хуманитарна продавница за социјално загрозени лица во партнерска соработка со Црвениот крст.
Собирот е организиран од Академијата за судии и јавни обвинители во соработка со Проектот на УСАИД за јакнење на судството.