Данскиот произведувач на пиво Carlsberg објави дека дал понуда за делумно преземање на кинеската пивара Chongqing Brewery Company (CBC), чија вредност се проценува на 461,49 милиони долари.
Фондацијата Т-Мобиле за Македонија и Фондот за деца при Обединетите нации УНИЦЕФ, ќе отворат дополнителни Центри за ран детски развој во ранливите заедници.
Управата на американскиот Marriott извести дека овој ланец хотели се здружува со шведскиот произведувач на мебел Икеа, со кој во неколку европски земји ќе отвори ланец нискобуџетни хотели под името Moxy.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индустриското производство во јануари 2013 година во однос на истиот месец лани е помало за 1,3%.
Новиот Golf 7 се закити со престижната титула Европски автомобил на годината за 2013, откако освои најмногу гласови од жирито составено од 58 автомобилски новинари од 22 европски земји.
Новиот Mercedes CLA денеска премиерно е прикажан на европски саем за автомобили во Женева.
Откако беше пронајдено зголемено ниво на фекални бактерии во чоколадни колачиња од шведска ИКЕА, здравствените власти во Кина конфискуваа близу два тона од пратката.
Македонија 2025 ќе биде домаќин на вториот Глобален инвестициски самит за Македонија, кој ќе се одржува од 3-ти до 6-ти октомври во Охрид.
Yahoo продолжува со кратење на трошоците, а во овој бран се опфатени помалку профитабилните сервиси на компанијата. Ќе се укинуваат седум сервиси коишто не носат резултати какви што се очекуваат.
Во јануари годинава од Македонија извезени се производи во вкупната вредност 305.638.000 американски долари, а увезена е стока со вредност од 497.227.000 долари.
Лидерот на мексиканскиот нарко картел Синалоа, Хоакин Гузман Лоера алијас El Chapo Гузман е изоставен од овогодишната листа на најбогати луѓе во светот на американскиот магазин Форбс.
По сумирањето на финансиските резултати од деловната 2012, како и од почетокот на оваа година, осигурителната компанија Винер – Виена Иншуренс Груп, соопшти дека продолжува со одлични резултати, остварувајќи континуиран и стабилен раст од квартал во квартал.
Ако се оствари планот на министерот за финансии Славко Линиќ, менаџерите на хрватските банки во иднина нема да можат да делат бонуси повисоки од една четвртина од вкупните примања, пишува Јутарњи лист.
НЛБ Тутунска банка на пазарот воведе мобилно банкарство.
Во мај во Врање ќе почне изградба на фабрика на италијанската компанија Geox што ќе биде најголема инвестиција досега во овој град. Во фабриката ќе бидат вложени 15 милиони евра.
Мобилниот оператор One од вчера повторно промотивно воведе половина месечна претплата во мобилниот пост-пејд резидентен сегмент, цели 24 месеци.
До Управата за јавни приходи, годишна даночна пријава досега доставиле 30.933 лица. Рокот за пријавување истекува на 15-ти март и се очекува бројка од 200.000 граѓани да ги пријават дополнителните приходи.
На десеттото издание на на Меѓународниот саем на градежништво, градежни материјали и градежна механизација, што ќе се одржува од утре до 9 март на Скопскиот саем, ќе се претставата над 300 компании со разновидна програма од градежништвото.
Жетвата во Виетнам, најголемиот произведувач на кафе од видот робуста, ќе потфрли оваа сезона поради големата суша. Лоши вести доаѓаат и од Бразил, каде поради лошото време се очекува пад на производството на кафето арабика.
На панел дискусијата Подготовка на компанијата за раст и развој, со учесниците во Top Class програмата на CEED Македонија своите искуства ги разменија Илијанчо Гаговски, поранешен генерален менаџер на Мајкрософт за Македонија, Робин Зимбаков, основач, директор и косопственик на Солопром и Михајло Костовски, сопственик на Енерго Систем.
Mitsubishi Motors одлучи светската премиера на концепт возилото G4 Compact Sedan да го претстави на меѓународниот саем за автомобили во Тајланд, што треба да се одржи на крајот на овој месец.
Во селото Слепче во Демир Хисар, викендов беше отворена фабрика за производство на балетски обувки и опрема од страна на руски инвеститори.
Раст на приходите од продажбата е забележан со сите стратегиски сегменти на деловно работење. Притоа најголем раст од 8,9% има сегментот на кафиња, производите за нега и здравје имаат раст од 7,8%, додека деликатесните намази 7,6%.
Поради останување на пазарот во земјите од ЦЕФТА по влегувањето на Хрватска во Европската унија, интерес за инвестирање во Босна и Херцеговина, освен компанијата Гавриловиќ, покажаа Подравка, Дукат и уште неколку хрватски компании.