Новости

Рокот за подигање и доставување тендерска документација за продажба на ОХИС и Еурокомпозит,е продолжен поради локалните избори, кои треба да бидат одржани во март 2013 година.
Според податоците на Државниот завод за статистика, цените на мало во декември се зголемени за 0,1%, а трошоците на живот се на исто ниво како во ноември.
Со новиот закон за енергетика, со либерализацијата на пазарот на електрична енергија се опфатени сите 27 големи индустриски потрошувачи, кои сочинуваат 9,5% од потрошувачите, а ќе биде отворено и 40% од пазарот на гас.
Министерството за внатрешни работи на Република Македонија денес ќе ги презентира новите возила, шкода јети. Тие ќе ги заменат заменат старите крајслери кои министерството досега ги користеше.
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија издаде одобрение за организирање на Илирика Кеш Фонд да биде новиот отворен инвестициски фонд.
Португалскиот претседател Анибал Кавако Силва во својот новогодишен говор изјави дека овогодишниот контроверзен буџет ќе го прати пред Уставен суд.
Од вчера 01.01.2013 царинските стапки за репроматеријали за резервни автомобилски делови, полиетиленски фолии, алатни машини, железнички товарни вагони и автобуси се намалени или укинати.
Најголемиот хрватски произведувач на компјутери М Сан група развива прв хрватски паметен мобилен телефон, пандан на iPhone на Apple и Galaxy на Samsung, кој ќе работи на Андроид, а на пазарот би можел да се појави кон средината на оваа година.
Доколку Европскиот парламент го прифати барањето на европските лозари, забраната за садење на нови лозови насади би можела да биде продолжена и по 2015 година, до крајот на 2018.
Според прогнозите на Предлог енергетскиот биланс, во 2013 Македонија ќе потроши 81.897 тера џули финална енергија што е за 5,2% повеќе отколку минатата година.
Во Русија од вчера стапи на сила забрана за рекламирање на алкохолни пијалоци. Станува збор за потполна забрана за рекламирање, освен во продавниците кои се занимаваат со малопродажба на алкохолни пијалоци.
Производството, дистрибуцијата и снабдувањето со топлинска енергија за седум скопски општини, Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија одлучи да и го додели на компанијата Балкан енерџи ДООЕЛ Скопје.
Рецесијата и невработеноста во 2012 година турнаа милиони Европјани во сиромаштија, стотици илјади во емиграција, а кризата не ја заобиколи ниту средната класа.
Економската иднина на Балканот во голема мера зависи од судбината на еврозоната. Сите балкански економии се поврзани со еврозоната и падот на побарувачката од монетарната унија им нанесува сериозна штета.
Од утре најниската домашна валута ќе биде еден денар, кованите пари од 50 дени повеќе нема да се користат.
Многумина почетокот на новата календарска година ја доживуваат како време за нов почеток. На најголем дел од анкетираните, новогодишната желба им е поврзана со работата и кариерата.
Стопанска Банка во соработка со Црвениот крст на РМ донира 100 пакети со основни прехранбени производи на социјално загрозените семејства.
Благодарение на платформата на Тинекс, Тинекс, ти и јас, оваа година добија поддршка здравството, социјално загрозените категории и разни манифестации.
Децата од голем број градинки низ Македонија специјално изработуваа играчки наменети за сите дечиња кои новогодишните празници ќе ги дочекаат во топлата атмосфера на Ремедика.
Словенија од белгиската банкарско – осигурителна група KBC ќе ги откупи нејзините 22% акции од Нова Љубљанка Банка (NLB). Цената е договорена од едно евро по акција, што е вкупно 2,77 милиони евра, објави словенечкото министерство за финансии.
Децата од Центарот за цистична фиброза при Клиниката за детски болести добија Новогодишни пакетчиња, донација од Рош. Компанјата исто така донираше и средства на здружението Во мојот свет.
Читањето книги на таблети и мобилни телефони станува се попопуларно во САД, каде скоро една четвртина од љубителите на книги користат е-книги.
На Белградскиот саем од 22 до 31 март ќе се одржи Меѓународниот саем на автомобили, најави Зоран Лукшиќ, шеф на проектот Саем на автомобили. Паралелно ќе се одржи и 7. Саем за мотоцикли, велосипеди и опрема.
Според податоците на Државниот завод за статистика за бројот и структурата на компаниите во Македонија во 2011 година, активни биле 53.645 деловни субјекти во нефинансискиот сектор, додека вкупниот број на вработени лица во нив изнесувал 342.233.