Граѓаните во интернет анкетата, која беше објавена на веб страната на Македонската академска истражувачка мрежа МАРнет, го избраа кириличниот домен мкд, со кој Македонија ќе се претставува во меѓународниот интернет простор.
Најмногу поплаки за квалитетот на услугите од операторите добива Агенцијата за електронски комуникации (АЕК).
Kонзорциумот што ќе стопанисува и менаџира со слободната економска зона во Тетово e НОРМАК Инвестмент груп.
Попладнево на плоштадот Македонија во Скопје ќе биде означен почетокот на реализацијата на проектот за поставување спомен-обележје на Мајка Тереза.
Македонската мрежа на ментори (МММ) од Скопје ќе им овозможи на апсолвенти и постдипломци да учат од ментори и да стекнат конкретни, професионални знаења и вештини во различни области.
Република Македонија имаше можност за прв пат да го претстави својот туристички потенцијал на саемот за туризам во Варшава, Полска, во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ).
Министерот за економија Ваљон Сарачини денес ќе се обрати на отворањето на работилница за енергетска ефикасност во јавни згради - градинки и училишта.
Субрата Рој, индискиот бизнисмен кој од вчера престојува во државава, денес во Охрид изјави дека туристичкиот комплекс кој е предвидено да никне на крајбрежјето на Охридско Езеро ќе биде меѓу најдобрите десет во светот.
За вршење на детални геолошки истражувања на минерални суровини, во локалитетот Алшар кај Кавадарци, назначена е македонска компанија.
Првиот дел од проектот за целосна реконструкција на дистрибутивната мрежа за електрична енергија во Шуто Оризари е реализиран, стои во соопштението на ЕВН Македонија.
Новините и инвентивни производи веќе станаа препознатлив белег на Макпрогрес. Деновиве во продажба беа пуштени чоколадирани чајни колачи од Винчини кои можете да ги најдете во пакување од 800 грама.
За најуспешна компанија за 2012 година во Куманово е избрана фирмата Екстра Меин. Таа освои најголем број гласови на електронското гласање што го организираа одделението за локален економски развој и за информатичка технологија од општина Куманово.
Бизнисменот ќе ја посети локацијата предвидена за градба на туристичкиот комплекс кој ќе содржи објекти за рекреација, одмор, терени за голф, спа центри, марина-хотели, објекти за забава, казино на вода итн.
Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија додели лиценца на јавното претпријатие за енергетски дејности Струмица Гас за вршење на енергетска дејност - дистрибуција на природен гас до јануари 2048 година.
Оние корисници на Vip операторот кои до крајот на февруари 2013 ќе склучат договор за широкопојасен мобилен интернет, во следните шест месеци ќе добијат бесплатно сурфање со 3G брзини на нивниот компјутер или лаптоп.
По денешната посета на откупниот пункт во Тутунскиот комбинат во Прилеп и во селото Мажучиште, заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски, изјави дека oколу 98% од тутунот во Македонија е веќе откупен, преземени се 25.416 тони тутун со просечна цена од 180 денари за килограм
Учесниците на курсот ќе го надградат своето знаење во проектен менаџмент според соодветна литература издадена од Project Management Institute® што ќе придонесе кон подобрување на капацитетите и самодовербата со цел совладување на предизвиците на модерното управување со проекти.
Корисниците на услугите од телекомуникацискиот оператор Blizoo од сега ќе можат да бесплатно да ги следат каналите FOX и Planeta Folk.
Субрата Рој, бизнисменот од Индија, кој сака да инвестира во туристички комплекс на Охридското Езеро и во изградба на објект во спомен на Мајка Тереза, денес повторно треба да допатува во посета на Македонија.
Во Келн, Германија, од 27 до 30 јануари и оваа година ќе се одржи најголемиот меѓународен саем за слатки и бисквити, ИСМ 2013. Меѓу бројните изложувачи, по девети пат ќе се претстави и македонската кондиторска компанија Макпрогрес.
Според информациите на Министерството за финансии, вкупно110 граѓани досега добиле субвенциониран станбен кредит, преку проектот Купи куќа- купи стан, при што се доделени 640.000 евра субвенции од Владата.
На состанокот што вчера го одржаа членовите на Управниот одбор на Сојузот на стопански комори (ССК) со министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, беше поздравена одлуката за легализација на државното земјиштето кај легализираните бесправно изградени објекти.
Почнувајќи од 1-ви април годинава, босанско-херцеговската авиокомпанија BH Airlines ќе воведе летови кон Скопје, четири пати неделно
Агенцијата за катастар на недвижности продолжува со акцијата Отворено со Катастарот, која им помага на граѓаните да ги решаваат своите проблеми преку директни средби со стручните тимови на Агенцијата за катастар на недвижности.