Во трговијата на мало, во јуни 2013 година, во споредба со јуни 2012 година, гледано по групи и класи, намалување на прометот е забележано во групите Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 14,5%, а реално за 19,1%),
Компанијата која досега беше позната како Осигурување Кјуби Македонија (QBE Македонија) се ребрендира во Осигурување Македонија - Виена Иншуренс Груп.
Во второто тримесејче од годинава нето профитот на американската компанија Dell, споредено со истиот период лани се намалил за 72%, соопштуваат од компанијата.
Министерот за економија Ваљон Сарачини денес ќе го посети Институтот за стандардизација на Република Македонија (ИСРМ) и ќе има работна средба со директорот Љупчо Давчев.
Веб страната All Things D пишува дека Facebook тестира апликација наменета специјално за славните пејачи, глумци, спортисти, со што би им се олеснило пратењето на се она што се случува на нивните јавни профили кога не се во можност да пристапат до компјутер.
Компанијата Aviofan ја плати откупната цена за словенскиот аеродром Марибор од 630 илјади евра што заедно со претходно исплатената гаранција од 70 илјади ја заокружи вкупната цена.
Според податоците на Државниот завод за статистика индексот на прометот во индустријата во јуни се зголемил за 14,9% во однос на истиот месец лани.
Со новиот оглас на министерството за труд и социјална политика, кој ќе биде распишан утре, ќе им се даде можност за вработување на уште 50 лица во државната администрација, кои до 18 години имале статус на деца без родители и без родителска грижа.
Федерацијата за работодавци во Украина соопшти дека руската царина ги вклучила во список на ризични сите извозници од Украина, што практично значи дека на неодредено време го блокира увозот на украинска стока.
Mинистерот за економија Ваљон Сарачини денес ќе го означи почетокот на ИПА проектот Зајакнување на административните капацитети на Секторот за енергетика во Министерството за економија и Агенцијата за енергетика.
Според оценката на Народната банка на Република Македонија, кредитните текови се позитивни со поголема ориентираност на банките кон населението, девизните резерви се на ниво доволно за справување со евентуални, непредвидени шокови, депозитите во банкарскиот систем растат, но побавно од очекуваното, а инфлацијата и натаму се движи во проектираните рамки.
Во мај годинава се појавија информации дека компанијата LG сака да се врати на пазарот на таблети кон краот на 2013 година.
Според податоците на државниот завод за статистика продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во јули се пониски за 0,2% на месечно ниво, а се повисоки за 2,9% на годишно ниво.
Лозарите од винарските визби, чии претставници денес се на средба со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, бараат по 14 денари за килограм вранец и 12 за смедервка.
Социјалната мрежа Facebook наскоро планира на своите производи да воведе софтвер за препознавање и преведување на гласот, што во иднина би значело дека ќе може да ја контролираме оваа друштвена мрежа со помош на својот глас.
Бројот на туристите во јуни 2013 година изнесувал 67.822, што значи дека во однос на јуни 2012 година е зголемен за 7,3%, велат податоците на Државниот завод за статистика.
Нов логистички центар, инвестиција на компанијата Глобекс ДОО Скопје ќе се гради во индустриска зона Чојлија во општина Петровец.
Според регистрираниот економски раст од 0.5% во вториот квартал, Франција излезе од благата рецесија.
Во заедничка инвестиција со кочанската фирма Еко-оил на излезот од градот, во месноста Прокарка, руската нафтена компанија Лукоил ќе гради уште еден современ објект, бензинска станица чија изградба беше означена со поставување камен-темелник.
Министерот за економија Ваљон Сарачини, оперативниот директор на Македонска банка за поддршка и развој (МБПР) Бесим Билали и претседателот на Стопанска комора на Северозападна Македонија Мендерес Кучи, денес ќе ја посетат општина Брвеница.
Светски познатата осигурителна куќа од Велика Британија Lloyd's, која оперира долги 325 години и уште 12 други европски осигурителни компании најавија доаѓање во Хрватска.
Во третата индустриската зона во Василево ќе никнат уште неколку нови објекти.
Благој Ѓорев успешно опстојува на македонскиот пазар веќе 90 години, има производствен капацитет за преработка на повеќе од 50.000 тони маслодајни семиња годишно, додека процентот на искористување во моментов е нешто над 10%.
Најголемиот германски снабдувач со енергија E.ON соопшти дека големиот пад на профитот се должи на намалената потрошувачка на енергија во Европа, поради финансската криза.