Новиот гувернер на Банка на Словенија, Боштјан Јазбец, го повлече својот прв потег – прати во ликвидација две проблематични банки, Пробанка и Фактор банка. Ова, според словенечката јавност, значи почеток на решавање на тешките проблеми во словенечката банкарска индустрија.
Индексот на трошоците на животот, мерен преку цените на стоките и на услугите за лична потрошувачка, во август 2013, во однос на јули 2013, изнесува 100.3, а во однос на август 2012 изнесува 102.8, велат податоците на Државниот завод за статистика.
Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на вкупниот откуп и продажбата на земјоделски производи во јули 2013 година изнесува 998.346 илјади денари што претставува намалување за 13,2% во споредба со јули 2012 година.
Од ноќеска на полноќ малопродажните цени на бензините ќе се зголемат за 1,50 денари по литар, дизелот ќе поскапи за 2,5 денари, а екстра лесното масло за домаќинство за три денари.
Во битката да се овозможи подобра и навремена дијагностика и правилен медицински третман, Стопанска банка АД – Скопје донираше апарат за ултразвучен преглед соодветен за примена кај најосетливата група на пациенти - новородени и доенчиња.
Според денешната презентираната нацрт стратегија за ЈИЕ 2020, се предвидуваат милион нови работни места до 2020 година во регионот на Jугоисточна Европа, зголемување на директните странски инвестиции за 240%, на обемот на трговија за 140%, на вработеноста за 5% и на високообразовната работна сила за 300.000 лица.
Германската компанија Мерцедес ќе склучи стратешко партнерство со белградски Икарбус, потврди за РТС директорот на Мерцедес Бенц за Србија, Ролф Јирген Зејерле на саемот за автомобили во Франкфурт.
Сопствениците на подземната железница во Пекинг од неодамна почнаа да им нудат на патниците можност наместо со пари, билетот да го платат со пластични шишиња. Со тоа ја чуваат околината, но и својот џеб.
Комитетот за инвестиции за Југоисточна Европа, во рамки на Советот за регионална соработка, денес ќе одржи консултативна работилница за нацрт Стратегијата за ЈИЕ 2020: Работни места и просперитет во европска перспектива.
Во новата фабрика се вложени 30 милиони евра, а има капацитет од шест милијарди цигари годишно.
Министерството за надворешна трговија и економски односи на БиХ ќе подготви прописи со кои ќе воспостави контрола на увоз на грозје во БиХ и на тој начин ќе им помогне на домашните произведувачи.
На старата локација на скопското Кале од утре па се до 15 септември, по шести пат во Скопје, ќе се одржи манифестацијата Гурмански викенд со пиво Пиволенд 2013.
Со десетина камиони и автобуси македонските превозници вчера вечерта го блокираа граничниот премин Блаце во знак на протест за трговска блокада од Косово.
Косово ја засилува блокадата на македонските производи. Од полноќ започна целосната забрана за увоз на сите стоки од Македонија на Косово.
Имотот во доцните 1930-ти го изгради Виктор Флеминг, режисерот на филмовите Волшебникот од Оз и Однесено со виорот. Лозовите насади се простираат на 13 хектари, а на имотот се наоѓа луксузна вила од 800 метри квадратни.
Германскиот фармацевтски концерн Bayer планира до 2017 година да ја зголеми продажбата во Русија за 80%, на 1,3 милијарди евра. Во исто време, се очекува бројот на вработени од 1.570 во 2012 година да порасне на 2.400 во 2017.
Агенцијата за катастар на недвижности денес го промовираше новиот Правилник за премер на инфраструктурните објекти, односно подземниот катастар.
Apple тестира нови модели на iPhone, кои ќе бидат со поголеми екрани од нивните претходници, пишуваат светските портали.
Владата на Република Македонија распиша јавен повик за пројавување интерес на лица кои сакаат и имаат желба да бидат ангажирани во управни и надзорни одбори чија ингеренција за именување спаѓа во директна или индиректна надлежност на Владата.
Воздухопловниот портал на Србија TangoSix објави екслкузивни фотографии на првиот авион на новата авиокомпанија Air Serbia.
Во спроведената дводневна акција на Управата за јавни приходи, изречени се казни за 33 објекти книжарници, трговија со детска облека и обувки во Скопје, Тетово, Штип, Прилеп, Велес, Струга, Охрид и Кавадарци.
Шпекулациите дека Sony може да продаде дел од својот бизнис се појавија по разочарувачките добивки во телевизиското производство и лошата продажба. Падот во продажбата на телевизори одамна е извор на грижи во компанијата, која некогаш се сметаше за пионер во електрониката.
Претставници од петнаесетина компании од Јордан, членови на тамошната Стопанската комора, како и на Јорданско-Европската бизнис асоцијација, на 12 септември годинава ќе ја посетат Република Македонија.
И сега странците можат да купуваат земјиште во Бугарија, но треба да регистрираат фирма во земјата и да купуваат парцели на името на правното лице.










