Во луксузните услови ќе уживаат 120 станари кои ќе одлучат дали ќе купат или ќе изнајмат еден од апартманите.
Агенцијата Марили по 18-ти пат вечерва ќе ги избере најуспешните жени менаџерки од Република Македонија.
Компанијата изработува и џамбо кутии за пакување на мебел и соработува со неколку домашни произведувачи на мебел кои ги снабдуваат продажните ланци на Икеа.
Компанијата Свислион започна нов инвестициски циклус во Агроплод и регионот, со отворање нов маркет во Ресен.
Целта на синдикатот е да се зголеми притисокот на владата пред третиот круг преговори за платите, кој би требало да започне на крајот на овој месец.
Управниот суд на Анкара наложи да се укине контроверзната одлука на турската влада за блокирање на пристапот на Twitter во државата, објави Ројтерс.
Со летниот ред на летање што треба да стапи во сила во недела на полноќ на 30 март, Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) одобри 141 летови неделно, за 16 повеќе во однос на летната сезона во 2013, изјави директорот на АЦВ, Дејан Мојсовски.
Гернот Раш e назначен за нов главен маркетинг директор, соопшти денеска операторот ВИП. Раш, кој има широко меѓународно искуство, вклучувајќи го и учеството во тимот задолжен за подготовки за почеток на работата на ВИП на македонскиот пазар.
Комерцијална банка АД Скопје ја завршила 2013 година со нето-добивка од 78,9 милиони денари, односно 1,28 милиони евра, а одлучено е добивката да се издвои во резерви заради зголемување на вкупниот капитал.
Очекуваме продолжување на позитивниот тренд на пораст на нашата економија што за 2013 година изнесуваше 3,1%. Нашите проценки за оваа година засега се дека растот ќе биде зголемен и ќе изнесува околу 3,7%.
Контролите на квалитетот на водата спроведени на почетокот на овој месец покажуваат дека квалитетот на водата во Охридското езеро е од прва односно втора класа, што е во рамките на дозволените стандарди.
Од април ќе можат да се порачуваат автомобили фиат 500L со погон на метан, најави маркетинг менаџерот на компанијата Фиат автомобили Србија (ФАС), Борис Чучковиќ.
Групата Lisca, која произведува женска долна облека и костими за капење, минатата година остварила 29,2 милиони евра приход, што е 10% повеќе во однос на 2012 година.
Општина Илинден обезбеди четири бесплатни проекти за изградба на куќа за сите оние што на јавните електронски наддавања успеаја да обезбедат градежни парцели за индивидуално домување во населбата Јака.
Во рамки на проектот, учениците на возраст од 16 до 18 години, од таа социјално ранлива категорија ќе имаат можност бесплатно да стекнуваат знаења и вештини за веб програмирање, за што на крајот ќе добијат и соодветен сертификат.
Причина за намалувањето на изложеноста е недостатокот на добри клиенти, но и свесната одлука на банките да пласираат помалку пари во Србија.
Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Дејан Рунтевски денеска ќе потпише меморандум за соработка со Стопанската комора на Северозападна Македонија.
Сараевската млекарница Милкос, која на почетокот на овој месец доби решение за извоз на пазарите на млеко, потврди дека турските компании веќе изразиле интерес за млечните производи од БиХ.
Македонската компанија Технокооп мебел на Саемот за мебел ќе ги израдува своите купувачи со вредни изненадувања. Преку наградување на купувачите Технокооп мебел ја одбележува 25-тата година од своето постоење на пазарот.
На Факултетот за електротехника и информациски технологии – Скопје (ФЕИТ) наскоро ќе биде отворена лабораторија во која ќе се детектира храната која веќе била третирана со јонизирачко зрачење.
Карловачка пивовара го прошири своето портфолио со безалкохолното пиво Карловачко 0,0% Maxx.
Вкупниот увоз на природен гас изнесуваше 37.336 мил. nm3, што во споредба со увозот во истиот период од претходната година претставува пораст од 125,9%.
Во 2013 година, Крка од извоз заработила преку 1,11 милијарди евра, што е околу 5% од вкупниот словенечки извоз.
ВИП оператор воведе нов систем за управување со односи со корисници (CRM - Customer Relation Management).