Телекомуникацискиот оператор ОНЕ донираше мебел на Фондацијата Рето-Надеж со седиште во Скопје, чија мисија и цел е обезбедување помош на зависници од наркотици и алкохол во откажувањето од зависноста и нивна повторна ресоцијализација.
Малопродажните цени на Еуросупер БС-98 и на мазутот благо ќе се зголемуват, цената на Екстралесното масло ќе се намали, додека цената на Еуросупер БС-95 и на дизелот останува непроменета.
Проблемите со кои се соочуваат производителите на раноградинарски култури се нерешен статус на земјиштето, скапи енергенси, висок надомест за експлоатација на геотермалните води и ниски субвенции.
Откако викендов беше пуштен во продажба, во првите 24 часа беа продадени преку еден милион конзоли PlayStation 4, јавува Ројтерс. Претходниот модел, PlayStation 3, оваа бројка ја постигна дури по три месеци.
Министерството за економија денес во Скопје ја организара третата по ред седница на Мешовитиот комитет на Македонија и Косово за економска соработка.
Компанијата Heinz, најголемиот американски произведувач на кечап и на конзервирана храна, затвора три фабрики и отпушта 1.350 работници за да работи поефикасно.
Граѓаните и компаниите за првпат ќе имаат можност да направат проверка на своите броила со кои се мери потрошувачката на топлинска енергија и на други течности во нивните објекти.
Новиот аеродром би се градел седум години. Предвидено е да има шест писти, а вкупната вредност на проектот изнесува 55 милијарди евра.
Извршниот директор Мајк Перлис откри дека компанијата ангажирала банкари да го испитаат теренот за продажба, откако добиле неколку неофицијални понуди во последните месеци.
Владата на Република Македонија воведува наградна игра во која секој граѓанин со собрани 20 фискални сметки, од кој било износ, може да учествува и да добие некоја од вредните награди.
Агенцијата за катастар на недвижности на Македонија и Републичкиот геодетски завод на Србија денес ќе потпишат Mеморандум за соработка.
Некои од "премиум" домените што се ставени на продажба се sandwich.com, crackers.com, jockeys.com. Цените се движат помеѓу 1.000 долари и 1,5 милиони долари. Наддавањето почна на 14 ноември и ќе трае една недела.
Вкупната инвестиција ќе чини околу 15 милиони евра. Фабриката ќе се наоѓа на постоечката парцела во технолошко-индустриската развојна зона Бунарџик, а камен-темелникот ќе биде поставен во април следната година.
Годинава најдобрите три гостилници се: 1. Ѓезме кај тумба; 2. Капка; 3. Дарија, а најдобрите три ресторани се: 1. Лира; 2. Сушико и 3. Гурмет.
Плановите на турската компанија се Контејнерскиот терминал на пристаништето Бар да го позиционира како главен регионален дистрибутивен и логистички јазол за регионот на Балканот.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во септември 2013, продажните цени на производителите на индустриски производи вкупно се повисоки за 1,2% на месечно ниво, а се пониски за 2,6% на годишно ниво.
Словенечката фармацевтска компанија Крка во првите девет месеци годинава остварила приход од продажба во висина од 857,8 милиони евра, што е за 5% повеќе во споредба со истиот период лани.
Европско-македонскиот центар за знаење и иновации ЕМКИЦЕ денес во Скопје организира настан насловен како Awaking macedonian angel investmnent scenе, со кој ќе биде најавена Европската недела на бизнис ангели која ќе се одржи во 31 држава.
Царинската управа и Тутунски комбинат АД Прилеп ТКП потпишаа Меморандум за соработка со кој ќе се спречува шверц на цигари, ќе се разменуваат информации, ќе разменуваат искуства.
ЕАСА до крајот на овој месец ќе ја обнови новата директива со која се проширува можноста за користење на таблети, смартфони, лаптопи и слични уреди во текот на сите фази од летот, под услов да се подесени во режим за работа во авион (airplane mode).
Мобилниот оператор Вип објави раст на приходите и добивката во третиот квартал од годината, како и зголемување на пазарниот удел
Сојузот на стопански комори годинава е добитник на наградата 13 Ноември која традиционално ја доделува Град Скопје од 1955 година.
Новиот трговски и резиденцијален комплекс Capitol Mall & Residence официјално ќе биде отворен на 12-ти декември.
Прехранбената компанија Бамби следната година планира да инвестира 10 милиони евра во нова линија во Пожаревац и во нови производи, најави директорот Даниел М. Боехи.










