Во јули месец, физичките лица, главно угостители, пријавиле скоро 65% поголем промет во однос на минатата година, објави хрватската Даночна управа.
Компанијата ОКТА донираше 18 нови персонални компјутери и еден сервер за кабинетот по информатика во новото Модуларно училиште во Илинден.
Догодина се очекува и во Македонија да се игра лото на интернет. Имено, Државната лотарија на Македонија распиша јавен повик за склучување договор со искусна компанија за формирање заедничка фирма за приредување електронски и интернет-игри на среќа
Еди Рама, новоизбраниот албански премиер вети дека ќе ја направи земјата помалку зависна од паричните дознаки од дијаспората со тоа што ќе отвори 300.000 работни места.
Кинескиот телекомуникациски гигант Huawei размислува да создаде регионален европски центар и институт за истражување и технологија во Бугарија.
Претставници и од реномирани јордански компании, членки на Јорданската европска бизнис асоцијација и Стопанската комора на Јордан, денес престојуваат во посета на Македонија.
Според првичниот план, проектот вреден вкупно 1,3 милијарди евра предвидуваше изградба на 10 хидроцентрали на средниот тек на Сава, со вкупна моќност од 338 мегавати.
Во српската влада се подготвува измена на даночните закони со цел помалите намети што ќе ги плаќа стопанството и посиромашниот слој на граѓани, државата да ги надомести со повисоки даноци на плати кои се двојно повисоки од просечните.
Според објавените податоци на Комитетот за оперативна монетарна политика при Народната банка на Република Македонија, годишниот раст на инфлацијата продолжи да забавува и во август изнесуваше 2,8%.
Работилница за енергетска ефикасност, наменета за малите и средните компании утрово ќе се одржи во Скопје.
Во рамките на 9-та годишна манифестација Недела на енергетиката во Македонија 2013, се одржа меѓународната конференција Енергетска искористеност на отпадот во урбаните заедници.
Twitter ја направи својата најголема аквизиција и ја купи компанијата MoPub која нуди маркетинг услуги. Се проценува дека Twitter за овој стартап платил околу 350 милиони долари, пишува Блумберг.
Трговското одделение при австриската Амбасада денес ги презентираше резултатите од првото истражување на бизнис климата меѓу австриските компании кои работат во Македонија.
Околу 20 компании од САД, Европа и Јапонија кои учествуваат на Меѓународниот саем за автомобили во Франкфурт имаа можност да се запознаат со поволностите што ги нуди Македонија за отворање нови производствени капацитети.
Огњеновиќ и Шебрек во периодот 2008 – 2011 година ги искористиле своите овластувања и вршеле незаконска продажба на лекови од Галеника на други фирми и установи, со што оваа компанија ја оштетиле за преку 34 милиони евра.
Според статистичките податоци на операторот ТАВ Македонија, бројот на превезени патници преку македонските аеродроми во август се зголемил за 20,5% во споредба со истиот месец лани.
Младите унгарски лекари заработуваат просечно 420 евра месечно, што е пет пати помалку за разлика од колегите во Германија, Велика Британија или скандинавските земји.
Здружението на транспортери Макамтранс итно да ја деблокира македонско-косовската граница, бараат бизнисмените од Стопанската комора на северозападна Македонија.
Владата на Србија и министерот за финансии Лазар Крстиќ подготвуваат емисија меѓународни обврзници со кои државата би се задолжила за уште една милијарда долари, дознава Блиц.
Во рамки на посетата на полскиот претседател Бронислав Коморовски на Македонија, вчера во Скопје се одржа Македонско – полски бизнис форум, што претставува значителен чекор кон продлабочување на односите помеѓу двете држави.
Турската економија во второто тримесечје порасна повеќе од очекуваното, односно за 4,4% во однос на истиот период минатата година, покажуваат податоците што ги објави турскиот завод за статистика.
Во Македонски Железници Транспорт АД – Скопје вчера беше одржано отворање на понуди за набавка на 150 товарни вагони. Поднесените понуди беа од осум понудувачи од компании од Чешка, Романија, Хрватска, Кина, Словачка, Србија и Индија, од кои седум комплетни и една некомплетна.
Во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес беа потпишани договорите за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2012 година.
The QS World University Rankings го објави најновото рангирање на универзитетите во светот. За да се состави оваа листа, разгледани се преку 2.000 универзитети.










