Се очекува овој терминал да го олесни сообраќајот од постоечкиот аеродром во Пекинг кој работи над планираниот капацитет.
Банката на своите “посебни клиенти“ им овозможувала отворање на таканаречени црни сметки, кои служеле за прикривање на пари од даночните власти, како и подигнување на големи износи во готовина во различни валути.
Платформата служи како еден вид на берза на понуда и побарувачка, затоа што преку неа може да комуницира со изведувачи, но и да се споредуваат понуди.
По истекот на шест месеци, корисникот повторно може да ги активира дополнителните пакети со редовен месечен надомест. Понудата трае до 31 март.
Милер поминал 12 километри во Сан Франциско, каде што со неговото движење ги испиша зборовите Hire me (вработи ме).
Пред 125 години, Август Кине и Фридрих Нагел основале шпедитерска компанија во Бремен под името Kuehne + Nagel. Она што започнало со транспорт на суровини и производи како памук, жито, дрво, добиточна храна и шеќер, се развило во една од водечките светски логистички компании.
Во периодот јули - декември минатата година се издадени 14 одобренија за употреба, а проценетата вредност на објектите изнесува 1.688.518.000 денари.
Цените на горивата од ноќеска поскапуваат од 2,50 до 3,50 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Првичната идеја за овој вид патување со авион, Spring Airlines ја имаше уште во 2009 година, бидејќи од компанијата сметаат дека за пониска цена патниците ќе може да патуваат со авион исто како и со автобус.
Вкупните девизни резерви на крајот на јануари оваа година изнесуваат 2.483.700.000 евра, што претставува зголемување од 504.600.000 евра, во однос на истиот период минатата година.
Турскиот министер за енергетика Танер Јилдиз и првиот човек на руски Газпром, Алексеј Милер, вчера четири часа летаа со хеликоптер над Црното море и ја разгледуваа можната траса на гасоводот Турски тек.
Правот ја зголемува вискозноста на водата и за кратко време ја трансформира во гел, кој се користи за гасење и превентива од пожар.
Од банката најавуваат видно олеснување на пристапот до финансирање со поголеми износи. ПроКредит ќе кредитира преку Земјоделскиот Гарантен фонд и активно поддржува здружување на земјоделците преку кредитирање на земјоделски кооперативи.
Брендот за производство и продажба на мебел Технокооп, отсега се наоѓа на нова и подобрена локација, во населбата Пинтија.
Овој велосипед има силна структура, односно рамка што го поврзува задното тркало, што изгледа како она на моторните санки, со предната скија.
Италија направи нацрт – план за формирање банка во државна сопственост за “токсични“ кредити, преку која проблематичните кредити ќе се истиснат од италијанските банки и ќе се зајакне нивната актива.
Околу 1.400 компании во делот на производство, градежништво, услуги и трговија ги искористија средствата од Европската инвестициона банка (ЕИБ).
Апликацијата PhotoMath за само три месеци ја презеле преку 11 милиони корисници само на уредите на Apple, а од овој старт - ап најавуваат дека во текот на февруари ќе пуштат и Android верзија.
Граѓаните и инвеститорите од денеска можат од дома да проверат дали низ нивна или друга локација за која се заинтересирани поминува инфраструктурен објект.
Понудата е достапна од денеска сѐ до 15.02.2015 и важи за сите нови и постојни корисници со договор на 24 месеци.
Со идентификување на специјалниот ’мирис’ ослободен од клетките зафатени со ракот, NaNose системот може да го открие присуството на тумори, без оглед на тоа дали се малигни или бенигни, и тоа многу поефикасно и поевтино од претходно.
Компанијата Витаминка се вклучи во акцијата за помош на граѓаните кои се погодени од поплавите, со финансиска донација, како и донација од прехранбени производи.
Во декември минатата година се издадени 305 одобренија за градење, што е за 27,6% повеќе во однос на истиот период претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Помошта се состои во производи од компанијата, со кои што ќе се задоволат дневните потреби на граѓаните од поплавените населени места.











