На продажба се ставени 60.000 метри квадратни од фабриката во Сплит, хварските винарии, земјиште во Врбањ, фабриката за квас и винскиот подрум во Дрниш, насади на винова лоза во Дрниш и на Хвар, како и правата на брендовите Далмацијавино и Пипи.
Нафтена индустрија Србија (НИС) денеска започнува со изграба на паркот на ветерници Пландиште на територијата на истоимената општина, во кој ќе бидат инвестирани околу 160 милиони евра.
Фокусот на традиционалното обраќање на премиерот Никола Груевски пред домашните стопанственици ќе биде извозот и поддршката на извозот на домашните компании, при што ќе бидат опфатени другите актуелни економски теми.
Со меморандумот Булгартабак се обврза во следните пет години да ја задржи основната дејност, три години да го задржи постоечкиот број на вработени, да инвестира во модернизација на фабриката и да почне со производство на препознатливи брендови.
Во село Чешиново вчера беше означен стартот на жетвата на оризот од годинешната реколта.
Во второто тримесечје од оваа година стапката на невработеност се намали на 28,8%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во трговијата на мало во јули оваа година, во споредба со истиот период лани, е забележано намалување.
Основачот на Microsoft, Бил Гејтс, веќе дваесет години по ред е најбогатиот Американец според листата на Форбс. Со вкупен имот проценет на 72 милијарди долари, Гејтс успеа годинава да ја врати и титулата најбогат човек на светот, што му ја преземе мексиканскиот милијардер Карлос Слим.
Индексот на цените во земјоделството во август 2013 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е намален за 0,1%, а кај аутпутот е намален за 1,0%, се вели во соопштението на Државниот завод за статистика.
Поранешниот прв човек на ММФ ги најави првите конкретни совети за српската влада за неколку месеци, истакнувајќи дека нема волшебно стапче и дека резултатите не можат да се очекуваат брзо.
Владата на Република Македонија стартува проект преку кој ќе обезбеди стручна помош за компаниите со ангажман на странски експерти со цел да им помогне во работењето.
По седум години во приватна сопственост, хотелската групација Хилтон повторно излегува на берза. Сопственикот, приватниот фонд Блекстоун, очекува со иницијалната јавна понуда (ИПО) да обезбеди 1,25 милијарди долари.
Министерството за економија распиша оглас на кој можат да аплицираат сите заинтересирани приватни концесионери за менаџирање и стопанисување со комплексот Македонско село, лоциран во скопската населба Нерези спроти манастирот Св. Пантелејмон.
Извршниот директор на германската авиокомпанија Луфтханза, Кристоф Франц (53), ќе се повлече од функцијата со истекот на неговиот договор во мај 2014 година, за да го предводи управниот одбор на фармацевтската група Рош.
Од утре до 21 септември Охрид ќе биде домаќин на петиот Балкански стручно-научен конгрес од областа на рударството Балканмине 2013.
Рокот за добивање интегрирана еколошка дозвола до април 2014 година нема да биде пролонгиран. Ова го нагласи министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми.
Бродот што се насука и потона во јануари 2012 година кај островот Џилио конечно е извлечен од карпите и сега е во хоризонтална положба.
Од 19 до 21 овој месец, делегација од дваесетина турски компании, членови на стопанската комора на Бергама ќе ја посетат Македонија.
Подравка вчера објави дека го повлекува производот Ева сардина со лук и магдонос со рок на употреба до 9 јули 2017 година, затоа што е утврдено физичко оштетување на лименката поради што може да дојде до нејзино дување.
Тајванската компанија HTC ќе отпушта 20% од вработените во американските подружници, поради подобрување на ефикасноста и оптимизација на работењето, што треба да и помогне да зачекори во нова фаза на раст и иновации.
Претставници на јапонската компанија Mitsubishi преговараат со загрепски Кончар за можни инвестиции и соработка, потврди претседателот на управата на Кончар, Даринко Баго.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во јули оваа година, во однос на истиот период лани, изнесува 106,7, што укажува на пораст од 6,7%.
Новиот Форд Транзит Конект е именуван за Товарно возило на годината за 2014 на меѓународно ниво на изложбата COMTRANS за комерцијални возила одржана во Москва, со што Форд стана првиот и единствениот производител кој има победено во две последователни години.
За време на прославата на шестиот роденден, мобилниот оператор Вип организира забавен СМС награден квиз, чија главната награда изнесува 600.000 денари (10.000 евра).










