Манифестацијата Вино Скоп 2015 започнува денеска во 17 часот на паркингот кај Аква Паркот позади салата Борис Трајковски, а ќе трае до недела.
УСАИД потпиша 5-годишен договор за заемски гаранции со ПроКредит банка со кој ќе се олесни пристапот на македонските земјоделци до кредити за капитални инвестиции и надградба на оперативното работење со намалување на колатералот што се бара од нив.
На 42-та седница на Собранието на акционери на Триглав Осигурување АД, Скопје, одржана на 29.09.2015г., Ѓорѓе Војновиќ беше избран за неизвршен член на Одборот на директори на компанијата.
Вип оператор и Оне ја затворија трансакцијата за спојување на двата правни ентитета во една компанија - оне.Вип ДОО Скопје.
Порталот Hitlancer.com најавува втор настан на којшто ќе се промовира документарниот филм за фриленсери, презентирање на брошурата и дружење со нивните поддржувачи, партнери и фриленсери.
Ефикасен и силен механизам за контрола на квалитетот на градежните материјали кои се нудат на пазарот е еден од најзначајните предуслови што треба да обезбедат дополнителни гаранции за сигурноста на градбите.
Набавка на реагенси за рана детекција на ретката болест Вилсон треба да биде крајниот резултат од хуманитарната трка организирана од Здружението на граѓани за лица со ретка болест Вилсон – Македонија со финансиска поддршка од компанијата Окта.
Филип Морис ТКП ја искажува својата поддршка кон Царинската управа во нивните планови за подобрување на системот за акцизи во Македонија.
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар, во август, се повисоки за 0,3% на месечно ниво, односно пониски за 4,7% на годишно ниво.
Растот на депозитите во целост се должи на депозитите на претпријатијата, додека депозитите на домаќинствата, по регистрираното зголемување во јули, во август повторно бележат пад на месечна основа.
Просечната месечна исплатена нето плата во јули оваа година изнесува 21.861 денари, додека бруто износот е 32.145 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Меморандум за соработка во образованието, регионалната соработка и пријателство потпишаа единаесет факултети за електротехника и информатичка технологија од Балканот. Целта на заедничката меѓусебна соработка е да се создадат електроинженери како балкански бренд.
Индустриското производство во август оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемено од 12,7%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Ексклузивниот ресторан на винаријата Стоби вчера беше прогласен за најдобар во Македонија за 2015 година и ја доби престижна награда која ја додели Министерството за економија.
Компанијата TnT it market го отвори својот нов продажен салон во Охрид. Во новиот модерен ИТ центар, потрошувачите може да изберат квалитетни ИТ производи и да бидат опслужени од компетентна професионална екипа.
Агенцијата за катастар на недвижности од денеска до петок, во Центарот за катастар на недвижности – Скопје, организира отворени денови за жителите од општините Карпош, Ѓорче Петров и Сарај.
Бруто - домашното производство на електрична енергија учествува со 64,03% во бруто - домашната потрошувачка на електрична енергија.
Македонија доби национално здружение на сомелиери кое ќе работи по програма на една од најважните и најголемите сомелиерски асоцијации во светот, италијанската AIS ( Associazione Italiana Sommelier).
Првото и најголемото изненадување е маратонската наградна игра за престижниот JEEP Renegade, Happy Jeep to You.
Струга беше домаќин на околу двестотини архитекти, инженери и изведувачи во градежништвото од регионот, кои низ интерактивни работилници се информираа за најновите трендови, новитети, техники и производи кои излегуваат од гигантот во оваа индустрија – германскиот Кнауф.
Винарската визба Тиквеш организираше специјален вечерен настан за лауреатите и многубројните филмски работници - гости на годинешниот Интернационалниот фестивал на филмската камера Браќа Манаки.
Со НЛБ денот, традиционално по четврти пат започнува месецот на штедење во НЛБ Тутунска банка.
Со традиционалната манифестација Преспански јаболкобер што ќе се одржи од денеска до 27-ми септември и симболично откинување јаболко официјално почнува годинашната берба на Преспанското јаболко.