Владата ќе поддржи нови 1.800 вработувања на млади лица од социјално ранливи семејства. Огласите ќе почнат да се објавуваат од наредниот месец на секои два месеца, а вработувањата ќе се реализираат кај работодавачи кои ќе поднесат барање до Агенцијата за вработување.
Швајцарската народна партија собра доволен број на потписи за распишување на референдум на кој би се барало забрана за продажба на златните резерви од страна на централната банка.
Германскиот произведувач на спортска опрема Пума го именува Бјорн Гулден за нов извршен директор. Четириесет и седум годишниот Гулден, на 1 јули ќе го замени Франц Кох, кој ја напушти компанијата во март.
Досега во Македонска берза се пристигнати неколку барања за задолжителната котација. Крајниот рок за доставување на барањата на компаниите е 30 април, а се очекува најголемиот дел да пристигнат во последните денови.
Федералната служба за ветеринарен и фитосанитарен надзор на Русија врати 18 тони јагоди произведени во Турција, откако инспекцијата откри ситни инсекти на овошјето.
Од Винарската визба Тиквеш вчера соопштија дека грозјето од бербата 2012 година е исплатено, а меѓу откупените сорти доминирале сортите вранец, смедеревка, шардоне, ризлинг, мерло, каберне совињон.
Американската даночна управа наскоро би можела да ги “консултира” Фејсбук и Твитер профилите на своите даночни обврзници во потрага по нивните финансиски активности.
Владата ја усвои Информацијата за продолжување на рокот по Јавниот повик за продажба на акциите на Република Македонија во друштвото 11 Октомври Еурокомпозит АД, Прилеп.
Најголемата турска телеком компанија, Турк Телеком, даде понуди за купување на бугарските Космо мобајл (Глобул) и Германос Телеком Бугарија.
На само 700 метри од центарот на Тетово, на една од најзначајните и најфреквентните локации, помеѓу два главни булевари, привршува изградбата на современиот повеќенаменски комплекс РЕМ.
Претставници на Дирекцијата на Технолошко индустриските развојни зони ги претставија можностите за инвестирање во Македонија на Светскиот конгрес за автомобилска индустрија САЕ 2013, кој се одржуваше во Детроит, САД, од 16 април до денес
Операторот Оne во соработка со Советот за радиодифузија, а во рамките на проектот - едукација на населението за процесот на дигитализација, започна караван кој има за цел да ги посети поголемите македонски градови и да го информира и едуцира населението за претстојниот процес на дигитализација.
Освен за докапитализација на националниот авиопревозник Кроација ерлајнс, хрватската влада размислува и за приватизација. Но, најважно е планот за реструктуирање да се спроведе до крај, изјави министерот за море, сообраќај и инфраструктура, Синиша Хајдаш Дончиќ.
Комисијата за хартии од вредност на Р. Македонија соопшти дека Градежен институт Македонија АД Скопје стана доминантен акционер во фабриката Карпош АД Скопје, а брокерската куќа Иново Брокер АД Скопје доби дозвола да дејствува и како покровител при котација.
Полицијата во Санкт Петербург ги претресе куќата и канцеларијата на Павел Дуров, 28-годишен основач на најпопуларната руска социјална мрежа ВКонтакте.
Турскиот национален авиопревозник Туркиш ерлајнс потпиша договор за купување 117 авиони од европскиот произведувач Ербас, кои ќе бидат испорачани до 2020 година.
Од почетокот на годинава до денес во ХЕЦ Шпилје се произведени 118 милиони киловат часови електрична енергија, односно 47% од годишниот план на производство.
Продажбата е една од обврските на Романија кон Меѓународниот монетарен фонд и Европската унија во рамките на условите за кредити во вкупен износ од 25 милијарди евра.
Македонско - Израелскиот бизнис клуб денес го организира вториот по ред Меѓународен бизнис форум на кој главна тема ќе биде Балканот-Алтенативен пар од Израел до Европа.
Охридска банка манифестираше солидна отпорност во 2012 во предизвикувачко пазарно опкружување и објави нето добивка од 128 милиони денари, што е 3,5 пати повисока од резултатот во 2011 година.
Европското здружение на производители на автомобили (ACEA) денес соопшти дека побарувачката за нови автомобили во Европа падна во март, што е 18-ти месец по ред, притисната со уривањето на побарувачката во Германија, која ја загуби позицијата најголем европски пазар.
Отсега граѓаните ќе можат само преку еден шалтер да добиваат документи за кои се води службена евиденција во одредена институција.
Сингапурскиот аеродром Changi е прогласен за најдобар аеродром во светот за 2013 година, од страна на компанијата Skytrax која ги следи и рангира перформансите на компаниите во авиоиндустријата.
Со почетокот на април започна и пријавувањето на сточарите за субвенции по литар продадени млеко. Пријавувањето ќе трае до крајот на овој месец, а за литар млеко сточарите ќе добијат по 3,5 денари.