Универзитетската Клиника за радиотерапија и онкологија од Скопје, по втор пат доби донација од фармацевтската компанија Плива.
За да им излезат во пресрет на купувачите, Mercedes од 2014 година ќе го продолжи работното време на вработените во фабриката Зинделфинген во Германија за дополнителни 74 минути дневно.
Францускиот Висок совет на радиодифузната агенција предлага посебен данок за работа на интернет сервиси за размена на видео содржини као што се YouTube, Dailymotion и Facebook, со цел да се натераат да придонесат за француската култура.
Во првиот квартал од следната 2014 година, директорот на Дирекцијата на технолошки индустриски развјони зони, Виктор Мизо, очекува конечна одлука за инвестирање во Македонија да донесат 10-тина компании.
Руската компанија Продис донираше новогодишни пакетчиња и производи од својот асортиман за децата од Домот за деца без родители 11 Октомври.
Денеска ќе започнат градежните работи за ремонт на железничката делница Ногаевци-Неготино на Коридорот 10, на Железничката станица Градско на пругата Велес-Гевгелија.
Министерот очекува отворање на нови работни места пред се во приватниот сектор. Од друга страна, со социјалната програма се предвидени средства за отпуштање на најмногу 20.000 работници следната година.
Динерс Клуб Македонија донираше опрема и производи за секојдневна употреба која е неопходна за децата во Дневниот центар за деца на улица.
Царинската управа денеска ќе додели одобрение за овластен економски оператор, што ќе и овозможи на компанијата сама да го врши царинењето.
Фонд менаџмент компанијата Turkven го купи мнозинскиот пакет акции во најголемиот синџир на болници во Турција, Медицински парк (Medical Park).
Фондот треба да располага со 40 милиони евра. Со Светска банка се разговара за кредит од 20 милиони евра, а дополнителните 20 милиони евра планирано е да се соберат од приватни инвеститори.
Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) е првата институција во Македонија која се стекна со CAF стандард и сертификат за ефективен CAF корисник.
Во Секторот рударство во 2013 година отворени се 530 нови работни места и се бележи зголемен раст од речиси 7% во однос на претходната година
ТТК Банка АД Скопје денеска прославува 20 годишнина од основањето на еден од нејзините претходници Тетекс Банка АД Скопје
Со поставувањето на новиот систем за размена на податоци компаниите веќе нема да мораат да ги доставуваат документите за увоз на стока издадени од Царинската управа во постапките за поврат на ДДВ во Управата за јавни приходи.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во септември 2013 година, во Република Македонија, бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија изнесуваше 582 984 МWh, што во споредба со истиот месец од претходната година претставува пад од 4,2%.
Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите во преработувачката индустрија ја оценуваат економската состојба на деловните субјекти во ноември 2013 година како непроменета во однос на претходниот месец, а како поповолна во однос на ноември 2012 година
Потенцијалните купувачи кои прават длабинска анализа на словенечката компанија Раденска добија дополнителен месец за подготовка на обврзувачките понуди. Понудите мора да бидат предадени до 1 февруари.
Водечкиот руски произведувач на автомобили Автоваз вчера ја произведе последната лада самара со пет врати, соопшти прес центарот на компанијата.
Јавните и комунални претпријатија, фондови и агенции кои планирале новогодишни забави или сакале да исплатат 13-та плата, треба да се стрпат и оваа идеја да ја зачуваат за подобри денови.
Мерките за ослободување од работни обврски поради загадувањето на воздухот во скопскиот, кичевскиот, тетовскиот и битолскиот регион кое деновиве е над дозволеното за бремените жени и лицата над 60 години, и лицата болни од астма, без разлика на возраста, со препорака од матичен лекар, продолжуваат до петок
Драфт верзијата на договорот за стратегиско партнерство меѓу Прилепскиот тутунски комбинат и светската тутунска компанија Филип Морис, е испратена до Владата на Република Македонија на разгледување.
Хрватското министерство за претприемништво и занаети објави јавен повик за доставување на проектни пријави за Зголемување на економската активност и конкурентност на малите и средни претприемачи, во вредност од околу 34 милиони евра.
Даночните обврзници задолжително ќе треба даночниот биланс и извештаи пропишани од законот за пресонален данок на доход да ги достават по електронски пат до Управата за јавни приходи











