Новости

Владата на Црна Гора донесе одлука за зголемување на стапката на ДДВ од 17% на 19% и задржување на ниската и нултата стапка на исто ниво. Се очекува оваа мерка на државата да и донесе приход меѓу 37 и 40 милиони евра.
Државниот завод за статистика соопшти дека индустриското производство во април годинава во однос на истиот месец лани е зголемено за 4%.
Едукативниот и развоен центар на Seavus организира четиринеделна летна школа за дизајн и кодирање, под називот SEDC Summer Kingdom.
Бизнис делегација од Унгарија предводена од Атила Галамбош, претставник на стопанската комора на Унгарија, вчера се сретна со градоначалникот на општина Битола Владимир Талески, со кого договорија календар на активности за заедничка соработка.
Во галерискиот простор на НЛБ Тутунска банка, на ул. Водњанска бр.1, денеска со почеток во 19.00 часот ќе се одржи хуманитарна продажба на уметнички дела од реномирани македонски уметници, со што НЛБ Тутунска банка ја продолжува традицијата на подржувач на уметноста и хуманоста.
Борса Истанбул ќе преземе 30% од Црногорската берза, а заинтересирани се да купат удел и во Белградска берза. Турците имаат намера да ги поврзат сите берзи во регионот.
Градоначалникот на општина Охрид Никола Бакрачески вчера оствари средба со вршителот на должноста амбасодор на Катар во Република Македонија, Мохамед Рашид Х. Субах.
Во Бугарија 49% од луѓето живеат во ризик од сиромаштија, а 60% трпат материјална беда. На спротивниот крај на графиконот е Чешка, каде во ризик од сиромаштија е само 15% од населението.
Просечната месечна исплатена бруто - плата по вработен во март 2013 изнесува 31.185 денари, а во овој месец плати не примиле 2,6% од вработените во Македонија.
Петте национални телевизии и една регионална (ТВ ЕДО) до денес се поврзани на дигиталната платформа на телекомуникацискиот оператор ОНE, преку која во сабота треба да стартува дигитализацијата на телевизиските програми и комплетно да биде исклучен аналогниот сигнал.
Стопанска банка АД - Скопје почнувајќи од 28.05.2013 ги намали каматните стапки за станбените и потрошувачки кредити со што ги подобрува условите на кредитирањето.
Македонија е лидер во регионот во спроведувањето на електронските аукции за јавните набавки и заштедите што при тоа ги генерира.
Во организација на мрежата ЦЕЕД и фондот СЕАФ, минатата недела во Загреб, Хрватска, се собраа преку 200 претприемачи и инвеститори од централна и источна Европа. На 7-та регионална конференција, на која присуствуваше и регионалниот менаџер на ЦЕЕД за Македонија, Србија, Албанија, Косово и БиХ, Јован Маџовски, учествуваа Боб Розеншајн, американски интернет претприемач и Џим Конор, член на управата на инвестициската група Sand Hill Angels.
Претставниците на Македонија, Црна Гора и домаќинот Албанија, вчера во Тирана ја договорија имплементацијата на проектот Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ) за одржливо управување со сливот на реката Дрим.
Германскиот дневен весник Билд најави дека од следниот месец ќе почне да наплаќа за одредени текстови објавени на интернет страната. Повеќето текстови ќе останат бесплатни на интернет, но ќе биде потребна претходна регистрација за да може да се читаат.
Вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими, шефот на Делегацијата на ЕУ Аиво Орав и амбасадорите на европските земјите-членки Холандија, Обединетото Кралство, Словачката Република, Грција, Франција и Италија, денес во Штип ќе се запознаат со активностите што се дел од пилот-проектот Механичар за машина за шиење.
Француската банкарска група Сосиете женерал (Societe Generale) го отпушти Владимир Голубков, главниот извршен директор на руската единица Росбанк, откако беше обвинет за корупција.
Министерот за економија Ваљон Сарачини заедно со државниот секретар во Кабинетот на премиерот на Унгарија Петар Сијарто, вчера во просториите на Стопанската комора на Македонија го отворија Македонско-унгарскиот бизнис форум.
Загрепската М Сан група отвори нова производна линија за LED ТВ уреди од сопствената марка Vivax, а вкупната вредност на инвестицијата во погонот во Ругвица изнесува 380.000 евра.
На меѓународниот саем за земјоделство што се одржа од 18 до 24 мај во Нови Сад, Србија, македонскиот производител ВИВАКС на соковите, Вива освои пет вредни награди.
Кина ќе гради цел град во шумите во близина на Минск, кој ќе претставува отскочна штица за индустриското производство меѓу Европската унија и Русија, јавува Блумберг.
Mеѓу Македонија и Хрватска ќе се воспостави aсиметричен трговски режим откако Хрватска по 1 јули годинава и официјално ќе стане членка на Европската унија.
Под Војводина се наоѓа вистинско море од гас, според реални проценки вреден неколку милијарди долари, но најголем проблем до сега беше како да се извади. Меѓутоа, изгледа дека тој проблем наскоро ќе биде решен, пишува српски Дневник.
Да се раздвижи или зголеми кредитниот раст на 8 до 10%, да се воведат мерки за дисциплинирање на фирмите при плаќање на долговите, да се укине категоријата на непризнаени расходи и да се заземе нова стратегија со приоритет на домашните инвестиции, предлага бизнис заедницата.