Канадската компанија BlackBerry ја прифати понудата за 4,7 милијарди долари да биде продадена на најголемиот акционер Fairfax, кој веќе поседува 10% од акциите.
Руската државна компанија Ростех се согласи да продаде скоро половина од концернот за производство на оружје Калашников на двајца бизнисмени. Андреј Бокарев и Алексеј Криворучко ќе добијат 49% од компанијата за 75 милиони долари.
Според истражувањето спроведено од SWOT Research во соработка со професионални тајни купувачи, вработени во ДХЛ Експрес, Единство, ЕВН и ЕЛЕМ се најдобрите деловни асистенти во Македонија.
Apple соопшти и дека нивниот нов оперативен систем за мобилни iOS 7 веќе е инсталиран на преку 200 милиони уреди.
Од Стопанската комора на Македонија на вчерашната прес-конференција посочија дека месните капацитети во државата ги задоволуваат потребите на домашниот пазар за свежо месо, а недостиг има за преработките што се надополнува со увоз од околу 90% говедско и 50% свинско месо.
Од 1 ноември годинава цената на СМС пораките ќе поевтини за 50% а ќе има и намалување на големопродажните цени за терминација меѓу мобилните оператори, што треба да влијаат на намалување на износот на малопродажните цени.
Десетици илјадници текстилни работници во Бангладеш излегоа на улиците барајќи минимална месечна плата од 100 долари.
Денес со почеток од 16:00 часот на платото кај Хипериум, Дуна Компјутери ќе организира добротворна аукција за продажба на ракотворби и слики изработени од штитениците на Воспитно-поправниот дом Тетово со отворено одделение во Велес.
Наскоро ќе почне повторена постапка за продажба на словенечката компанија Палома. Евентуалниот купувач ќе мора да ја докапитализира компанијата.
Од ноќеска на полноќ бензините поевтинуваат за четири денари, а цената на дизел горивата се намалува за 1,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетија (РКЕ).
Шардоне Барик на Винарија Стоби го доби најпрестижното единствено признание, специјалната награда Шампион во категоријата бели суви вина, на 39 отворено меѓународно оценување на вина – Вино Словенија.
За изработка на овие обувки е користен материјал етилен винил ацетат, а едноставниот дизајн ги прави лесни за производство. Освен што не треба да се шијат, лепат, да се подготвуваат калапи, тие можат и да се испечатат, да се превиткаат и веднаш да се носат.
Бананица, Плазма, Јафа, Смоки, Еурокрем, кисела вода Књаз Милош, јогурт Моја кравица, сокови Нектар, Гранд кафа и Медено срце се најдобрите српски брендови, покажа истражувањето на порталот Телеграф.рс .
Официјалната регистрација за Глобалниот инвестициски самит за Македонија, што од 8 до 10 октомври годинава ќе се одржи во Охрид завршува денес.
Кредитната агенција Fitch го намали рејтингот на Хрватска од БББ- на ББ+, со стабилна прогноза.
Темите за кои ќе се зборува во рамки на осмото советување на Македонскиот комитет за големи електрични системи се важни за Владата бидејќи претстојната либерализација на пазарот ќе придонесе за поквалитетен и поевтин пристап на индустриските потрошувачи до електрична енергија.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски при денешната посета на Кавадарци истакна дека досега нема пријави за проблеми при откупот на грозјето, ниту од производителите ниту, пак, од преработувачите на грозје.
Охридска банка ги дислоцираше своите простории во Штип на атрактивна локација во градот, информираат од банката.
Најголемата причина за растот на Inditex лежи во агресивното ширење на нови пазари и отворање нови продавници. Најголемиот светски трговец со облека, за шест месеци отвори 95 нови продавници во 40 различни земји.
Владата на Република Македонија синоќа го утврди предлог буџетот за 2014 година, кој се предвидува да тежи 170 милијарди денари (2,7 милијарди евра), што е приближни исто на проекциите за тековната година.
ДТУ Подравка ДООЕЛ информира дека во Македонија нема производ Ева сардина со магдонос и лук кој е предмет на повлекување од хрватскиот пазар.
Словенечката криминалистичка полиција утрово започна претрес на домот на претседателот на управата на Нова љубљанска банка (НЛБ) и поранешен член на одборот на Уникредит, Јанко Медја.
Според продажба на прехранбени производи кои содржат транс-маснотии опасни по здравјето, Балканските метрополи доминираат на врвот на европската табела.
Генералниот директор на АД Електрани на Македонија, Дејан Бошковски во обраќањето пред учесниците на балканскиот конгрес од областа на рударството Балканмајн 2013, изјави дека иднината на енергетиката во Македонија е во веќе утврдените и потенцијалните резерви на јаглен.










