Компанија за веб дизајн ја напуштила Хрватска поради незадоволството од бирократијата во земјата и решила тоа да им го стави до знаење на сите
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2014 година, во однос на јануари 2013 година, изнесува 100.7.
Целта е осознавање на потенцијалите и можностите за заеднички пристап и заемни активности на населението од локалните заедници кои имаат или би имале заемен интерес во учесто на развојни проекти.
Двајца македонски наставници го освоија првото место на глобалниот едукативен натпревар на Мајкрософт, кој се одржа од 11-14 март во Барселона, во конкуренција од над 1.100 учесници од 97 земји.
Државниот завод за статистика информира дека прометот во трговијата на мало, во 2013 година, реално бележи пораст во групата Непрехранбени производи, освен горива.
Одборот на гувернери за меѓународно емитување на владината агенција на САД, Гласот на Америка, објави детали од буџетот за 2015 година, во кој се предвидува укинување на балканските сервиси
Водени од потребата за соработка во полето на активен развој и промоција на заедничката туристичка понуда, Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот на Македонија и Националната Агенција за туризам на Албанија, потпишаа договор за меѓусебна соработка
Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот (АППТ), трета година по ред го претстави туристичкиот потенцијал на Македонија на Саемот за туризам во Москва, Русија.
Повеќе од 400 домашни и странски произведувачи од 25-ти до 30-ти овој месец ги изложуваат своите производи со цел да ги привлечат посетителите и да остварат одреден профит. Попустот што производителите го даваат се движи од 5% до 30%.
Државниот завод за статистика, според своите податоци информира дека индексот на индустриското производство во февруари 2014 година, во однос на февруари 2013 година, изнесува 104.1.
Еден час чување чини две куни (16 денари), а ќе постои можност и за купување на месечен билет. На паркингот има место за 70 велосипеди, кои ќе висат закачени на куки.
Новиот концепт на анализа може да ги заштити брендовите во алкохолната индустрија, да се разликуваат од фалсификатите на пазарот и да ги раздвои легалните произведувачи од илегалните трговци.
По 18-ти пат, агенцијата Марили, синоќа ги избра најуспешните жени менаџери за 2014 година. Се бираа жени на раководни позиции од приватниот и јавниот сектор.
Истражувачкиот тим на Алкалоид првпат во светски рамки ја реши кристалната структура на соединението кодеин фосфат сесквихидрат, супстанца која зазема значајно место во фармацевтската индустрија и се употребува повеќе од половина век.
Бугарија е земја со најниска цена на трудот во Европската унија за 2013 година – 3,7 евра за час. Најплатен работен час имаат Швеѓаните, 40,1 евра.
Народната банка на Република Македонија донесе одлука за издавање ковани пари за колекционерски цели со ликот на Кирил и Методиј и со Лав од серијата хороскопски знаци.
Кинезите сакаат во Марибор, Словенија, да инвестираат во фабрика за акумулатори, во мариборскиот аеродром и фармацевтската компанија Марифарм.
Собранието на Македонски телеком денеска донесе одлука за исплата на дивиденда за 2013 година во вкупен бруто износ од 2.716.252.939 денари. Бруто износот на дивидендата по акција е 31,49 денари.
Народна банка на Република Македонија го проширува опфатот на валутите за кои ќе се објавува курсот на денарот со додавање нови валути чии курсеви се објавени на веб страницата на Европската централна банка.
Објектите на Дени Шпед, Гама Инвест и Рио Кафе во општина Илинден утре од 9 до 14 часот ќе бидат без електрична енергија.
Сивата економија и недостигот на млад квалификуван кадар се уште се најголемите проблеми на македонските занаетчии. Голем број работат на црно
Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите ја оценуваат економската состојба на деловните субјекти во февруари 2014 година како понеповолна во однос на претходниот месец
Поради тесниот простор на терасата на 86-тиот кат на Empire State Building, новиот Mustang ќе се пренесе во делови и со лифт, бидејќи доставата со хеликоптер е премногу ризична.
Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси заедно со меѓународната услужна компанија Еколог основаaт Фонд за поддршка на жени и млади во претприемништвото.











