Новости

Екскурзиите на Бугарите во странство во мај се намалиле, а најмногу бугарски туристи изгубиле Македонија, Србија и Турција. Повеќето Бугари патувале во земјите од Европската унија и тоа најмногу во соседните Грција и Романија.
Според соопштението на Државниот завод за статистика, индустриското производство во периодот јануари - мај годинава во однос на истиот период лани е зголемено за 1,7%.
Црвеното вино Барово од бербата 2011-та освои уште едно злато, а белите вина Ркацители Special Selection и Бела Вода од бербата 2012-та освоија сребрени медали.
Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека цената на електричната енергија од први јули ќе биде пониска за 5,24%. Средната цена за киловат час електрична енергија треба да изнесува 4,483 денари.
Новиот сок од слад содржи јачменов слад кој е неопходен за производство на пиво и ќе почне да се дистрибуира во јули. Ќе се продаваат два вида, обичен и со вкус на јаболко.
Во организација на Здружението за електрични возила Електромобилност Македонија на Машинскиот факултет во Скопје, денес ќе се одржат првaта меѓународна конференција и саем Електрични возила - нови трендови за мобилност.
Лани за прв пат земјите во развој привлекле повеќе директни странски инвестиции отколку развиените земји, односно 52% од вкупната вредност. Транзициските економии лани забележале вкупно 87 милијарди долари директни странски инвестиции, што е 9% помалку отколку во претходната година.
Семејството на PANTHEON Cloud за период од три месеци брои повеќе од 150 корисници. Компанијата ГЕНЕЛ ЛТД, овластен дистрибутер на CANON за македонскиот пазар, е 100-от корисник на PANTHEON Cloud. Ова е нивната успешна приказна!
Околу стотина претставници на туристички организации и тур-оператори од Холандија, предводени од главниот извршен директор на тур-операторот ТУИ Стефан Ван дер Хајден, утре ќе допатуваат во Охрид.
Трасата на Транс-јадранскиот гасовод би се движела од Турција преку Грција и Албанија до Италија, со можност за поврзување на Хрватска и Црна Гора. Набуко беше предвидено да минува од Турција преку Бугарија, Романија и Унгарија до Австрија.
Една од основите за производство на квалитетно млеко е избалансирана храна и хигиена на фармите.
Според податоците на Државниот завод за статистика, бруто - домашната потрошувачка на електрична енергија во месец март годинава изнесувала 798.785 МWh, што во споредба со истиот месец лани е намалена за 0,28%.
Лос Анџелес е најголемиот град во САД што забранува употреба на пластични ќеси во трговските центри и маркети. Граѓаните ќе мораат да си носат свои торби или да плаќаат по 10 центи за хартиени ќеси.
Остануваат уште 4.244 фирми кои во следните пет дена треба да се прилагодат за електронско пријавување на ДДВ и данок на добивка преку системот е-Даноци, соопшти Управата за јавни приходи.
Вип операторот ја збогатува својата летна припејд понуда со ново специјално изненадување наменето пред се за корисниците кои летово ќе ја посетат Македонија.
Компанијата се сомничи дека во југоисточна Европа платила 50 милиони евра мито. Со овие пари фирмата “купувала” бизнис зделки во Бугарија, Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина.
Според експертите, повеќето граѓани додека се на работа времето го трошат на мрежите како Facebook, Twitter и ВКонтакте, а тоа се рефлектира и на продуктивноста.
Бизнис конфедерацијата на Македонија пред јапонски експерти во Хирошима ги презентираше својата работа, мисијата и идните планови за поголем економски раст и подобрување на социо-економската состоба во земјата.
Во првите четири месеци од оваа година, извозот на храна од Хрватска падна за 17,2%, додека увозот порасна за 6,6%. Оваа нерамнотежа би можела дополнително да се зголеми по 1 јули, кога ќе се укинат царините за увоз на производи од земјите на ЕУ.
Добро познатите брендови на Прилепска пиварница – Пепси, Миринда Портокал, Миринда Лимон, 7 Ап и Газоза добија нова модерна сталена амбалажа.
Трите клучни фактори неопходни за подобрување на постбербените активности во македонското земјоделство поголемо образование, помош од науката и поддршка од државата, велат израелските експерти.
Извршниот директор на Македонскиот совет за Надворешна трговија Азија-Пацифик, Владимир Кофчегарски, во Банког се сретна со потпретседателот на Стопанската комора на Тајланд, Чатчаи Бонјарат.
Закажаната аукција на државни хартии од вредност која требаше да се одржи денес е откажана, известуваат од Министерството за финансии.
Елвира Набиулина, поранешниот најважен економски советник на Путин, е именувана за нов гувернер на централната банка на Русија, на местото на Сергеј Игнатиев, кој е пензиониран.