На Саемот за туризам Травел шоу, во австрискиот град Ветманштатен беѓе претставена туристичката понуда на Охрид како дестинација и дел од ексклузивните кружни туристички тури што ги организира и нуди реномираната компанија за организација на туристички патувања GEGG Reisen.
Вработените во Управата за јавни приходи, во рамки на Програмата за одбележување на денот на даночниците, ќе донираат медицинска опрема во Здравствениот дом Скопје.
Министерот за економија Ваљон Сарачини ќе учествува на состанокот на Мешовитиот комитет на ЦЕФТА, кој денес ќе се одржи во Сараево, Босна и Херцеговина.
Компанијата Макпрогрес од Виница оствари рекорден извоз во месец октомври годинава. Како што соопштуваат од компанијата, во октомври се извезени над 700 тони готови производи.
Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање при Сојузот на синдикати на Македонија покренува иницијатива за бенефициран стаж за работниците во градежништвото и индустријата за градежни материјали.
Македонскиот министер за информатичко општество и администрација Иво Ивановски на денешната средба со својот тајландски колега Анудит Накорнтап во Бангкок, ги презентираше поволностите за инвестирање во Македонија.
На бизнис форумот одржан во Милвоки, каде беа претстваени инвестициските можности во Македонија, две компании изразиле интерес за посета на државава и подетално запознавање со можностите за инвестирање.
Конференцијата за употребата на фондовите за Роми и Осмиот ромски економски бизнис форум ќе се одржат денес во Скопје.
Земјиштето на легализираните семејни куќи од вчера може да се откупи по цена од 61 денар за метар квадаратен за парцели до 500 метри квадратни.
Малите Вива сокчињата добиваат Дини и Марвел ликови на пакувањето, па така, од сега ќе може да купите Спајдермен, принцези, автомобили или Мики Маус сокче.
Во третиот квартал од 2013 година, стабилизираниот обем на продажба подеднакво на домашниот и на странскиот пазар доведе до бруто добивка од 430 милиони денари и нето добивка од 156 милиони денари.
Телекомуникацискиот оператор ОНЕ донираше мебел на Фондацијата Рето-Надеж со седиште во Скопје, чија мисија и цел е обезбедување помош на зависници од наркотици и алкохол во откажувањето од зависноста и нивна повторна ресоцијализација.
Малопродажните цени на Еуросупер БС-98 и на мазутот благо ќе се зголемуват, цената на Екстралесното масло ќе се намали, додека цената на Еуросупер БС-95 и на дизелот останува непроменета.
Проблемите со кои се соочуваат производителите на раноградинарски култури се нерешен статус на земјиштето, скапи енергенси, висок надомест за експлоатација на геотермалните води и ниски субвенции.
Министерството за економија денес во Скопје ја организара третата по ред седница на Мешовитиот комитет на Македонија и Косово за економска соработка.
Граѓаните и компаниите за првпат ќе имаат можност да направат проверка на своите броила со кои се мери потрошувачката на топлинска енергија и на други течности во нивните објекти.
Владата на Република Македонија воведува наградна игра во која секој граѓанин со собрани 20 фискални сметки, од кој било износ, може да учествува и да добие некоја од вредните награди.
Агенцијата за катастар на недвижности на Македонија и Републичкиот геодетски завод на Србија денес ќе потпишат Mеморандум за соработка.
Вкупната инвестиција ќе чини околу 15 милиони евра. Фабриката ќе се наоѓа на постоечката парцела во технолошко-индустриската развојна зона Бунарџик, а камен-темелникот ќе биде поставен во април следната година.
Годинава најдобрите три гостилници се: 1. Ѓезме кај тумба; 2. Капка; 3. Дарија, а најдобрите три ресторани се: 1. Лира; 2. Сушико и 3. Гурмет.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во септември 2013, продажните цени на производителите на индустриски производи вкупно се повисоки за 1,2% на месечно ниво, а се пониски за 2,6% на годишно ниво.
Европско-македонскиот центар за знаење и иновации ЕМКИЦЕ денес во Скопје организира настан насловен како Awaking macedonian angel investmnent scenе, со кој ќе биде најавена Европската недела на бизнис ангели која ќе се одржи во 31 држава.
Царинската управа и Тутунски комбинат АД Прилеп ТКП потпишаа Меморандум за соработка со кој ќе се спречува шверц на цигари, ќе се разменуваат информации, ќе разменуваат искуства.
Мобилниот оператор Вип објави раст на приходите и добивката во третиот квартал од годината, како и зголемување на пазарниот удел