Годинава Владата на Република Македонија преку Министерството за економија ќе донира 13,37 милиони денари како поддршка за малите и средните претпријатија.
Менаџерскиот тим на новата винарија, која наесен ќе никне во Кавадарци, информира дека подготовките околу нејзината изградбата интензивно се одвиваат.
Следејќи ја традицијата да носи насмевки и искрена радост за време на празниците, софтверската компанија Сивус и оваа година организираше повеќе донаторски акции, во Македонија и во Танзанија.
Во рамки на проектот Енергетска ефикасност преку меѓуопштинска соработка, денес во општина Гевгелија започна кампањата Штедам енергија.
На вчерашната седница на Владата беше одлучено стипендиите за средношколците во Република Македонија за учебната 2012-2013 година да се зголемат за 25%.
Од министерството за финансии информирааат дека јануарската пензија односно социјалната парична помош денес е исплатена во целост.
Киното Cineplexx по повод претстојните Божиќни празници ќе организира семејна забава исполнета со многу активности.
Преку акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, годинава Владата ќе започне со градба на 474 станови во пет градови во Република Македонија.
Стопанска банка Битола стана сопственик на 9,4% од акциите во скопската кондитерска индустрија Европа. Продавачи на акциите се фирмите на Јовица Стефановиќ – Нини, Вет фарм трејд и Јака 80.
Од 1 јануари 2013 стартуваа со употреба адвокатски маркички, со кои адвокатите ќе плаќаат персоналниот данок на доход.
Рокот за подигање и доставување тендерска документација за продажба на ОХИС и Еурокомпозит,е продолжен поради локалните избори, кои треба да бидат одржани во март 2013 година.
Според податоците на Државниот завод за статистика, цените на мало во декември се зголемени за 0,1%, а трошоците на живот се на исто ниво како во ноември.
Министерството за внатрешни работи на Република Македонија денес ќе ги презентира новите возила, шкода јети. Тие ќе ги заменат заменат старите крајслери кои министерството досега ги користеше.
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија издаде одобрение за организирање на Илирика Кеш Фонд да биде новиот отворен инвестициски фонд.
Од вчера 01.01.2013 царинските стапки за репроматеријали за резервни автомобилски делови, полиетиленски фолии, алатни машини, железнички товарни вагони и автобуси се намалени или укинати.
Според прогнозите на Предлог енергетскиот биланс, во 2013 Македонија ќе потроши 81.897 тера џули финална енергија што е за 5,2% повеќе отколку минатата година.
Производството, дистрибуцијата и снабдувањето со топлинска енергија за седум скопски општини, Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија одлучи да и го додели на компанијата Балкан енерџи ДООЕЛ Скопје.
Од утре најниската домашна валута ќе биде еден денар, кованите пари од 50 дени повеќе нема да се користат.
Стопанска Банка во соработка со Црвениот крст на РМ донира 100 пакети со основни прехранбени производи на социјално загрозените семејства.
Благодарение на платформата на Тинекс, Тинекс, ти и јас, оваа година добија поддршка здравството, социјално загрозените категории и разни манифестации.
Децата од голем број градинки низ Македонија специјално изработуваа играчки наменети за сите дечиња кои новогодишните празници ќе ги дочекаат во топлата атмосфера на Ремедика.
Децата од Центарот за цистична фиброза при Клиниката за детски болести добија Новогодишни пакетчиња, донација од Рош. Компанјата исто така донираше и средства на здружението Во мојот свет.
Според податоците на Државниот завод за статистика за бројот и структурата на компаниите во Македонија во 2011 година, активни биле 53.645 деловни субјекти во нефинансискиот сектор, додека вкупниот број на вработени лица во нив изнесувал 342.233.
Компанијата БиМилк донираше над 200 пакетчиња за дечињата со посебни потреби и за дечињата од социјално загрозените семејства од повеќе институции.