Комисијата за хартии од вредност (КХВ) донесе Решение со кое трајно се одзема дозволата за работа на Службата за работа со хартии од вредност на Централна кооперативна банка АД Скопје.
Стопанска банка АД – Скопје ги намали каматните стапки за кредитни и депозитни производи за физички лица, како и за депозитите за правни лица, со важност од 01.07.2013 година.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство препорача просечна откупна цена од 14 денари за килограм пченица од годинашната реколта, врз основа на нејзиниот квалитет.
Според податоците на Државниот завод за статистика индексот на трошоците на животот во јуни се зголемил за 4,2% на годишно ниво, додека индексот на цените на мало пораснал за 2,3%.
Охридскиот градоначалник, Никола Бакрачески, денес се сретна со претставници на компанијата Сахарија Индија Паривар и најави дека сопственикот на групацијата индиецот Субрата Рој ќе го посети Охрид на 11 и на 12 јули.
Истражувањето спроведено од агенцијата Рејтинг во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Државната комисија за спречување на корупција покажало дека вработените во приватниот сектор во Македонија најчесто се жалат на корупција во областа на градежништвото и во трговијата.
Министерството за финансии денес исплати 254.430.205 денари за субвенции за повеќе земјоделски гранки.
Приближно седум милиони денари од Буџетот на Република Македонија, до крајот на годинава ќе бидат искористени за имплементирање на седум регионални проекти, од страна на Центарот за развој на Југозападниот плански регион.
Отсега патниците кои ќе патуваат со транспортната компанија Галеб од Охрид ќе можат да уживаат во возењето сурфајќи на интернет.
Во наредните денови во Македонија треба да стартува новиот виртуелен оператор Албафоне чија примарна таргет група ќе бидат граѓаните Албанци во Република Македонија.
T-Home од денес стартува со одлична промотивна понуда на своите 3 Max пакети. Понудата се однесува за сите кои сакаат да станат корисник на 3 Max пакет и е со важност до 16 август.
Во летниот клуб Хавана, втора година по ред, се одржа еко фестивалот Sound of green во организација на Друштвото за управување со отпад од пакување Пакомак. Влезниците за фестивалот не се продаваа, туку секој можеше да добие билет во замена за три празни пластични шишиња од која било големина.
Малопродажните цени на бензините од ноќеска на полноќ се намалуваат за половина денар, а дизелот и екстра лесното се зголемуваат за половина денар.
Телекомуникацискиот оператор ОНЕ од денес воведува промотивна понуда, најниска цена за роаминг повици од само 9,9 денари/минута кон сите мобилни и фиксни броеви на ОНЕ и ЏаБест и само 5,9 денари/минута за SMS пораки кон која и да мрежа во Македонија и во странство.
Почнувајќи од денес тарифните потрошувачи ќе плаќаат поевтина електрична енергија за 4,48%, односнo по средна вредност од 4,731 денар за киловат час.
Викендов на подрачјето на општините Делчево, Пехчево и Берово започна бербата на вишните. По бербата тие се транспортираат и се складираат во коморите на Ладилникот на Комбинатот Рудине.
Голем број на стари хотели, одморалишта, оранжерии, делови од комбинати, производни површини, фабрики, хали, сали, магацини, деловни згради ќе бидат повторно ставени во употреба како погодни за реализација на brown field инвестиции.
Проектот кој се реализираше од страна на Фондацијата е-Македонија на Македонски Телеком, е-Бонтон, излезе од печат.
Индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април 2013 година, во однос на април 2012 година, изнесува 101.2, објави денес Државниот завод за статистика.
Македонскиот министер за земјоделство, Љупчо Димовски и турскиот министерот за храна, земјоделство и сточарство, Мехди Екер вчера во Анкара потпишаа меморандум за разбирање меѓу двете држави во областа на земјоделството.
Според соопштението на Државниот завод за статистика, индустриското производство во периодот јануари - мај годинава во однос на истиот период лани е зголемено за 1,7%.
Црвеното вино Барово од бербата 2011-та освои уште едно злато, а белите вина Ркацители Special Selection и Бела Вода од бербата 2012-та освоија сребрени медали.
Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека цената на електричната енергија од први јули ќе биде пониска за 5,24%. Средната цена за киловат час електрична енергија треба да изнесува 4,483 денари.
Во организација на Здружението за електрични возила Електромобилност Македонија на Машинскиот факултет во Скопје, денес ќе се одржат првaта меѓународна конференција и саем Електрични возила - нови трендови за мобилност.