На вчерашната седма седница општина Василево со донесување на урбанистичкиот план за вон населено место, се заокружи законската постапка за отворање на втората стопанска зона во оваа општина.
Највисока оценка за кредитен рејтинг ААА во Европа имаат само уште осум земји, според проценките на трите највлијателни рејтинг агенции Moody’s, Fitch и Standard & Poor’s.
Компанијата за здрава храна Виталиа, вчера во присуство на своите соработници, бизнисмени, љубители на здравиот живот и приврзаници на брендот го прослави својот 20-ти роденден.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во октомври 2013, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски за 1,4% на месечно ниво, односно за 2% на годишно ниво
Жупанискиот суд во Загреб му одреди едномесечен притвор на претседателот на Хрватската стопанска комора (ХГК), Надан Видошевиќ, поради опасност од вршење на влијание врз сведоците и уништување на документацијата.
Во просториите на НУБ Св. Климент Охридски во Скопје, утре и задутре, со почеток во 10 часот, по четврти пат ќе се одржи манифестацијата Стипендии ЕКСПО, во организација на Образовниот информативен центар од Скопје.
Со новата посебна Програма на Владата, за субвенционирање на вработувањето во приватниот сектор на лицата кои се невработени и активно бараат работа, ќе бидат вработени 150 корисници на социјална парична помош.
Отворањето на Зираат банка во Црна Гора, кое веќе некое време е најавувано, претходно е оценето како голем придонес за унапредување на претприемништвото, малиот и средниот бизнис.
Во организација на Меѓународната финансиска корпорација (IFC), членка на Групацијата на Светска банка денес во Скопје ќе се одржи дискусија на тркалезна маса посветена на создавање нови работни места и поттикнување развој во автомобилскиот и агри секторот .
Земајќи ги предвид најновите макроекономски, финансиски и пазарни показатели, Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ одлучи да ја задржи каматната стапка на рекордно ниски 3,25%.
Јапонскиот произведувач на воздушни перничиња за автомобили Таката ги извести српските власти дека се откажува од плановите да гради фабрика во Србија.
Во БиХ се блокирани 63.692 сметки на деловни субјекти, а 38.920 фирми имаат барем една сметка под блокада, објави Централната банка на БиХ.
На вчерашната седница на Владата на Република Македонија беше донесена одлука за објавување шест јавни повици за доделување на концесии за детални геолошки истражувања и експлоатација на минерални суровни на 53 локалитети во речиси сите општини.
СЈ Компани, со мало задоцнување ги исполнува правата од работниот однос на вработените во скопските ресторани на Мекдоналдс, кои неодамна беа затворени. Во денешното соопштение се потенцира дека компанијата ќе ги исполни сите преземени обврски кон вработените и покрај тоа што рестораните не работат шест месеци.
Сбербанк, најголемата руска банка планира да отпушти 30.000 вработени во следните пет години, што претставува околу 10% од персоналот, изјави претседателот на банката Херман Греф.
Во Атина на 17 декември за првпат ќе се одржи грчко-македонски економски-бизнис форум.
На годинешната јубилејна 15-та конференција во организација на Здружението на авторизирани производители на автомобилски компоненти ОЕSA 2013 Outlook Conference, што вчера се одржа во Детроит, САД, беа претставени инвестициските поволности во Република Македонија.
Во делот на некогашната индустрија Обод во Цетиње, на почетокот на следната година ќе почне да се произведува чоколадо, а инвеститор е украинската компанија Монтелор.
Богати Срби од Белград последнава година се натпреваруваат со Русите во побарувачка на станови во Банско, пишува Стандарт.
Бизнис конфедерацијата на Македонија и Организацијата на работодавачи денес ќе презентираат стратегиска рамка за подобра бизнис клима во Македонија
Oд вкупниот број трансакции во Хрватска, 80% отпаѓаат на домашни трансакции, 7% на излезни, а 13% на влезни, односно трансакции на стански компании на хрватскиот пазар.
До крајот на годината се очекува три странски компании да ги објават своите намери за инвестирање во Македонија. Две од нив се од медицинската индустрија и една од секторот телекомуникации.
Операторот ОНЕ со голема роденденска забава, во клубот Експо, одбележа 11 години од постоењето на компанијата и четири години од влезот на Телеком Словеније на македонскиот пазар.
Австралиската компанија Oceanlinx, кон крајот на октомври во Порт Мекдонел, Јужна Австралија, пушти во работа електрана со моќност од 1MW која енергијата на морските бранови ја претвора во електрична. Компанијата наведува дека ова е прва електрана во светот со вакво технолошко решение.