Американската инвестициска банка JP Morgan мора да им плати 920 милиони долари казна на американските и британските власти, поради финансиски манипулации со цените на дериватите на почетокот на оваа година, во кои изгубиле 6,2 милијарди долари.
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) по направената контрола констатираа дека на домашниот пазар не е увезена храна за доенчиња од спорните небезбедни пратки на производителот Бебивита.
Во Србија само 2% од стопанските субјекти или 1.208 фирми ги задоволуваат критериумите за добивање сертификат ААА врвен бонитет, кој е многу значаен за работење на пазарите на Европската унија.
Мобилниот оператор Вип вчера ја одбележа шестата година од влезот на македонскиот пазар со раст во сите сегменти.
BMW започна со сериско производство на својот електромобил i3. Освен специфичен погон, овој автомобил се одликува и со единствена каросерија – i3 е прв сериски автомобил од карбонски влакна.
Граѓаните и фирмите од денес ќе може преку СМС или електронска пошта од државни институции да добиваат информации за истекување на рокот на важноста на лиценци, за изготвени дозволи за работа и известувања за јавни повици за ИПАРД програмата.
Компанијата Жито Лукс се закити со уште еден супербренд сертификат за 2013/2014 година, повторно потврдувајќи ја својата позицијата како лидер во мелничко-пекарската индустрија.
Грчката економија е на пат да се опорави, изјави грчкиот министер за финансии Јанис Стурнарас, повикувајќи се на проценките на владата, според кои во второто тримесечје е забележан раст.
Компанијата BlackBerry до крајот на годинава ќе отпушти скоро 40% од вработените, поради финансиски проблеми. Процесот на отпуштање ќе се изведува во неколку фази и ќе ги зафати сите оддели во компанијата.
Компаниите отсега ќе имаат можност сами да го креираат својот бизнис пакет и тоа за секоја линија поединечно, со новата пакет понуда од ОНЕ, Select Business.
Министерот за економија Ваљон Сарачини денес и утре ќе учествува на состанокот на министрите за енергетика, што ќе се одржи во Вилнус, Литванија, како подготовка за средбата на министрите од тој ресор во декември годинава.
Само софтверската индустрија, која годишно расте за 10%, ќе има дефицит од над 27.000 работни места во 2015 година, иако просечната плата во овој сектор е 2.300 лева (1.176 евра) месечно.
Од ноември овој видео сервис на Google ќе им дозволи на мобилните уреди зачувување на видеата, за да можат да се гледаат офлајн.
Претставници на 23 компании од Стопанската комора на Бергама, Турција денес на бизнис форум ќе остварат директни средби со македонски стопанственици.
Поради внимателност и дополнителни анализи, Подравка донела одлука за привремено повлекување на Лино Фрутолино серија 22052013, со рок на употреба до 22 мај 2014 година, кој е дистрибуиран исклучиво на хрватскиот пазар.
Во хотелот Континентал со почеток во 11 часот ќе се одржи настан за официјално започнување на двата проекти финансирани од Европската Унија во областа на Интегрирана тарифна околина.
На своето обраќање до стопанствениците премиерот Никола Груевски најави дека наскоро се очекува да почне реализацијата на четвртата кредитна линија од Европската инвестициона банка (ЕИБ) во износ од 100 милиони евра
Скопје сити тауер денес за прв пат ги отвори вратите за медиумите. Беше презентиран современиот, европски тип на резиденцијални објекти, каде што станбените единици почнуваат веднаш над катовите наменети за деловни простории.
Во организација на Центарот за енергетска ефикасност (МАЦЕФ) и Министерството за економија денес беше одржана дебатата за Усогласеност на Законите со подзконската регулатива во делот на правилници, проекти-елаборати, овластувања или лиценци и надлежност.
Со инвестирање на 100 милиони евра, погонот на Alstom стана најголема фабрика за делови за хидроцентрали во светот.
За време на трговската блокада од Косово македонските компании мудро одиграле и затоа штетите се минимални.
Во организација на невладината организација Македонија 2025, годинава по втор пат, од 8 до 10 октомври во Охрид, ќе се одржи Глобалниот инвестициски самит за Македонија.
При-пејд корисниците на телекомуникацискиот оператор ОНЕ од денес, за своите 100 денари добива три пати повеќе кредит.
Отсега, корисниците за 99 денари неделно добиваат неограничени разговори кон Т-Мобиле и Т-Хоме и само 2,9 денари за целиот разговор кон другите мрежи. Оваа неделна опција се активира на 1460.










