Според резултатите објавени од Националното биро за осигурување на Р. Македонија за првата половина од 2013, Триглав Осигурување АД Скопје повторно е на првата позиција на пазарот, со остварена бруто полисирана премија од 534 милиони денари и пазарен удел од 16,16%.
Советот на општина Гевгелија го усвои деталниот урбанистички план за Блокот 10.
Русија на почетокот на месецов утврди нацрт закон според кој граѓаните од странски држави, кои доаѓаат како транзитни патници на 11 меѓународни аеродроми во Русија, можат да поминат 72 часа во оваа земја без виза.
Rolls-Royce Motor Cars, произведувач на ултра луксузни автомобили во сопственост на BMW, размислува да тргне по стапките на ривалот Bentley и да почне со производство на SUV возила.
Во организација на општината и ООУ Петре Поп Арсов, денес во Богомила денес ќе се одржи 7-от Саем на здрава храна Поблиску до природата.
На меѓународниот тим на експерти кои ќе го советуваат српскиот вицепремиер Александар Вучиќ и српската влада, наскоро ќе му се придружи и Бетина Нелен, експерт за борба против корушција и перење пари.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски престојува во дводневна официјална посета на Русија.
Во операцијата ќе учествуваат 500 лица од 26 земји, од кои 120 се нуркачи, 70 заварувачи, 60 пилоти, 50 инженери, но и 10 биолози кои ја следат состојбата на морето. Сите тие имаат само една можност за овој потфат, затоа што нема план Б.
Од вчера на полноќ сообраќајот меѓу Македонија и Косово се одвива нормално.
Во сите продажни места на ОНЕ од денес е достапен нов уред за следење на дигитални програми, таканарачениот Module CAM NP4, соопштуваат од компанијата.
Хрватската фармацевтска компанија Белупо, која функционира во рамките на групата Подравка, во Копривница ќе гради нова фабрика за лекови.
Според пишувањата на медиумите, со оваа приватизација владата би можела да добие до три милијарди фунти. Во приватизацијата ќе можат да учествуваат и околу 150.000 вработени во поштата.
Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) оценува дека штетите на бизнисмените од спуштањето на рампата на македонско-косовската граница се евидентни и кај двете засегнати страни и тоа ќе се одрази врз компаниите.
Новата промотивна понуда за станбен кредит од Стопанска банка АД – Скопје, која започна на 10 септември, нуди трајни и подобрени услови за кредитирањеза нов дом, при што каматната стапка останува гарантирана цели 5 години.
На саемот што се одржува во Хефеи, главниот град на кинеската провинција Анхуи од денес се презентираат Македонските вина од пет винарии.
Националната авиокомпанија на Србија, Air Serbia, вчера најави нови дестинации, зголемување на бројот на летови на линиите на кои веќе лета и почеток на програмата на обнова на флотата со замена на авионите Boeing 737-300 со Airbus 319.
Соработката помеѓу Француската платежна агенција и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и понатаму ќе продолжи.
Американскиот производител на млечни производи Schreiber foods ќе ги произведува производите на француската група Danone наменети за пазарите во Бугарија, Чешка и Португалија.
Најголем проблем, според аналитичарот Пјер Готје се државните банки, а приватните банки се помалку проблематични.
На Факултетот за туризам и угостителство во Охрид од денес до 15 септември ќе се одржува петтата меѓународна конференција ИКТ Иновации 2013, на која ќе бидат промовирани резултати од научни истражувања.
Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Зоран Коњановски вчера изјави дека предвремениот откуп на тутунот во земјава ќе почне кон крајот на септември и почетокот на октомври.
Поради нереализираниот договор кој на Унгарците им носи загуби, МОЛ се закани дека ќе бара отштета од две милијарди куни (263,6 милиони евра).
Откако стана дел од австриската групација Виена Иншуренс Груп – ВИГ, осигурителната компанија Кјуби се ребрендира во Осигурување Македонија.
Најдоцна до утре изутрина Косово ќе ја крене рампата за македонските производи, а се очекува да биде укината и влезната такса за косовските граѓани и возила при влез во Македонија, објавија Косовската радио телевизија и Косовапрес.










