Новости

Жителите на Општина Илинден пројавиле масовен интерес за поволностите што ги понуди Законот за постапување со бесправно изградени објекти, со кој за само едно евро за метар квадратен можат да ги легализираат дивоградбите.
Љубителите на HTC уредите кои сакаат да го имаат последниот т.н. револуционерен модел во светот на паметните телефони HTC One, од денес можат да го најдат само во Телеком продавниците насекаде низ Македонија.
Вработените во турскиот национален авиопревозник Туркиш ерлајнс денеска стапија во штрајк поради спорот со управата околу колективниот договор. Според информации од компанијата, засега нема пореметување во авиосообраќајот.
Европската комисија покрена истрага за работењето на неколку големи нафтени компании поради сомневање дека заедно ги договарале цените на пазарот повеќе од една декада. Меѓу компаниите против кои се води истрага се BP, Royal Dutch Shell, Platts и Statoil.
Преку државни записи на нето-основа Министерството за финансии ќе врати 1,215 милијарда денари (20 милиони евра) во стопанството.
Комисијата ги разгледува следните можни четири сценарија за иднината на евроцентите: статус кво, намалување на трошоците за нивна изработка, брзо повлекување, постепено повлекување.
Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев информираше дека Владата распишува јавен оглас за ангажирање на повеќе од 80 лица на високи државни раководни позиции и функции, кои се испразнети или пред испразнување.
АД ЕЛЕМ ќе стипендира студенти и постдипломци од областа на машинството, енергетиката, екологијата и хидрауличното инженерство. Стипендистите воедно ќе можат да добијат практични искуства преку нивно ангажирање и работење во ЕЛЕМ.
Со исплатата на последните 421 милиони долари, од вкупно позајмените 23,5 милијарди долари, Турција ќе биде без долгови кон ММФ за прв пат во последните 19 години.
Што би го мотивирало гигантот Exxon Mobil Corporation, најголемиот преработувач на нафта во светот, корпорација која годишно има приход од 500 милијарди долари и преку 70 милијарди барели нафта во резерва, да дојде и да работи во Хрватска?
КБ Прво пензиско друштво АД Скопје денес соопшти дека заштедите на членовите на Задолжителниот пензиски фонд, со кој управува компанијата, го надминаа износот од 200 милиони евра.
Во првите четири месеци од годинава приходите по основ од царини во Буџетот се за 10% повисоки од планираното и оствареното во минатата година, изјави директорот на Царинската управа Ванчо Каргов.
Американскиот производител на софтвер Oracle ќе инвестира околу 100 милиони евра во Романија, соопшти министерот за инфраструктурни проекти, Дан Шова, пренесуваат агенциите.
Оne донесе одлука да ги намали цените за дигитално емитување на програмските сервиси, како за националните, така и за регионалните телевизии.
Иницијативата се фокусира на собирање на даноци од разни странски интернет страници кои имаат значителен приход од онлајн рекламирање, како што се Фејсбук и Твитер.
Бројот на туристите во март 2013 година во Македонија изнесувал 34.495, што е за 7,5% повеќе во однос на истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика.
PZU за ширење во средна и источна Европа има на располагање две милијарди евра капитал.
Според податоците на Државниот завод за статистика, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во април се повисоки за 0,2% на месечно ниво и за 1,2% на годишно ниво.
На Годишната конференција на македонскиот пазар на хартии од вредност 2013, Комерцијална банка АД Скопје ја доби плакетата за постигнато прво место по вкупен промет и број на трансакции реализирани во 2012 година.
Агрокор својата понуда ја засновал врз берзанската котација на акциите на Меркатор на Љубљанската берза и таа изнесува околу 110 евра, додека MID Europa Partners се одлучил за поинаков пристап и не навел цена, туку понудил само докапитализација.
Уште една нова новина од ЕВН Македонија за своите корисници, овој пат станува збор за услугата - Говорно сандаче.
Француската компанија Danone, сопственикот на водата Евиан и брендот јогурти Активиа, објави дека купува 92% од капиталот на американската компанија за производство на органска храна за бебиња, Happy Family.
Светски познатиот бренд Хилтон, кој е водечки во секторот сместување, влегува во Македонија со потпишување договор за франшиза за отворање ексклузивен Double Tree By HILTON во Скопје, со Stone Bridge Hotel.
Метро група, една од водечките трговски комании во светот, размислува да се повлече од пазарите во Бугарија, Египет, Јапонија и Казахстан.