Ова признание се добива врз основа на споредбата со најдобрите три производи на чешкиот пазар, а наградата ја добива најквалитетниот во категоријата.
Компанијата Тетекс од Тетово во првите три месеци од оваа година работеше со загуба од 12.763.000 денари, покажува консолидираниот биланс на успех, објавен на Македонска берза.
Индустриското производство во март оваа година, во однос на истиот период лани, бележи пораст од 0,6%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Меѓународното училиште Нова викендов организираше семеен базар и собра 3.700 евра од кои дел ќе бидат наменети за Заводот за ментално здравје на деца и младинци Младост – Здравствен дом Скопје.
Од добивката по оданочување во износ од 672.641.000 денари, за исплата на дивиденда 470.587.611 денари, додека остатокот од 202.053.790 денари останува како задржана добивка за инвестициски вложувања.
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски за 0,3% на месечно, односно 4,2% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Акционерското друштво Градски трговски центар евидентираше добивка од 10.940.000 денари во период од први јануари до 31-ви март оваа година.
Првичните декадни податоци за март на кредитниот пазар покажуваат релативно висок раст на вкупните кредити на месечна основа, што претставува значајно раздвижување на кредитниот пазар по релативно послабите остварувања од почетокот на годината.
Овие совети, на интерактивен и сликовит начин, прилагоден на возраста на учениците, им ги пренесуваат вработени во Пивара Скопје кои, во рамки на воспоставената практика на компанијата, редовно се обучуваат и ги освежуваат своите знаења од областа на здравјето и безбедноста при работа.
Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија има за цел да го поттикне развојот на претприемачите и нивните претпријатија преку размена на искуства, советувања, поддршка при извоз, промоција и инвестиции.
Фондот за развој на општинска инфраструктура (МИДФ) и Комерцијална банка АД Скопје го поддржуваат развојот на одржлива инфраструктура во Македонија со кредити во износ од 10 милиони евра.
Деловни средби меѓу македонски и австриски компании се одржуваат денеска во организација на Стопанската комора на Македонија во соработка со Трговското одделение на Амбасадата на Австрија.
Хуанг заедно со членови од македонските Ротари клубови ги посетија и штитениците од посебното училиште Иднина, институција каде беа реализирани и неколку значајни донации.
Како дополнување на услугата електронско банкарство, Охридска банка ја лансира услугата СМС известувања, осигурувајќи на тој начин присуство во сите модерни комуникациски канали.
Оваа програма за обука ќе им овозможи на оние кои ќе ја завршат обуката директно да се вклучат како копилоти во компанијата, летајќи го авионот Airbus A320 на WIZZ-овите летови по завршување на целокупната обука.
Компанијата Макотекс нема да исплаќа дивиденди поради долгогодишните загуби на друштвото, се наведува во Образложението за работење на друштвото во период од 01.01. до 31.12.2014 година.
Добивката по оданочување за 2014 година во износ од 16.556.117 денари останува како нераспределена во целост.
Во рамки на состанокот ќе бидат презентирани и логистички решенија за ефикасни и брзи транспортни патишта од и за Европа.
Најголемиот шопинг центар во западниот дел на Македонија – Палма Мол, по повод првиот роденден, на посетителите ќе им понуди многу забавни мигови во текот на роденденската недела.
Радио Бубамара денеска прославува 20 години постоење со весела еколошка акција за голем број љубители на природата и на добрата музика. Во акцијата ќе се организира собирање и селектирање на пластични шишиња, ќеси, конзерви и друг отпад што се наоѓа околу планинарските патеки на Водно.
Во случај ако некоја институција не дава одредена информација, секој граѓанин и сите правни лица имаат можност да поднесат жалба до Комисијата доколку во законски определениот рок од 30 дена не добијат одредена информација.
Акционерското друштво Кланица со ладилник од Струмица евидентираше вкупна сеопфатна добивка во висина од 2.463.000 денари, покажува тримесечниот биланс на успех, објавен на Македонска берза.
Вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 745.974 МWh електрична енергија, 13,674 мил. nm3 природен гас, 497.997 тони јаглен и 68.952 тони нафтени продукти.
На настанот фокусот беше ставен на неопходноста и начинот на создавање бизнис план, како и алатки кои прецизно ја покажуваат состојбата на компанијата и ефективноста на евентуалните следни инвестиции.