Директните странски инвестиции во Хрватска во 2012 година изнесувале 973,3 милиони евра, што е за 107 милиони евра, односно околу 10% помалку отколку во 2011 година, покажуваат податоците на Хрватска народна банка (ХНБ).
NASA Space App Challenge во Скопје и светот на едно место ќе обедини програмери, инженери, научници, студенти, експерти, професори и ентузијасти кои групно ќе работат на десетина различни предизвици за изнаоѓање на хардверски и софтверски корисни решенија за глобалните потреби на земјата.
По речиси 16 години забрана за увоз на бугарски млечни производи, турските власти повторно го отвораат пазарот, објавија од бугарското Министерство за земјоделство и храна. Се укинува и забраната за увоз на јајца.
Во Стратегијата за развој на туризмот 2013-2020 година се предвидуваат точни мерки и активности за тоа како може Македонија да има поквалитетна туристичка понуда.
Косовската влада ја одобри продажбата на 75% акции во Телеком Косово на меѓународен конзорциум што го сочинуваат ACP Axos Capital Gmbh и Najafi Companies, а партнер им е British Telecom Group.
Пивара Скопје АД по втор пат доби највисоко признание за квалитет на пијалоците што ги произведува од страна на компанијата Кока-Кола.
На двата аеродрома скопскиот и охридскиот, заедно се регистрирани вкупно 71.598 патници, што претставува пораст на бројот на патници за 24,3% во однос на истиот месец минатата година.
Министерот за градежништво изјави дека на првиот состанок што треба да се одржи оваа недела сите заедно ќе се обидат да утврдат колкави се долговите на градежната индустрија и како можат да се подмират.
Според оценката на мисијата на Меѓународниот монетарен фонд Македонија е земја со стабилна економија и стабилни макроекономски перформанси во услови на тешко окружение. Предвидениот раст од 2%, иако има ризици е остварлив.
Пораката на денешната конференција Бидете жена бизнис-лидер - секогаш чекор пред другите и издвојте се со храбри претприемнички вештини и потфати, е дека нема разлика меѓу маж и жена кога станува збор за претприемништвото.
Јапонски Sharp планира да го продаде својот удел во компанијата Pioneer. Sharp со 9,2% е најголем акционер во Pioneer, а сега бара купувач за акциите за да може да ги финансира трошоците за реструктуирање.
Агенцијата за електронски комуникации од денес почнува со мерења на квалитетот на услугите од телекомуникациските оператори.
Германскиот произведувач на автомобили Дајмлер планира да лансира нова линија на мали луксузни автомобили во својот оддел Мерцедес – Бенц, како конкуренција на ривалскиот лидер на пазарот на луксузни автомовили, BMW.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во февруари во Македонија се зголемил за 5,5% во однос на истиот месец лани.
Центарот ќе се простира на 40.000 метри квадратни, а освен продавници и деловни простории, ќе има и околу 200 станови.
Осигурителната компанија Триглав Осигурување воведува нов пакет на осигурителни производи на пазарот под името Триглав комплет.
Сите нови постпејд корисници имаат можност да изберат од новите Vip Free + постпејд тарифни модели кои нудат неограничена комуникација, при што најголемата предност е можноста корисниците да уживаат во слободна комуникација без обврски за минимално времетраење на договорот, соопштија денес од Vip.
Компанијата Seavus и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) следниот месец организираат студентска конференција, со цел развивање на што поквалитетни ИТ кадри во Македонија и намалување на едукативниот јаз меѓу барањата на бизнисот и академијата.
Националната авиокомпанија на Обединетите арапски емирати Етихад ервејс, на 15 јуни ќе воведе редовни дневни летови меѓу Абу Даби и Белград, што е прв чекор во развојот на партнерството меѓу Етихад и српски ЈАТ, најавија челниците на овие компании.
Германскиот енергетски концерн RWE го продаде својот дел во конзорциумот за изградба на гасоводот Набуко на австриската нафтена компанија OMV.
Иван Петровски е назначен за нов претседател на Управниот одбор на Фершпед. Долгодишниот вработен во компанијата доаѓа на ова место, откако на крајот на март челната позиција ја напушти Штерјо Наков.
Меѓународен конзорциум во петокот понудил 227 милиони евра за контролниот удел од 75% во косовското државно телекомуникациско претпријатие ПТК, што е втор обид на владата во Приштина да ја продаде најпрофитабилната фирма во земјата.
Компаниите за сувомеснати и млечни производи и дистрибуција од Македонија и Турција, Пекабеско и Балканска млекара потпишаа долгорочен договор за соработка.
Хрватската влада во Брисел купи зграда од 4.078 метри квадратни и 68 паркинг места за потребите на своите претставништва при институциите на Европската унија. Цената изнесува 11,5 милиони евра.