Новости

Технометал Вардар за следната 2017 година проектира добивка од 46.000 евра, покажува финансискиот план за работа и делување, објавен на Македонска берза.
Здравата исхрана, активниот начин на живеење, Сонцето и пробиотиците, се суштински предуслови за здраво и среќно детство, констатираа говорниците на женската трибина Хранете се здраво за детство среќно и убаво, организирана од хрватската фармацевтска компанија ПхармаС.
“Се одобрува склучување на зделка што претставува купување на удел што претставуваат 49% од основната главнина на Друштвото за производство Млекара Здравје Радово увоз – извоз ДОО с. Радово Босилово, за вкупна цена од 6.000.000 евра во денарска противвредност“, стои во одлуката.
Јапонскиот национален авиопревозник, Japan Airlines, планира старата облека да ја претвора во гориво, којшто како алтернативен енергетски извор може да се тестира на почетокот на 2020 година.
На 23-тата сесија на Клубот на истражувачи на Народна банка на Република Македонија беше презентиран трудот Комуникација на монетарната политика: резултати од анкетно истражување од авторот Неда Поповска - Камнар.
Комисијата за хартии од вредност (КХВ) на друштвото за управување со инвестициски фондови ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје му даде одобрение да основа нов отворен инвестициски фонд ВФП 100% Бонд.
За да се добие еден литар масло од чиа, потребни се 8-10 килограми семе. Затоа овој вид масло е поскап.
Продажните цени на производителите на индустриски производи, во октомври оваа година, на месечно ниво се повисоки за 0,3%, а се пониски за 0,3% на годишно ниво.
Новоформираната Национална асоцијација за дојдовен туризам на Македонија (НАИТМ) ја организираше првата македонска туристичка берза, на која хотелите, рестораните, превозниците, винариите и туристичките и планински водичи од Македонија ги понудија своите услуги и производи на Агенциите за дојдовен туризам.
Централниот дел на објектот се состои од три простории за самити и средби од големи размери со над 30 кабини за преведувачи, кафетерија и околу 250 канцеларии.
За изработка на еко - пријателската кутија, освен дрво користи и магнети и рециклирана ткаенина што се лепи во внатрешноста, со што таблетот ќе биде заштитен од можни оштетувања.
Волонтери од Македонски Телеком ќе посетат над 2.000 деца од ранливи категории низ Македонија.
Приносите на пченка на хектарите наводнувани со капка-по-капка се двојно или дури и тројно поголеми, со просек од 13 т/ха во зрно и рекордни 17,5 т/ха (националниот просек е 4,2 т/ха).
Уредот има ергономска форма што не му пречи на корисникот, лесно се прилагодува на движењата и ја поедноставува работата на компјутер.
Датум на имплементација на извршената ревизија, односно датумот од којшто ќе отпочне да се пресметуваат индексите по новиот состав е 03.01.2017 година.
Од 24-ти декември се отвора портата на Новогодишниот базар на улица Македонија во Скопје.
Алкалоид доби признание за позитивен имиџ во категоријата фармација, додека брендот Good Nature беше изгласан од страна на студентите во категоријата чаеви, во конкуренција на 405 останати брендови, класифицирани во 19 категории.
Radio Garden е платформа којашто на корисникот му овозможува да слуша програма во живо од радио станици од целиот свет.
Дојде до постепено стабилизирање на очекувањата на економските субјекти, што доведе до позитивни движења на девизниот и смирување на случувањата на сите сегменти на депозитниот пазар.
Во рамки на промотивниот период, клиентите нема да плаќаат членарина за првата година од користење на сите апликации за Visa Business картичките во промотивниот период.
Како главно ограничување за развој на бизнисот, работодавачите ги наведуваат потешкотиите во обезбедување финансиски средства и високите каматни стапки на кредитите.
Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во октомври 2016, во однос на октомври 2015 година, бележи пораст од 0,7%, а прометот остварен на странските пазари бележи пораст од 5%.
Рутата ќе почне од втори април, а ќе се реализира два пати неделно – среда и недела. Билетите се пуштени во продажба по цена од 1.199 денари.