Ланецот ресторани за брза храна McDonald's во Бугарија и официјално има нов сопственик, откако Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) ја одобри зделката со Kingsbury Corporation.
За крајот на годинешнава туристичка сезона охриѓани подготвуваат Охридска софра, манифестацијата која се планира да прерасне во традиционална.
Социјалната мрежа LinkedIn ќе овозможи профили да отвораат и лица кои не се полнолетни, па по новите правила, на оваа мрежа ќе можат да бидат присутни и оние што имаат 13 години, па нагоре.
Живко Мукаетов, генералниот директор и претседател на Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје и Живко Поповски, сликар, хуманист, новинар и општественик ја добија државната награда Мајка Тереза во 2013 година,
Новата унгарска авиокомпанија Sólyom од следниот месец почнува со првите чартер летови, а со редовни линии од октомври, изјави генералниот директор на компанијата, Јожеф Ваго.
Во десет најголеми словенечки банки, вклучувајќи ги и најголемите што се во државна сопственост, ќе се спроведе контрола и ќе се прегледа квалитетот на нивните средства.
Екипите на ЕВН Македонија, полицијата и судските вешти лица за првите 18 дена во месецов открија 22 корисника кои ги манипулирале броилата и 13 кои сами се приклучиле на дистрибутивната мрежа, соопшти компанијата.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство апелира да се интензивира откупот на пченицата од страна на сите инволвирани во процесот.
Просечните примања на пензионерите во балканските земји се значително пониски од исто така ниските примања на останатите граѓани, со што мнозинството пензионери немаат доволно пари ни за основните животни потреби.
Трговско друштво од Скопје, носител на лиценца за производство на топлинска и електрична енергија, избегнало плаќање на царински давачки во вкупен износ од околу 5,5 милиони денари, утврди Царинската управа.
Турските компании Doğuş Holding и Sabancı Holding се заинтересирани за учество во приватизацијата на Телеком Србија.
Кинескиот произведувач на компјутери Lenovo од следната година на европскиот пазар ќе продава и паметни телефони, а првите вакви уреди ќе бидат пласирани во Западна Европа, во второто тромесечје.
Шестото издание на фестивалот посветен на љубителите на пивото, добрата музика и храната Пиволенд ќе се одржи од 11-ти до 15-ти септември во Скопје, на својата стара локација, скопското Кале.
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денес ќе се обрати на свеченото отворање на Школата за млади лидери, што по негова иницијатива по четврти пат ќе се одржи во Охрид од 19 до 31 август.
Повеќе меѓународни компании ја сопреа работата во Египет каде веќе неколку дена траат жестоки борби. Своите фабрики и канцеларии ги затворија General Motors, Toyota, Royal Dutch Shell, Heineken и Electrolux.
На граничниот премин Богородица на македонско-грчката граница вчера беше промовиран монтажниот објект за продажба на сувенири од страна на министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска.
Според пишувањето на словенечките медиуми, се нагаѓа дека Дојче телеком ќе се обиде да го купи Телеком Словенија преку Хрватски телеком.
Apple наскоро ќе лансира во продажба златна верзија на iPhone, објави интернет порталот за новости во технологијата TechCrunch.
Фармацевтската компанија Здравје Актавис реализираше уште еден инвестициски проект во вредност од 3,7 милиони евра за отворање на нов погон за производство на лек кој се применува во терапијата против Паркинсоновата болест.
Разрешувањето уследи по пишувањето на Прото тема дека Ставридис патувал со приватниот авион на бродосопственикот Димитрис Мелисанидис, кој во мај се согласи да купи 33% од акциите во државната лотарија.
Според оценката на вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, засега нема потреба од ребаланс на буџетот и фокусот е ставен на креирање на буџетот за наредната година.
Љупчо Давчев, директор на Институтот за стандардизација на Република Македонија (ИСРМ), којшто е во постапка да стане сертификациско тело за системи за управување со квалитет (MKC EN ISO 9001:2009) и министерот за економија Ваљон Сарачини денес остварија работна средба.
Во трговијата на мало, во јуни 2013 година, во споредба со јуни 2012 година, гледано по групи и класи, намалување на прометот е забележано во групите Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 14,5%, а реално за 19,1%),
Компанијата која досега беше позната како Осигурување Кјуби Македонија (QBE Македонија) се ребрендира во Осигурување Македонија - Виена Иншуренс Груп.










