Идејата на иницијативата “1:12 за фер плати” беше дека никој месечно не смее да заработува повеќе од нечија годишна плата.
Министерот за економија Ваљон Сарачини денес ќе одржи билатерална средба со претставници на официјалната делегација на Република Хрватска предводена од министерот за економија на Хрватска, Иван Врдољак.
Изградбата на проектот вреден 1,9 милијарди евра ќе трае две години, а пуштањето во употреба е планирано за 2016 година.
Во општина Илинден денес ќе биде пуштена во употреба првата дисперзирана канцеларија на Агенцијата за вработување.
Од почетокот на април наредната година, со авиокомпанијата Визер македонските граѓани ќе можат да летаат на уште три нови дестинации Париз, Брисел и Франкфурт, најави премиерот Никола Груевски.
Porsche ја проширува својата гама и влегува со сосема нова класа. Macan е првиот Porsche претставник во компактната класа на спортско корисни возила, кој поставува нови стандарди во полето на динамиката и на уживањето при возењето, како на асфалтирани улици, така и на нерамен терен.
Германската телекомуникациска компанија Deutsche Telekom соопшти дека продава 70% од уделот во својата компанија за рекламирање на интернет за 1,5 милијарди евра.
Турскиот авиопревозник Pegasus е именуван за најевтин во Европа, во споредба со 20 нискобуџетни авиокомпании, според WhichAirline, интернет страница која прави споредби на нискобуџетните авиокомпании во светот.
Македонски претставници од Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони на Република Македонија присуствуваат на конгресот Automobil Produktion China, што се одржува во Гуангжоу, Кина.
Во Скопје денес ќе биде потпишан Меморандум за разбирање меѓу Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.
Италија ќе ги продава уделите во јавните претпријатија, вклучувајќи ја и нафтената компанија Eni, за да собере до 12 милијарди евра и да го намали јавниот долг.
Откако пред година ипол воведе инвеститорите што градат хотели со четири и пет ѕвездички да плаќаат 30 евра по квадрат за комуналии, градоначалникот Лазар Раѓеновиќ најави дека со новата одлука тој износ ќе биде сведен на нула евра.
Премиерот Никола Груевски соопшти дека Владата наскоро ќе објави тендер за издавање под концесија 80 нови локации ширум земјава за изградба на мали хидроелектрани
Универзитетот Американ Колеџ од Скопје и Стопанската комора на Македонија денес организираат бесплатно предавање на тема Иновативен и револуционерен маркетинг.
Штрајкот на вработените на Аеродром Загреб продолжува и денес. Координацијата на синдикатите се уште не го добила концесискиот договор на увид и не сакаат во постапката за концесионирање да влезат без јасна ситуација.
Премиерот им порача на сите што имаат некаква иновација, да сметаат на поддршка од државниот фонд кој, како што нагласи, е формиран за помош на македонските граѓани и компании.
По една година постоење, реномираната компанија АРТ Мебел го отвори вториот салон во Скопје на улица Првомајска. Со ова љубителите на уникатен и квалитетен мебел и кујни добија уште едно место на кое може да најдат се за уредување на убав и топол дом.
Во пресрет на празниците, Mobile и T- Home на своите корисниците денес им понудија две Новогодишни промоции.
Компанијата Пакомак организира Зелен награден натпревар Green Team, во кој ќе се доделуваат вредни награди.
Во 2014 година Македонија ќе го преземе претседавањето со ЦЕФТА од актуелниот претседавач Босна и Херцеговина.
Софтверот со кој пораснаа многу генерации на корисници на компјутери, официјално ќе биде испратен во историјата на 20 декември, објави компанијата AOL, неговиот сопственик.
Шефот на Икеа Франција е обвинет дека најмил фирма на приватни детективи да “прочешлаат” одделни вработени, особено активисти во синдикатот, кандидатите за работа, па дури и незадоволните клиенти.
Против одговорните во рудникот Саса поднесени се една кривична пријава и пет прекршочни пријави од областа безбедност и здравје при работа, а констатирани се и неправилности од областа на работните односи.
За една година ќе се тестира меѓу 10% и 25% од персоналот, по случаен избор преку компјутерска програма.