Нов продажен салон на единствената фабрика во Македонија за производство на мебел од 100% природна телешка кожа и штоф, Elitte SOFA, беше отворен во петокот во Визбегово.
На сигурен отпис на долговите можат да сметаат околу 70.000 хрватски граѓани кои и должат на државата, од вкупно 290.000 граѓани со блокирани сметки затоа што не можат да ги враќаат долговите.
Вкупно 162.000 семејства или лица до сега поднеле барање за откуп на дворното место за едно евро за метар квадратен.
Оваа година пристигнати се 402 апликации до Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, за разлика од минатата година кога беше објавен седмиот повик и имаше само 120 апликации.
Традиционално и оваа годинава ќе се одржи манифестацијата Претприемач на годината, чиј мотив е да се наградат најдобрите мали и микро претпријатија и да се промовираат успешните претприемачи во Македонија.
Оваа четврта кредитна линија е за да се продолжи поддршката на приватниот сектор, да се зголеми нивната ликвидност, да се отворат нови работни места и да се подобри извозот.
Фармацевтската компанија Белупо во новите фабрики ќе произведува полутврди и течни, како и тврди лекови. Се очекува новите фабрики да почнат со работа во првиот квартал од 2017 година.
Агенцијата Standard & Poor’s го намали кредитниот рејтинг на Европската унија од најдобар кредитен статус AAA на AA+.
Во Македонија се создава околу 110.000 тони амбалажен отпад, а само околу 40 - 45% се пријавува кај колективни управувачи со отпад од страна на производителите.
Трибините се одржани во 10 населени места, однсно Корошишта, Радожда, Мислешево, Октиси, Луково, Биџево, Драслајца, Мороишта, Враништа, Ложани, а беа информирани 123 земјоделски производители.
Баклавата со фстаци од југоисточна Турција е првиот турски производ што доби европска ознака за квалитет, објави Европската комисија.
Во буџетот за 2014 година се предвидени капитални инвестиции од 365 милиони евра и околу 150 милиони евра за изградба на патна инфраструктура.
Денеска во Јавното претпријатие Македонски железници Инфраструктура ќе биде потишан договор за градежни работи за реконструкција на железничката делница Куманово - Белјаковце на Коридорот 8, во должина од 30 километри
Очекуваме Mercedes Benz до март да склучи соработка со најмалку една фабрика за автобуси во Србија. Во тек се и преговори со италијанскиот произведувач на чоколада Ferrero за инвестиции во земјоделието, изјави Александар Вучиќ.
Летот ќе го реализираат авиокомпанијата Германија и воздушниот оператор Ер Приштина.
Скопскиот аеродром Александар Велики од ноќеска повторно е затворен за сообраќај.
Советот на доверители одлучи, велешката фабрика за цигли Киро Ќучук да не се рестартира
Македонската Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и босанската Канцеларија за хармонизација, координација на системот за плаќања во земјоделството, храната и руралниот развој ќе ја унапредуваат соработката во процесот за пристапување на државите кон Европската унија.
Станува збор за пет големи трговски објекти од ланецот на Конзум, од кои три се во Загреб и по еден во Задар и Сплит, кои Агрокор ќе ги земе под закуп на 20 години.
Телекомуникацискиот оператор Blizoo од денеска, па сѐ до средината на јануари 2014, на сите нови и постоечки корисници кои ги користат дигиталните видеоуслуги на операторот, бесплатно ќе им ги емитува сите 130 канали што ги има во својата понуда.
Граѓаните ќе се едуцираат за финансиските услуги и ризиците кои произлегуваат од нив, најавија денеска Народната банка на Република Македонија (НБРМ) и Министерството за финансии заедно со сите институции кои имаат надлежност во регулирањето на финансиките услуги.
Британската фармацевтска компанија GlaxoSmithKline ја укинува праксата да им дава хонорари на лекарите за промоција на нивните производи, а наскоро ќе го укине и исплаќањето на бонуси по бројот на препишани лекарски рецепти.
Српската Агенција за приватизација ја објави денес одлуката за реструктуирање и приватизациски проспект на компанијата за производство на лекови Галеника и друштвото за новинско - издавачка дејност Политика.
Скопскиот аеродром Александар Велики повторно е отворен за сообраќај.